Quantcast
Channel: Министерство за Здравство
Viewing all 597 articles
Browse latest View live

Оглас за изразување интерес за ангажирање надворешен сораборник

$
0
0

 grb na RM

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

Со цел воспоставување соработка, како и зајакнување и унапредување на постојната соработка со реномирани здравствени установи и медицински центри во светот, Министерството за здравство објавува

ОГЛАС ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС

 За ангажирање надворешен соработник на Министерството за здравство, за воспоставување контакти и развој на соработка со странски здравствени установи и еминентни доктори од областа на медицината.

Ангажираниот соработник треба да ги исполнува следните услови:

-          Стекнато најмалку петгодишно работно искуство како доктор по општа медицина

-          Одлично познавање англиски јазик, за кое треба да поседува соодветно признание (TOEFL или друга меѓународно призната диплома)

Ангажманот на соработникот ќе се состои од воспоствување контакти со реномирани странски болници, како и непосредни контакти со врвни доктори, со цел разгледување на можностите за нивно ангажирање за обука на македонските доктори.

Од соработникот се очекува да покаже исклучителни вештини на комуникација и менаџирање на професионалните контакти, што ќе резултира со склучување меморандуми за соработка со најмалку три здравствени установи месечно, како и воспоставување соработка со најмалку тројца еминентни доктори од земјите-членки на OECD, на месечно ниво.

Ангажманот вклучува посета и престој во странски држави, согласно потребите.

Заинтересираните кандидати можат да испратат кратка биографија (CV) и потврда за познавање на англиски јазик на адресата за контакт: dragana.ruseska@zdravstvo.gov.mk, најдоцна во рок од 10 дена од денот на објавувањето на огласот.


Клинички центар ќе произведува струја и греење за сопствените потреби

$
0
0
Владата на последната седница донесе одлука за почнување постапка за изградба на когенеративна електрична централа за производство на струја и топлинска енергија, со цел снабдување на комплексот клиники „Мајка Тереза“ со електрична и топлинска енергија. Станува збор проект кој ќе се реализира во претстојниот период и кој се надоврзува на спроведената гасификација на комплексот клиники „Мајка Тереза“. 
Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека со изградбата на постројката имаат направено проценка дека ќе се заштедат дополнителни 10 милиони денари годишно, кои, како и сите останати кои се остваруваат како резултат на заштеди, ќе бидат инвестирани во инфраструктура, нова опрема, односно за севкупно подобрување на функционирањето на здравствениот систем.
Со изградбата на когенеративната постројка, посочи министерот, комплексот клиники „Мајка Тереза“,  ќе добие сопствен, независен извор на електрична и топлинска енергија, односно сами ќе си ја произведуваме електричната и топлинската енергија неопходна за функционирање на клиничкиот комплекс. 
- Одлуката за почнување на постапката е донесена, се очекува да заврши во период од пет до шест месеци по што ќе почне изградбата на постојката која ќе биде сместена кај котларата. Когенеративната електрична централа ќе почне со работа во период од една година од сега. Неколку болници кои ги посетив во САД имаа токму ваков начин на користење електрична и топлинска енергија затоа што тој овозможува прво заштеда, е сопствен извор и е еколошки, рече Тодоров.
Појасни дека изградбата на когенераторската постројка ќе биде со воспоставување јавно-приватно партнерство, при што критериумот за доделување на договорот за ЈПП на приватен партнер ќе биде најниско понудена цена за топлинска енергија и електрична енергија испорачана од котлара/когенерација изразени во проценти од постојната цена.
Почетните цени што ќе бидат предмет на негативно наддавање, нагласи министерот, треба да бидат: за топлинска енергија испорачана од котлара/когенерација минимум 5 отсто пониска од сегашната цена од 4,01 денари за киловат час (утврдена врз основа на сегашните трошоци за производство на топлинска енергија), а за електричната енергија произведена и испорачана од когенеративната постројка за 5 отсто пониска од постојната цена од 6,33 ден. за киловат час која се плаќа на ЕВН, т.е. од цената која важи во моментот на производство (освен ако не дојде до промена на цената од страна на Регулаторната комисија).
- Ова значи дека доколку дојде намалување на цената во тој случај ќе плаќаме цена за електрична енергија за најмалку пет отсто пониска од новата намалена цена. Во наредниот период од 15 години во клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“ ќе плаќаме за електрична или топлинска енергија најмалку пет отсто пониска цена од цената која ќе биде на пазарот. После истекот на периодот од 15 години когенеративната постројка треба да биде и претходно целосно ремонтирана и да биде предадена во сопственост на државата. На овој начин ќе се обезбедат околу 98 отсто од годишните потреби за електрична енергија, а многу мал дел (околу 2 отсто) ќе се набавува на пазарот на електрична енергија, истакна Тодоров. Иизградбата ќе чини 1,9 милиони евра, а оперирањето годишно на постројката ќе чини околу 2,5 милиони ева.
Тој потенцира дека од ноември 2013 година клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“ се затоплува на гас, а досега за целиот период (декември 2013 – ноември 2014) се евидентирани вкупни заштеди над 40,4 милиони денари. За споредба, укажа, во периодот од декември 2012 година до ноември 2013 година за затоплување со мазут се потрошени 125 милиони денари, а за периодот од декември 2013 година до ноември годинава за затоплување на гас се потрошени над 85 милиони денари.
- За месец јануари 2013 година за затоплување со мазут се потрошени речиси 20 милиони денари (19.940.081 денари), а во јануари годинава по извршената гасификација се потрошени над 14 милиони денари, со што заштедата изнесува над 5,5 милиони денари. За месец март ситуацијата е слична, и заштедата изнесува околу 5,5 милиони денари.  За ноември заштедата е најголема и изнесува над 6,7 милиони денари, додаде министерот Тодоров.

Ажуриран распоред на обуки за матични лекари

$
0
0

Почитувани,

 

Во прилог е ажурираниот распоред за престојните обуки на матични лекари.

Ажуриран распоред

Доколку имате било какви нејаснотии, испратете маил кон info @ zdravstvo.gov.mk

 

Со почит,

Министерство за здравство

Пациентите и докторите во ноември повеќе го почитувале закажаниот термин за преглед

$
0
0

Бројот на пациенти кои изминатиот месец не дошле на закажаниот термин и истиот не го откажале е за 42 отсто намален во однос на претходниот месец, покажала анализата на податоците од системот МојТермин. 

Во септември кога почна анализата на податоците од системот, бројот на докторите кои доцнеа на првиот закажан термин за преглед изнесуваше 162, во октомври тој број се намали на 32, а во ноември е сериозно намален во споредба со претходните месеци и изнесува 24 докториСамо кај двајца доктори (еден од Градската општа болница „8 Септември“ и еден од Универзитетската клиника за урологија) има повторување да имаат повеќе од три доцнења во текот на еден месец повеќе од еден час и за нив ќе барам од директорите да се преземат соодветни мерки.
Министерот Тодоров најави дека продолжува да се следи непочитувањето закажани термини од страна на одредени доктори или пациенти, за што повеќе пати е информирано и оти се забележува подобрување во однос на претходните месеци. 
- Во октомври на закажан преглед не дошле околу 45.000 пациенти, додека во ноември речиси половина помалку, односно вкупно 26.370 пациенти, а околу 27.700 упати биле нереализирани. Од друга страна, забележавме и редуцирање на појавата за која исто така неодамна информиравме, а тоа е доцнење на одреден број доктори три пати или повеќе од три пати во месецот по минимум еден час на првиот закажан преглед во денот.
Појасни дека специјалистот по трансфузиска медицина од Крива Паланка, кој 15 пати задоцнил повеќе од еден час на преглед, изминатиот месец не задоцнил ниту еднаш.
Министерството за здравство редовно потсетува за навремено откажување на термините, со јавување на телефонскиот број 15 444 или со праќање на СМС порака на бројот 144 194 со содржина број на упат. Исто така, тим од МојТермин редовно испраќа СМС-пораки до пациентите со потсетување за закажаните термини.
- Податоците од системот МојТермин покажуваат подобрување. Откажувањето на термините изминатиот месец е за 18 отсто зголемено во споредба со септември, односно во септември биле откажани вкупно 37.861 термин, додека во ноември биле откажани вкупно 44.750 термини. Околу 13,5 отсто од специјалистичките упати во ноември не биле реализирани поради недоаѓање на пациентите, а за споредба, овој процент во јули и август бил прилично повисок и изнесувал 23 отсто.

Бесплатни часови по пливање за деца со Даунов синдром

$
0
0

Bazen 2 za sajtМинистерството за здравство почнува со реализацијата на пилот-проект за промоција на физичка активност и развивање спортски вештини по пливање кај деца со Даунов синдром. Проектот е дел од Програмата за јавно здравје на Министерството за здравство за 2015 година. Активностите се реализираат преку Заводот за физикална медицина и рехабилитација-Скопје, каде ќе се одржуваат бесплатни часови по пливање  за овие деца

Целта на овој проект е подобрување на психофизичка состојба на децата со Даунов синдром, како и унапредување на нивниот севкупен развоен потенцијал. Светските искуства, посочи министерот, покажуваат дека стимулацијата и редовната физичка активност е најдобар третман за деца со Даунов синдром, истакна на прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров.

Нагласи дека часовите по обука за пливање ќе се одржуваат четири пати неделно по еден час почнувајќи од 17 часот, а едукацијата ќе ја спроведуваат врвни спортски тренери и асистенти со завршен Факултет по физичка култура, под водство на проф. д-р Наташа Мешковска, во соработка со Центарот за Даунов синдром.

– Децата кои ќе ги посетуваат часовите за обука за пливање пред нивното почнување ќе треба да направат соодветен здравствен преглед. Физичката активност, игрите и рекреацијата се методи кои на децата им помагаат да го развијат тонусот на мускулатурата и да ја развијат моториката. Воедно, со активноста како што е пливањето се поттикнува и тимска работа, се развива дисциплината и се зголемува социјализацијата на децата.

Појасни дека пливањето како активност за децата со Даунов синдром е веќе докажана практика во многу земји и за таа цел постои и Меѓународна пливачка организација за лицата со Даунов синдром, која овозможува тие да се натпреваруваат во пливање во различни категории на меѓународно ниво.

Дауновиот синдром, потенцира министерот, не е болест, туку хромозомска состојба која е предизвикана од присуство на еден хромозом повеќе.

- Светската статистика покажува дека на секои 600-1.000 породувања, се раѓа дете со Даунов синдром, а во овие граници се движат случаите и во Македонија.Според статистиката на Институтот за јавно здравје, во Македонија годишно се регистрираат околу 12-17 случаи на деца со Даунов синдром до едногодишна возраст кои се испитани и потврдени на Клиниката за детски болести. Според податоци на Заводот за ментално здравје, во периодот од 1987 до 2014 година регистрирани се 305 лица со Даунов синдром до 18-годишна возраст, рече Тодоров.

Во завршна фаза, посочи, се подготвителните активности за овој проект, а во изминатите неколку месеци комплетно е обновен базенот во Заводот за физикална медицина и рехабилитација.

Активностите ќе почнат од следниот месец, односно од почетокот на 2015 година, заинтересираните родители може да се обратат до Секторот за превентивна здравствена заштита, при Министерството за здравство, одговорно лице: прим. д-р Сузана Маневска, контакт телефон: 02 3 211-176.

Приемни денови во ЈЗУ на секундарно и терциерно ниво

$
0
0

grb na RM

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

Со цел унапредување на директната комуникација на пациентите со раководството на јавните здравствени установи и градење пациент-центричен здравствен систем, во секоја здравствена установа од секундарно и терциерно ниво се определени приемни денови за пациенти кои сакаат да упатат поплака, предлог, пофалба или сугестија за работењето на установата.

Во продолжение е табела со приемни денови , со точно одреден ден и час во кои пациентите и заинтересираните странки можат да се обратат директно до директорот или главната сестра и да им посочат на одреден проблем со кој се соочиле, да дадат предлог или пофалба за работењето на установата.

 

Клиника за радиологија Петок 14 – 17 часот (директор)Сабота 10 – 13 часот (главна сестра)
Институт за радиотерапија и онкологија Понеделник 14 – 17 часот (директор)Вторник 14 – 17 часот (главна сестра)
Институт за клиничка биохемија Четврток од 15 – 18 часот (директор)Среда 15 – 18 часот (главна сестра)
Клиника за кардиологија Понеделник 14 – 17 часот (директор)Среда 14 – 17 часот (главна сестра)
Клиника за пулмологија и алергологија Среда 15 – 18 часот (директор)Понеделник 17 – 20 часот (главна сестра)
Клиника за ендокринологија, дијабетес и болести на метаболизмот Петок 15 – 18 часот (директор)Главна сестра – од 15 до 18 часот на следните датуми: 23 декември, 28 декември, 5 јануари, 13 јануари, 22 јануари, 26 јануари, 4 февруари, 11 февруари, 18 февруари,

25 февруари 2015 година

Клиника за хематологија Вторник 15 – 18 часот (директор)Среда 15 – 18 часот (главна сестра)
Клиника за токсикологија Четврток 15 – 18 часот (директор)Петок 15 – 18 часот (главна сестра)
Клиника за детски болести Понеделник 10 – 13 часот (директор)Четврток 10 – 13 часот (главна сестра)
Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби Четврток 15 – 18  часот (директор)Вторник 15 – 18 часот (главна сестра)
Клиника за дигестивна хирургија Понеделник 11:30 – 14:30 часот (директор и главна сестра)
Клиника за неврологија Понеделник 15 – 18 часот (директор)Четврток 15 – 18 часот (главна сестра)
Клиника за пластична и реконструктивна хирургија Вторник 14:30 – 17:30 часот
Клиника за гинекологија и акушерство Среда 9 – 12 часот (директор)Четврток 15 – 18 часот (главна сестра)
Клиника за очни болести Четврток 14 – 17 часот (директор)Петок 14 – 17 часот (главна сестра)
Клиника за дерматовенерологија Среда 15:30 – 18:30 часот (директор)Четврток 15:30 – 18:30 часот (главна сестра)
Клиничка болница – Битола Вторник 16 – 19 часот (директор)Понеделник 15 – 18 часот (главна сестра)
Општа болница – Гевгелија Четврток 14 – 17 часот (директор)Понеделник 14 – 17 часот (главна сестра)
Општа болница – Гостивар Понеделник 15 – 18 часот (директор)Среда 15 – 18 часот (главна сестра)
Општа болница – Кичево Четврток 16 – 19 часот (директор)Среда 16 – 19 часот (главна сестра)
Општа болница – Кочани Понеделник 13 – 16 часот (директор)Среда 13 – 16 часот (главна сестра)
Општа болница – Куманово Среда 15 – 18 часот (главна сестра)Четврток 15 – 18 часот (директор)
Општа болница – Прилеп Понеделник 15 – 18 часот (директор)Четврток 15 – 18 часот (главна сестра)
Општа болница – Струга Сабота 10 – 13 часот (директор)Среда 16 – 19 часот (главна сестра)
Клиничка болница – Тетово Понеделник 14 – 17 часот (директор)
Општа болница – Велес Понеделник 15:30 – 18:30 часот (директор)Среда 15:30 – 18:30 часот (главна сестра)
Клиничка болница – Штип Вторник 15 – 16:30 часот и среда 15 – 16:30 часот (директор)Понеделник 15 – 16:30 часот и четврток 15 – 16:30 часот (главна сестра)
Психијатриска болница Скопје – Бардовци Среда 14 – 17 часот (директор)Вторник 14 – 17 часот (главна сестра)
Психијатриска болница Демир Хисар Понеделник 16:30 – 19:30 часот (директор), а последната сабота во месецот од 9 – 12 часот во Центар за ментално здравје – Прилеп.Четврток 15 – 18 часот (главна сестра), а последната сабота во месецот од 9 – 12 часот во Центар за ментално здравје – Прилеп.
Психијатриска болница Негорци Директор – од 15 – 18 часот во следните денови: 4 декември, 9 декември, 19 декември и 23 декемвриГлавна сестра – од 14 – 17 часот на следните датуми: 2 декември, 12 декември, 17 декември и 26 декември
Специјална болница за белодробни заболувања и туберкулоза Јасеново Директор – од 15 – 18 часот во следните денови: 1 декември, 11 декември, 22 декември и 29 декемвриГлавна сестра – од 15 – 18 часот на следните датуми: 5 декември, 10 декември, 15 декември и 25 декември
Клиника за гастроентерохепатологија Среда 15:30 – 18:30 часот (директор)Четврток 15:30 – 18:30 часот (главна сестра)
Клиника за ревматологија Четврток 14:30 – 17:30 часотПонеделник  14:30 – 17:30 часот (главна сестра)
Клиника за урологија Среда 13 – 16 часот (директор)Понеделник 13 – 16 часот (главна сестра)
Клиника за детска хирургија Понеделник 15 – 18 часот (директор)Главна сестра – од 15 -18 часот, на следните датуми: 19 декември, 24 декември, 02 јануари, 07 јануари, 16 јануари, 21 јануари, 30 јануари, 04 февруари, 13 февруари, 18 февруари и 27 февруари 2015 година
Клиника за неврохирургија Понеделник 15 – 18 ч
Клиника за психијатрија Четврток 14 – 17 ч (директор)Вторник 15 – 18 ч (главна сестра)
Клиника по хируршки болести “Св. Наум Охридски” Директор – од 15:30 до 18:30 во следните денови: 24 декември, 29 декември, 9 јануари, 14 јануари, 21 јануари, 28 јануари, 4 февруари, 11февруари, 18 февруари, 25февруариГлавна сестра – од 15:30 -18:30 часот, во следниве денови:22 декември, 29 декември, 5 јануари, 12 јануари, 20 јануари, 26 јануари, 2 февруари, 9 февруари, 16 февруари и 23 февруари
Специјална болница за гинекологија и акушерство “Чаир” Вторник 14-17 часот (директор)Петок 14 – 17 часот (главна сестра)
Специјална болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо Понеделник 15 – 18 часот
Општа болница – Дебар Петок 13 – 16 часот (директор)Понеделник 13 – 16 часот (главна сестра)
Општа болница – Кавадарци Понеделник 16 – 19 часот (директор) – во декемвриПонеделник 8 – 11 часот (директор) – во јануари и февруари

Петок 12 – 15 часот (главна сестра)

Општа болница – Охрид Четврток 17 – 20 часот (директор)Понеделник 16 – 19 часот (главна сестра)
Општа болница – Струмица Вторник 15 – 18 часот (директор)Четврток 15 – 18 часот (главна сестра)
Клиника за уво, нос и грло Четврток 14 – 17 часот (директор)Вторник 14 – 17 часот (главна сестра)
Институт за ТБЦ Четврток 15 – 18 часот (директор)Понеделник 15 – 18 часот (главна сестра)
Клиника за торакално васкуларна хирургија Вторник 15 – 18 часот (директор)Петок 15 – 18 часот (главна сестра)
ТОАРИЛУЦ Среда 14:30 – 17:30 часотПонеделник 15:30 – 18:30 часот (главна сестра)
Клиника за нефрологија Четврток  19:00-22:00 часот (директор)Понеделник 19:00 – 22:00 часот (главна сестра)

 

Ажурирана листа на лекови од паралелен увоз

$
0
0

Листата на лекови од паралелен увоз со важност од 10.12.2014та

Табела лекови од Паралелен увоз од 10.12.2014

БРПАРАЛЕЛЕН УВОЗНИКИМЕ НА ЛЕКЈАЧИНАФАРМАЦЕВТСКА ДОЗИРАНА ФОРМАГОЛЕМИНА НА ПАКУВАЊЕБР.НА ОДОБРЕНИЕ И ДАТУМ НА ИЗДАВАЊЕ ПРОИЗВОДИТЕЛДРЖАВА ИЗВОЗНИКГолемопродажна цена без ДДВМалопродажна цена со ДДВ
1АД Д-р. ПановскиAVONEX 30 mcg/0,5 mlраствор за инјектирање4 наполнети инјекциски пенкала x 0,5 ml15-1820/ПУ-14 02.04.2014BIOGEN Турција4160044940
2АД Д-р. ПановскиBETAFERON250 mcg(8 MIE)/1 mlпрашок и вехикулум за раствор за инјектирање15 единечни пакувања (1 вијала со прашок + 1 наполнет инјекциски шприц х 1,2 ml вехикулум)15-1124/ПУ-14 03.04.2014BAYERТурција3285035752.5
3АД Д-р. ПановскиCUROSURF80 mg/1 ml суспензија за ендотрахеопулмонална инстилација1 вијала х 1,5 ml15-2755/ПУ-14 10.05.2014CHIESIТурција
4АД Д-р. ПановскиDECAPEPTYL CR3,75 mgпрашок и вехикулум за суспензија за инјектирање1 наполнет инјекциски шприц со прашок + 1 наполнет инјекциски шприц + 1 ml вехикулум 15-4736/ПУK-14 02.09.2014FERRINGТурција69008505
5АД Д-р. ПановскиEPREX 2000 IE/0,5 mlраствор за инјектирање6 наполнети инјекциски шприца x 0,5 ml15-5242/ПУK-14 02.09.2014CILAGТурција43005418
6АД Д-р. ПановскиEPREX 4000 IE/0,4 mlраствор за инјектирање6 наполнети инјекциски шприца x 0,4 ml15-5241/ПУK-14 02.09.2014CILAGТурција82409912
7АД Д-р. ПановскиEXJADE 125 mgтаблета за перорална суспензија28 таблети15-9491/ПУ-13 28.01.2014NOVARTISТурција1245914341.95
8АД Д-р. ПановскиGENOTROPIN GOQUICK 5,3 mgпрашок и вехикулум за раствор за инјектирање 1 мултидозно наполнето инјекциско пенкало со 1 дводелен патрон - преден дел со прашок и заден дел x 1 ml вехикулум15-2642/ПУ-14 15.04.2014PFIZERТурција69008505
9АД Д-р. ПановскиGENOTROPIN GOQUICK 12 mgпрашок и вехикулум за раствор за инјектирање 1 мултидозно наполнето инјекциско пенкало со 1 дводелен патрон - преден дел со прашок и заден дел x 1 ml вехикулум15-2643/ПУ-14 08.05.2014PFIZERТурција1513017146.5
10АД Д-р. ПановскиGLIVEC400 mgфилм-обложена таблета30 таблети15-9594/ПУ-13 28.01.2014NOVARTISТурција143344151771.20000000001
11АД Д-р. ПановскиHERCЕPTIN150 mgпрашок за концентрат за раствор за инфузија1 вијала15-936/ПУК-14 13.02.2014ROCHEТурција3603939060
12АД Д-р. ПановскиMABTHERA100 mg/10 mlконцентрат за раствор за инфузија2 вијали х 10 ml15-9680/ПУ-13 28.01.2014ROCHEТурција3008032844
13АД Д-р. ПановскиMABTHERA500 mg/50 mlконцентрат за раствор за инфузија1 вијалa x 50 ml15-9679/ПУ-13 28.01.2014ROCHEТурција7580980859.45
14АД Д-р. ПановскиMIRCERA100 mcg/0,3 mlраствор за инјектирање1 наполнет инјекциски шприц x 0,3 ml15-2064/ПУ-14 17.04.2014ROCHEТурција1050012285
15АД Д-р. ПановскиMIRCERA75 mcg/0,3 mlраствор за инјектирање1 наполнет инјекциски шприц x 0,3 ml15-2065/ПУ-14 17.04.2014ROCHEТурција79009555
16АД Д-р. ПановскиMIRCERA50 mcg/0,3 mlраствор за инјектирање1 наполнет инјекциски шприц x 0,3 ml15-2067/ПУ-14 17.04.2014ROCHEТурција52706793.5
17АД Д-р. ПановскиMIRCERA30 mcg/0,3 mlраствор за инјектирање1 наполнет инјекциски шприц x 0,3 ml15-2066/ПУ-14 17.04.2014ROCHEТурција
18АД Д-р. ПановскиMIRCERA150 mcg/0,3 mlраствор за инјектирање1 наполнет инјекциски шприц x 0,3 ml15-2840/ПУ-14 21.05.2014ROCHEТурција1530017325
19АД Д-р. ПановскиNEUPOGEN48 ME/0,5 mlраствор за инјектирање5 наполнети инјекциски шприца x 0,5 ml15-1916/ПУ-14 09.05.2014ROCHEТурција
20АД Д-р. ПановскиNorditropin SimpleXx10 mg/1,5 mlраствор за инјектирање1 патрон х 1,5 ml15-2567/ПУ-14 24.04.2014NOVO NORDISK Турција
21АД Д-р. ПановскиNorditropin SimpleXx15 mg/1,5 mlраствор за инјектирање1 патрон х 1,5 ml15-2568/ПУ-14 24.04.2014NOVO NORDISK Турција
22АД Д-р. ПановскиPEGASYS180 mcg/0,5 mlраствор за инјектирање1 наполнет инјекциски шприц x 0,5 ml 15-5243/ПУK-14 02.09.2014ROCHEТурција1080012600
23АД Д-р. ПановскиPROGRAF0,5 mgкапсула50 капсули15-2413/ПУ-14 24.04.2014ASTELLAS Турција
24АД Д-р. ПановскиPULMOZYME 1 mg/1 mlинхалациски раствор за небулизатор 30 пластични ампули х 2,5 ml15-2186/ПУ-14 07.05.2014GENENTECHТурција3590038955
25АД Д-р. ПановскиREBIF 2222 mcg/0,5 mlраствор за инјектирање3 наполнети инјекцикси шприца x 0,5 ml15-6876/ПУK-14 03.10.2014MERCK SERONOТурција1130013125
26АД Д-р. ПановскиREBIF 4444 mcg/0,5 mlраствор за инјектирање12 наполнети инјекцикси шприца x 0,5 ml15-1083/ПУ-14 01.04.2014MERCK SERONOТурција5070054495
27АД Д-р. ПановскиRECORMON2000 IU/ 0,3 mlраствор за инјектирање6 наполнети инјекциски шприца x 0,3 ml15-2839/ПУ-14 10.05.2014ROCHEТурција44805644.8
28АД Д-р. ПановскиROFERON-A9 MIU/ 0,5 mlраствор за инјектирање1 наполнет инјекциски шприц x 0,5 ml 15-2594/ПУ-14 24.04.2014ROCHEТурција22802872.8
29АД Д-р. ПановскиSAIZEN CLICK EASY8 mg прашок и вехикулум за раствор за инјектирање 1 вијала со прашок + 1 патрон x 1,37 ml вехикулум + помагало15-1863/ПУ-14 24.04.2014MERCK SERONOТурција1158013419
30АД Д-р. ПановскиSANDOSTATIN0,1 mg/1 mlраствор за инјектирање5 ампули x 1 ml15-1919/ПУ-14 06.05.2014NOVARTISТурција30143797.64
31АД Д-р. ПановскиSANDOSTATIN LAR10 mgмикрочестички и вехикулум за суспензија за инјектирање1 вијала + 1 наполнет инјекциски шприц x 2 ml15-1918/ПУ-14 24.04.2014SANDOZТурција2700029610
32АД Д-р. ПановскиSANDOSTATIN LAR20 mgмикрочестички и вехикулум за суспензија за инјектирање1 вијала + 1 наполнет инјекциски шприц x 2 ml15-1195/ПУ-14 11.03.2014SANDOZТурција6400068460
33АД Д-р. ПановскиSANDOSTATIN LAR30 mgмикрочестички и вехикулум за суспензија за инјектирање1 вијала + 1 наполнет инјекциски шприц x 2 ml15-1920/ПУ-14 24.04.2014SANDOZТурција6290067305
34АД Д-р. ПановскиSIMULECT20 mgпрашок и вехикулум за раствор за инјектирање или инфузија 1 вијала+1 ампула х 5 ml вехикулум15-5244/ПУК-14 02.09.2014NOVARTISТурција6300067410
35АД Д-р. ПановскиFRAXIPARINE2850 IU Axa/0,3 mlраствор за инјектирање2 наполнети инјекциски шприца x 0,3 ml15-2116/ПУ-14 15.07.2014GLAXOТурција
36АД Д-р. ПановскиFRAXIPARINE3800 IU Axa/0,4 mlраствор за инјектирање2 наполнети инјекциски шприца x 0,4 ml15-2117/ПУ-14 15.07.2014GLAXOТурција
37АД Д-р. ПановскиFRAXIPARINE5700 IU Axa/0,6 mlраствор за инјектирање2 наполнети инјекциски шприца x 0,6 ml15-2118/ПУ-14 15.07.2014GLAXOТурција
38АД Д-р. ПановскиHUMALOG Mix50 KwikPen100 E/1 mlсуспензија за инјектирање5 наполнети инјекциски пенкала х 3 ml 15-7586/ПУ-14 17.10.2014LILLY FRANCEТУРЦИЈА17102154.6
39АД Д-р. ПановскиHUMALOG Mix25 KwikPen100 E/1 mlсуспензија за инјектирање5 наполнети инјекциски пенкала х 3 ml 15-7583/ПУ-14 17.10.2014LILLY FRANCEТУРЦИЈА17102154.6
40АД Д-р. ПановскиHUMALOG KwikPen100 E/1 mlраствор за инјектирање5 наполнети инјекциски пенкала х 3 ml 15-7858/ПУ-14 20.10.2014LILLY FRANCEТУРЦИЈА17102154.6
41АД Д-р. ПановскиLEVEMIR FLEXPEN100 E/1 mlраствор за инјектирање5 наполнети инјекциски пенкала х 3 ml патрон15-7875/ПУ-14 20.10.2014NOVO NORDISKТУРЦИЈА27403452.4
42АД Д-р. ПановскиNOVOMIX 30 FLEXPEN100 E/1 mlсуспензија за инјектирање5 наполнети инјекциски пенкала х 3 ml патрон15-7731/ПУ-14 17.10.2014NOVO NORDISKТУРЦИЈА16802116.8000000000002
43АД Д-р. ПановскиNOVORAPID Flacon100 E/1 mlраствор за инјектирање1 вијала х 10 ml15-7795/ПУ-14 21.10.2014NOVO NORDISKТУРЦИЈА9891298.06
44АД Д-р. ПановскиNOVORAPID FLEXPEN100 E/1 mlраствор за инјектирање5 наполнети инјекциски пенкала х 3 ml патрон15-7857/ПУ-14 21.10.2014NOVO NORDISKТУРЦИЈА15701978.2
45Медика ИнтернационалAVONEX30 mcg/0,5 mlраствор за инјектирање4 наполнети инјекциски пенкала x 0,5 ml15-50/ПУ-14 02.04.2014BIOGENТурција3780040950
46Медика ИнтернационалBETAFERON250 mcg (8MIU)/1 mlпрашок и вехикулум за раствор за инјектирање15 единечни пакувања (1 вијала со прашок + 1 наполнет инјекциски шприц х 1,2 ml вехикулум)15-53/ПУ-14 03.04.2014BAYERТурција4035243629.599999999999
47Медика ИнтернационалCLEXANE4000 anti-Xa IU/0,4 ml раствор за инјектирање10 наполнети инјекциски шприца х 0,4 ml15-14/ПУ-14 од 28.03.2014SANOFIТурција2096.52640.75
48Медика ИнтернационалCUROSURF80 mg/1 ml суспензија за ендотрахеопулмонална инстилација1 вијала х 1,5 ml15-55/ПУ-14 24.04.2014CHIESIТурција2314225559.1
49Медика ИнтернационалDECAPEPTYL CR3,75 mg прашок и вехикулум за суспензија за инјектирање1 наполнет инјекциски шприц со прашок + 1 наполнет инјекциски шприц со вехикулум х 1 ml 15-36/ПУ-14 24.04.2014FERRINGТурција64878071.84
50Медика ИнтернационалEPREX 2000 IE/0,5 mlраствор за инјектирање6 наполнети инјекциски шприца x 0,5 ml 15-1388/ПУК-14 10.03.2014CILAGТурција38794888
51Медика ИнтернационалEPREX 4000 IE/0,4 mlраствор за инјектирање6 наполнети инјекциски шприца x 0,4 ml 15-1386/ПУК-14 10.03.2014CILAGТурција5917.57455.42
52Медика ИнтернационалEXJADE 125 mgтаблета за перорална суспензија28 таблети15-2874/ПУ-14 24.04.2014NOVARTISТурција1121313034.05
53Медика ИнтернационалGENOTROPIN GOQUICK 5,3 mg прашок и вехикулум за раствор за инјектирање 1 мултидозно наполнето инјекциско пенкало со 1 дводелен патрон - преден дел со прашок и заден дел со 1 ml вехикулум15-2540/ПУ-14 24.04.2014PFIZERТурција55807030.8
54Медика ИнтернационалGENOTROPIN GOQUICK 12 mgпрашок и вехикулум за раствор за инјектирање 1 мултидозно наполнето инјекциско пенкало со 1 дводелен патрон - преден дел со прашок и заден дел со 1 ml вехикулум15-81/ПУ-14 24.04.2014PFIZERТурција1359015529.5
55Медика ИнтернационалHEPA-MERZ5 g/10 mlконцентрат за раствор за инфузија10 ампули x 10 ml15-2875/1/ПУ-14 29.04.2014MERZТурција33504221
56Медика ИнтернационалHERCEPTIN150 mgпрашок за концентрат за раствор за инфузија1 вијала 15-1387/ПУК-14 10.03.2014ROCHEТурција3603939100.949999999997
57Медика ИнтернационалMABTHERA100 mg/10 mlконцентрат за раствор за инфузија2 вијали x 10 ml 15-470/1/ПУК-14 29.01.2014ROCHEТурција28578.9331266.9
58Медика ИнтернационалMABTHERA500 mg/50 mlконцентрат за раствор за инфузија1 вијала x 50 ml15-470/ПУК-14 29.01.2014ROCHEТурција72019.24000000000576879
59Медика ИнтернационалMIRCERA75 mcg/0,3 ml раствор за инјектирање1 наполнет инјекциски шприц x 0,3 ml 15-59/ПУ-14 16.04.2014ROCHEТурција75129147.6
60Медика ИнтернационалMIRCERA50 mcg/0,3 ml раствор за инјектирање1 наполнет инјекциски шприц x 0,3 ml 15-49/ПУ-14 16.04.2014ROCHEТурција47455978.96
61Медика ИнтернационалMIRCERA150 mcg/0,3 ml раствор за инјектирање1 наполнет инјекциски шприц x 0,3 ml 15-61/ПУ-14 16.04.2014ROCHEТурција1453716523.849999999999
62Медика ИнтернационалMIRCERA100 mcg/0,3 ml раствор за инјектирање1 наполнет инјекциски шприц x 0,3 ml 15-60/ПУ-14 16.04.2014ROCHEТурција948011213.69
63Медика ИнтернационалNEUPOGEN48 MЕ/0,5 mlраствор за инјектирање5 наполнети инјекциски шприца x 0,5 ml15-44/ПУ-14 17.04.2014ROCHEТурција1495316960.650000000001
64Медика ИнтернационалNorditropin SimpleXx10 mg/1,5 mlраствор за инјектирање1 патрон х 1,5 ml15-48/ПУ-14 24.04.2014NOVO NORDISK Турција1140013230
65Медика ИнтернационалNorditropin SimpleXx15 mg/1,5 mlраствор за инјектирање1 патрон х 1,5 ml15-70/ПУ-14 24.04.2014NOVO NORDISK Турција1710019215
66Медика ИнтернационалPEGASYS180 mcg/0,5 mlраствор за инјектирање1 наполнет инјекциски шприц x 0,5 ml 15-1804/ПУК-14 17.03.2014ROCHEТурција10866.512669.3
67Медика ИнтернационалPULMOZYME 1 mg/1 mlинхалациски раствор за небулизатор 30 пластични ампули х 2,5 ml15-2873/ПУ-14 24.04.2014GENENTECHТурција3566138704.050000000003
68Медика ИнтернационалREBIF 2222 mcg/0,5 mlраствор за инјектирање3 наполнети инјекцикси шприца x 0,5 ml15-3595/ПУK-14 14.07.2014MERCK SERONOТурција1054612332.83
69Медика ИнтернационалREBIF 4444 mcg/0,5 mlраствор за инјектирање12 наполнети инјекцикси шприца x 0,5 ml 15-3596/ПУK-14 14.07.2014MERCK SERONOТурција4825551927.75
70Медика ИнтернационалRECORMON2000 IU/ 0,3 mlраствор за инјектирање6 наполнети инјекциски шприца x 0,3 ml15-8779/2/ПУ-14 24.04.2014ROCHEТурција40385087.6899999999996
71Медика ИнтернационалREMICADE100 mgпрашок за концентрат за раствор за инфузија1 вијала15-2876/ПУ-14 14.05.2014SCHERING PLOUGHТурција2516027678
72Медика ИнтернационалSAIZEN CLICK EASY8 mg прашок и вехикулум за раствор за инјектирање 1 вијала со прашок + 1 патрон x 1,37 ml вехикулум + помагало15-38/ПУ-14 08.04.2014MERCK SERONOТурција920010920
73Медика ИнтернационалSANDOSTATIN 0,1 mg/1 mlраствор за инјектирање5 ампули x 1 ml15-32/ПУ-14 16.04.2014NOVARTISТурција28633607.38
74Медика ИнтернационалSANDOSTATIN LAR20 mgмикрочестички и вехикулум за суспензија за инјектирање1 вијала x 20 mg + 1 инјекциски шриц х 2 ml15-8783/ПУ-13 20.01.2014SANDOZТурција5782561976.72
75Медика ИнтернационалSIMULECT20 mgпрашок и вехикулум за раствор за инјектирање или инфузија 1 вијала х 20 mg + 1 ампула х 5 ml вехикулум15-39/ПУ-14 15.04.2014NOVARTISТурција5816762335.35
76Медика ИнтернационалTETAGAM P250 IU/1 mlраствор за инјектирање1 наполнет инјекциски шприц x 1 ml15-2872/ПУ-14 24.04.2014CSL BEHRINGТурција594779.63
77Медика ИнтернационалNOVOMIX 30 FLEXPEN100 E/1 mlсуспензија за инјектирање5 наполнети инјекциски пенкала х 3 ml патрон15-7275/ПУ-14 17.10.2014NOVO NORDISKТУРЦИЈА1881.82371.0700000000002
78Медика ИнтернационалLANTUS SoloStar100 E/1 mlраствор за инјектирање5 наполнети инјекциски пенкала х 3 ml патрон15-7279/ПУ-14 17.10.2014SANOFI-AVENTISТУРЦИЈА27343444.84
79Медика ИнтернационалHUMALOG Mix25 KwikPen100 E/1 mlсуспензија за инјектирање5 наполнети инјекциски пенкала х 3 ml 15-7281/ПУ-14 17.10.2014LILLY FRANCEТУРЦИЈА16962136.96
80Медика ИнтернационалLEVEMIR FLEXPEN100 E/1 mlраствор за инјектирање5 наполнети инјекциски пенкала х 3 ml патрон15-7276/ПУ-14 17.10.2014NOVO NORDISKТУРЦИЈА2832.43568.82
81Медика ИнтернационалHUMALOG KwikPen100 IE/1 mlраствор за инјектирање5 наполнети инјекциски пенкала х 3 ml 15-7280/ПУ-14 17.10.2014LILLY FRANCEТУРЦИЈА1723.522171.63
82Медика ИнтернационалADIPRA SOLOSTAR100 E/1 mlраствор за инјектирање5 наполнети инјекциски пенкала со стаклен патрон х 3 ml 15-7277/ПУ-14 17.10.2014SANOFI-AVENTISТУРЦИЈА1686.152124.5500000000002
83Медика ИнтернационалNOVORAPID FLEXPEN100 E/1 mlраствор за инјектирање5 наполнети инјекциски пенкала х 3 ml патрон15-7278/ПУ-14 20.10.2014NOVO NORDISKТУРЦИЈА1528.671926.13
84Медекс Фарм AVONEX30 mcg/0,5 mlраствор за инјектирање4 наполнети инјекциски пенкала x 0,5 ml15-2189/ПУ-14 03.04.2014BIOGENТурција4200045360
85Медекс Фарм AZOPT10 mg/1 mlкапки за око, суспензијашишенце х 5 ml15-2343/ПУK-14 29.04.2014ALCONТурција
86Медекс Фарм BETAFERON250 mcg (8MIE)/1 ml прашок и вехикулум за раствор за инјектирање15 единечни пакувања (1 вијала со прашок + 1 наполнет инјекциски шприц х 1,2 ml вехикулум)15-2195/ПУ-14 04.04.2014BAYERТурција
87Медекс Фарм CLEXANE4000 anti-Xa IU/0,4 ml раствор за инјектирање10 наполнети инјекциски шприца х 0,4 ml15-3904/ПУK-14 13.06.2014SANOFIТурција
88Медекс Фарм CUROSURF80 mg/1 ml суспензија за ендотрахеопулмоална инстилација1 вијала х 1,5 ml15-3349/ПУ-14 22.05.2014CHIESIТурција
89Медекс Фарм EPREX 4000 IE/0,4 mlраствор за инјектирање6 наполнети инјекциски шприца х 0,4 ml15-2531/ПУ-14 16.04.2014CILAGТурција82479919.35
90Медекс Фарм EPREX 2000 IE/0,5 mlраствор за инјектирање6 наполнети инјекциски шприца х 0,5 ml15-2532/ПУ-14 16.04.2014CILAGТурција43115431.86
91Медекс Фарм EXJADE 125 mgтаблета за перорална суспензија28 таблети15-2533/ПУ-14 23.04.2014NOVARTISТурција1245914341.95
92Медекс Фарм HERCEPTIN150 mgпрашок за концентрат за раствор за инфузија1 вијала 15-2757/ПУ-14 23.04.2014ROCHEТурција
93Медекс Фарм MABTHERA500 mg/50 mlконцентрат за раствор за инфузија1 вијала x 50 ml15-2190/ПУ-14 24.04.2014ROCHEТурција
94Медекс Фарм MABTHERA100 mg/10 mlконцентрат за раствор за инфузија2 вијали x 10 ml15-2196/ПУ-14 24.04.2014ROCHEТурција
95Медекс Фарм MIRCERA150 mcg/0,3 ml раствор за инјектирање1 наполнет инјекциски шприц x 0,3 ml 15-2341/ПУ-14 15.04.2014ROCHEТурција1530117326.05
96Медекс Фарм MIRCERA100 mcg/0,3 mlраствор за инјектирање1 наполнет инјекциски шприц x 0,3 ml 15-2342/ПУ-14 15.04.2014ROCHEТурција1053312319.65
97Медекс Фарм Norditropin SimpleXx15 mg/1,5 mlраствор за инјектирање1 патрон х 1,5 ml15-2530/ПУ-14 24.04.2014NOVO NORDISK Турција
98Медекс Фарм Norditropin SimpleXx10 mg/1,5 mlраствор за инјектирање1 патрон х 1,5 ml15-2529/ПУ-14 24.04.2014NOVO NORDISK Турција
99Медекс Фарм PEGASYS180 mcg/0,5 mlраствор за инјектирање1 наполнет инјекциски шприц x 0,5 ml 15-2757/1/ПУ-14 23.04.2014ROCHEТурција78009450
100Медекс Фарм REBIF 2222 mcg/0,5 mlраствор за инјектирање3 наполнети инјекциски шприца x 0,5 ml15-2191/ПУ-14 16.04.2014MERCK SERONOТурција
101Медекс Фарм REBIF 4444 mcg/0,5 mlраствор за инјектирање12 наполнети инјекциски шприца x 0,5 ml15-5926/ПУК-14 11.08.2014MERCK SERONOТурција5079554594.75
102Медекс Фарм SAIZEN CLICK EASY8 mg прашок и вехикулум за раствор за инјектирање 1 вијала со прашок + 1 патрон x 1,37 ml вехикулум + помагало15-5927/ПУК-14 11.08.2014MERCK SERONOТурција1040012180
103Медекс Фарм SANDOSTATIN 0,1 mg/1 mlраствор за инјектирање5 ампули x 1 ml15-5925/ПУK-14 11.08.2014NOVARTISТурција30143797.64
104Медекс Фарм SANDOSTATIN LAR20 mgмикрочестички и вехикулум за суспензија за инјектирање1 вијала + 1 наполнет инјекциски шприц x 2 ml вехикулум15-2194/ПУ-14 24.04.2014SANDOZТурција
105Медекс Фарм SPIRIVA18 mcgпрашок за инхалирање, тврда капсула30 капсули + Handi Haler15-2344/ПУ-14 12.06.2014BOEHRINGERТурција
106Медекс Фарм COPEGUS200 mgфилм-обложена таблета168 филм-обложени таблети15-3894/ПУ-14 01.08.2014ROCHEТурција
107Медекс Фарм CLEXANE2000 anti-Xa IU/0,2 ml раствор за инјектирање2 наполнети инјекциски шприца х 0,2 ml15-3815/ПУ-14 18.07.2014SANOFIТурција2117.67999999999982668.28
108Медекс Фарм DECAPEPTYL CR3,75 mg прашок и вехикулум за суспензија за инјектирање1 наполнет инјекциски шприц со прашок + 1 наполнет инјекциски шприц со вехикулум х 1 ml 15-5017/ПУ-14 25.09.2014FERRINGТурција
109Медекс Фарм FLIXOTIDE125 mgинхалациска суспензија под притисокканистер х 120 дози15-4165/ПУ-14 01.08.2014GLAXOТурција
110Медекс Фарм FLIXOTIDE50 mgинхалациска суспензија под притисокканистер х 120 дози15-5108/ПУ-14 07.08.2014GLAXOТурција
111Медекс Фарм PULMOZYME 1 mg/1 mlинхалациски раствор за небулизатор 30 пластични ампули х 2,5 ml15-4735/ПУ-14 25.09.2014GENENTECHТурција
112Медекс Фарм AVODART0,5 mgкапсула, мека30 капсули 15-3160/ПУ-14 12.08.2014CATALENTТурција
113Медекс Фарм PROGRAF0,5 mgкапсула50 капсули15-5015/ПУ-14 01.08.2014ASTELLAS Турција
114Медекс Фарм PATANOL1 mg/1 mlкапки за око, растворРЕ шише х 5 ml15-5014/ПУ-14 25.09.2014ALCONТурција
115Медекс Фарм SERETIDE DISCUS50 mcg/250 mcgпрашок за инхалирање1 дискус х 60 дози15-2933/ПУ-14 10.07.2014GLAXOТурција
116Медекс Фарм SERETIDE DISCUS50 mcg/100 mcgпрашок за инхалирање1 дискус х 60 дози15-2935/ПУ-14 10.07.2014GLAXOТурција
117Медекс Фарм SERETIDE DISCUS50 mcg/500 mcgпрашок за инхалирање1 дискус х 60 дози15-3797/ПУ-14 10.07.2014GLAXOТурција
118Медекс Фарм FLIXONASE50 mcg/дозаспреј за нос, суспензијастаклено шише со одмерна атомизирачка пумпа х 120 дози15-3301/ПУ-14 11.07.2014GLAXOТурција
119Медекс Фарм ANDROCUR50 mg таблета 50 таблети15-3969/ПУ-14 25.06.2014DELPHARMТурција
120Медекс Фарм AZARGA(10 mg/5 mg) /1 mlкапки за очи, суспензијаРР шише х 5 ml15-3970/ПУ-14 25.06.2014ALCONТурција
121Медекс Фарм FOSTER100 mcg/6 mcgинхалациски раствор под притисокAl спреј контејнер х 120 дози15-3663/ПУ-14 10.07.2014CHIESIТурција
122Медекс Фарм BONVIVA150 mgфилм-обложена таблета1 филм-обложена таблета15-3814/ПУ-14 08.07.2014ROCHEТурција
123Медекс Фарм URSOFALK250 mgкапсула, тврда100 капсули15-3893/ПУ-14 25.06.2014Dr.FALK PHARMAТурција
124Медекс Фарм HEPA-MERZ5 g/10 mlконцентрат за раствор за инфузија10 ампули х 10 ml15-5747/ПУ-14 06.10.2014MERZТурција
125Медекс Фарм NOVOMIX 30 FLEXPEN100 E/1 mlсуспензија за инјектирање5 наполнети инјекциски пенкала х 3 ml патрон15-7051/ПУ-14 17.10.2014NOVO NORDISKТУРЦИЈА
126Медекс Фарм ADIPRA SOLOSTAR100 E/1 mlраствор за инјектирање5 наполнети инјекциски пенкала со стаклен патрон х 3 ml 15-7017/ПУ-14 17.10.2014SANOFI-AVENTISТУРЦИЈА
127Медекс Фарм LANTUS SoloStar100 E/1 mlраствор за инјектирање5 наполнети инјекциски пенкала х 3 ml патрон15-7020/ПУ-14 17.10.2014SANOFI-AVENTISТУРЦИЈА
128Медекс Фарм LEVEMIR FLEXPEN100 E/1 mlраствор за инјектирање5 наполнети инјекциски пенкала х 3 ml патрон15-7021/ПУ-14 17.10.2014NOVO NORDISKТУРЦИЈА
129Медекс Фарм HUMALOG Mix25 KwikPen100 IE/1 mlсуспензија за инјектирање5 наполнети инјекциски пенкала х 3 ml 15-7018/ПУ-14 17.10.2014LILLY FRANCEТУРЦИЈА
130Медекс Фарм HUMALOG Mix50 KwikPen100 IE/1 mlсуспензија за инјектирање5 наполнети инјекциски пенкала х 3 ml 15-7016/ПУ-14 17.10.2014LILLY FRANCEТУРЦИЈА
131Медекс Фарм HUMALOG KwikPen100 IE/1 mlраствор за инјектирање5 наполнети инјекциски пенкала х 3 ml 15-7022/ПУ-14 17.10.2014LILLY FRANCEТУРЦИЈА
132МЕДЕКС ФАРМNOVORAPID FLEXPEN100 E/1 mlраствор за инјектирање5 наполнети инјекциски пенкала х 3 ml патрон15-7019/ПУ-14 20.10.2014NOVO NORDISKТУРЦИЈА
133Медекс Фарм XARELTO15 mg филм-обложена таблета28 филм-обложени таблети15-4821/ПУ-14 06.10.2014BAYERТурција
134МЕДЕКС ФАРМXARELTO20 mgфилм-обложена таблета28 филм-обложени таблети (блистер 2 х 14) /кутија15-6736/ПУ-14 06.10.2014BAYERТУРЦИЈА
135Медекс Фарм ZINNAT500 mgфилм-обложена таблета10филм-обложена таблета15-5016/ПУ-14 03.11.2014GLAXOТурција
136ПАНАМЕД-М AVONEX30 mcg/0,5 mlраствор за инјектирање4 наполнети инјекциски пенкала x 0,5 ml15-2003/ПУ-14 03.04.2014BIOGENТурција40415.05000000000343695.8
137ПАНАМЕД-М BETAFERON250 mcg (8MIE)/1 mlпрашок и вехикулум за раствор за инјектирање15 единечни пакувања (1вијала со прашок + 1 наполнет инјекциски шприц х 1,2 ml вехикулум)15-2006/ПУ-14 03.04.2014BAYERТурција42544.5345931.76
138ПАНАМЕД-М CLEXANE4000 anti-Xa IE/0,4 ml раствор за инјектирање10 наполнети инјекциски шприца х 0,4 ml15-2648/ПУ-14 17.04.2014SANOFIТурција2054.152588.23
139ПАНАМЕД-М EXJADE 125 mgтаблета за перорална суспензија28 таблети15-2451/ПУ-14 15.04.2014 NOVARTISТурција12085.2313949.49
140ПАНАМЕД-М HERCЕPTIN150 mgпрашок за концентрат за раствор за инфузија1 вијала15-2454/ПУ-14 24.04.2014ROCHEТурција35311.0338336.58
141ПАНАМЕД-М MABTHERA500 mg/50 mlконцентрат за раствор за инфузија1 вијала x 50 ml15-2447/ПУ-14 24.04.2014ROCHEТурција73535.4578472.22
142ПАНАМЕД-М MABTHERA100 mg/10 mlконцентрат за раствор за инфузија2 вијали x 10 ml15-2455/ПУ-14 24.04.2014ROCHEТурција29180.5931899.62
143ПАНАМЕД-М MIRCERA150 mcg/0,3 ml раствор за инјектирање1 наполнет инјекциски шприц x 0,3 ml 15-2445/ПУ-14 16.04.2014ROCHEТурција14842.6216844.75
144ПАНАМЕД-М MIRCERA75 mcg/0,3 ml раствор за инјектирање1 наполнет инјекциски шприц x 0,3 ml 15-2453/ПУ-14 16.04.2014ROCHEТурција7670.19313.61
145ПАНАМЕД-М MIRCERA50 mcg/0,3 ml раствор за инјектирање1 наполнет инјекциски шприц x 0,3 ml 15-2452/ПУ-14 16.04.2014ROCHEТурција5114.286443.99
146ПАНАМЕД-М MIRCERA100 mcg/0,3 ml раствор за инјектирање1 наполнет инјекциски шприц x 0,3 ml 15-2446/ПУ-14 16.04.2014ROCHEТурција10217.0111987.86
147ПАНАМЕД-М Norditropin SimpleXx15 mg/1,5 mlраствор за инјектирање1 патрон х 1,5 ml15-2647/ПУ-14 24.04.2014NOVO NORDISK Турција20984.4323293.27
148ПАНАМЕД-М Norditropin SimpleXx10 mg/1,5 mlраствор за инјектирање1 патрон х 1,5 ml15-2646/ПУ-14 24.04.2014NOVO NORDISK Турција14097.9416061.85
149ПАНАМЕД-М PEGASYS180 mcg/0,5 mlраствор за инјектирање1 наполнет инјекциски шприц x 0,5 ml 15-2444/ПУ-14 24.04.2014ROCHEТурција10647.2112439.57
150ПАНАМЕД-М PULMOZYME 1 mg/1 mlинхалациски раствор за небулизатор 30 пластични ампули х 2,5 ml15-2456/ПУ-14 12.05.2014GENENTECHТурција34839.66000000000337841.65
151ПАНАМЕД-М REBIF 2222 mcg/0,5 mlраствор за инјектирање3 наполнети инјекциски шприца x 0,5 ml15-2005/ПУ-14 01.04.2014MERCK SERONOТурција10933.4612803.13
152ПАНАМЕД-М REBIF 4444 mcg/0,5 mlраствор за инјектирање12 наполнети инјекцикси шприца x 0,5 ml15-2004/ПУ-14 01.04.2014MERCK SERONOТурција49271.652995.18
153ПАНАМЕД-М SAIZEN CLICK EASY8 mg прашок и вехикулум за раствор за инјектирање 1 вијала со прашок + 1 патрон x 1,37 ml вехикулум + помагало15-2649/ПУ-14 09.05.2014MERCK SERONOТурција5616360231.15
154ПАНАМЕД-М SANDOSTATIN 0,1 mg/1 mlраствор за инјектирање5 ампули x 1 ml15-2450/ПУ-14 16.04.2014NOVARTISТурција2923.83683.99
155ПАНАМЕД-М SANDOSTATIN LAR20 mgмикрочестички и вехикулум за суспензија за инјектирање1 вијала со прашок х 20 mg + 1 наполнет инјекциски шприц х 2,5 ml вехикулум 15-2449/ПУ-14 24.04.2014SANDOZТурција6227466647.7
156ПАНАМЕД-М SIMULECT20 mgпрашок и вехикулум за раствор за инјектирање или инфузија 1 вијала х 20 mg + 1 ампула х 5 ml вехикулум15-2448/ПУ-14 16.04.2014NOVARTISТурција61328.1165654.52
157ПАНАМЕД-М FLIXOTIDE125 mcgинхалациска суспензија под притисок120 дози (канистер)15-4665/ПУ-14 02.10.2014GLAXOТурција833.211094
158ПАНАМЕД-М FLIXOTIDE50 mcgинхалациска суспензија под притисок120 дози (канистер)15-4669/ПУ-14 02.10.2014GLAXOТурција362.32476
159ПАНАМЕД-М AZOPT10 mg/1 mlкапки за око, суспензијашишенце х 5 ml15-4670/ПУ-14 29.08.2014ALCONТурција438.5575.53
160ПАНАМЕД-М SERETIDE DISCUS50 mcg/250 mcgпрашок за инхалирање1 дискус х 60 дози15-4663/ПУ-14 25.09.2014GLAXOТурција1716.852055
161ПАНАМЕД-М SERETIDE DISCUS50 mcg/500 mcgпрашок за инхалирање1 дискус х 60 дози15-4662/ПУ-14 25.09.2014GLAXOТурција2321.082827
162ПАНАМЕД-М SPIRIVA18 mcgпрашок за инхалирање, капсула30 капсули+1 HandHaler апарат за инхалирање15-4668/ПУ-14 25.09.2014BOEHRINGERТурција1834.052310.9
163ПАНАМЕД-М TRAVATAN40 mcg/1 mlкапки за око, растворРР шише х 2,5 ml15-4671/ПУ-14 25.09.2014ALCONТурција679.55891.9
164ПАНАМЕД-М PATANOL1 mg/1 mlкапки за око, растворшишенце х 5 ml15-4666/ПУ-14 25.09.2014ALCONТурција328.31430.9

Испит на директори на ЈЗУ


Двојно повеќе доктори ќе се обучуваат во врвни медицински центри

$
0
0

Foto za sajt Todor.Од следната година двојно ќе се зголеми бројката на медицински лица кои ќе посетуваат обука во некој од врвните медицински центри. Медицинскиот персонал ќе учи од најдобрите и најсовремени центри.

Идната година околу 1.000 лекари и друг медицински персонал ќе посетуваат обука во најреномирани светски болници.  Само во јануари на едукација ќе заминат 100 лица, а ќе се прошири и мрежата на медицински центри со кои министерството за здравство има склучено соработка за напредни обуки во пет области: операција на колено, дигестивна хирургија, офтамологија, неонатологија и ендокринохирургија-  за овие интервенции по тројца доктори ќе се испраќаат во најпознатите центри во Европа.

„По враќањето тие треба да дојдат во Македонија заедно со својот ментор да ја воведат новата метода овде и да едуцираат уште најмалку уште двајца во текот на годината потоа. Во текот на втората година менторот треба повторно да дојде во Македонија и да изврши евалуација на квалитетот на едукацијата што ја направиле докторите кои претходно биле обучени во странство“, нагласи министерот Тодоров на вчерашната отворена владина седница.

Ова е значаен чекор за македонското здравство, бидејќи за грижата на пациентите не е доволно само нова опрема, туку и квалитетен медицински персонал.

Годинава на обука беа испратени 514 лекари и медицински персонал во врвни европски центри и во САД,од кои  29 се едуцираа во најдобриот медицинскиот центар Роналд Реган во САД.

Материјали

$
0
0

Успешно изведени првите интервенции во новиот Центар за спинална хирургија

$
0
0

Spinalna foto1Осумгодишно девојче со сколиоза и сериозен деформитет на ‘рбетниот столб успешно е оперирано во новоформираниот Центар за спинална хирургија, кој функционира во рамки на Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) во Скопје. Оваа прва ваква сложена интервенција во Македонија, како и уште четири интервенции ги изврши реномираниот ортопед-трауматолог од Истанбулскиот универзитет Уфук Талу заедно со македонски хирурзи од ТОАРИЛУЦ.

По тој повод, министерот за здравство Никола Тодоров го посети Центарот за спинална хирургија и изјави дека во Центарот досега инвестирале околу 40 милиони денари. Посочи дека комплетно биле реконструирани две операциони сали, просторија за интензивна нега и просторот пред салите.

- Беше набавена комплетно нова опрема која е потребна за изведување на овие сложени интервенции. Во овој момент има уште една постапка за набавка на дополнителна опрема за навигација во висина од 40 милиони денари со што овој Центар ќе се вброи меѓу врвните центри и ќе се овозможи сите интервенции од оваа област да може да се работат во Македонија. Значи, целиот Центар ќе биде инвестиција вредна 80 милиони денари, посочи Тодоров.

Истакна дека со докторите од Турција се во преговори да бидат присутни во Центарот барем еднаш во текот на месецот определен број денови и заедно со македонските колеги да ги изведуваат најтешките интервенции кои не се работеле во Македонија.

Тој појасни дека македонските доктори ќе бидат едуцирани да можат да ги изведуваат тие интервенции, по што и самостојно ќе може да ги работат.

- За тоа во активни преговори сме со Универзитетот од Истанбул со кој имаме одлична соработка, наредните денови ректорот треба повторно да дојде во Македонија и тогаш ќе ги финализираме сите разговори. Му честитам на целиот македонски тим доктори кои заедно со докторот од Турција изведуваат сложени интервенции, додаде Тодоров.

Директорот на ТОАРИЛУЦ, Реџеп Селмани рече дека освен што се развива една област која решава комплексни состјби за ‘рбетниот столб, со оваа инвестиција многу се подобрени условите за целата клиника.

Хирургот Љупчо Николов истакна дека за овие неколку дена направиле многу тешки интервенции опфаќајќи повеќе области и повеќе проблематики од областа на спиналната хирургија, како инфекции, тумори, деформитети, конгенитални деформитети, сколиози…

- Ова е само еден почеток, но мислам дека стигнавме до момент каде ќе можеме под менторство на поискусните колеги да направиме голем напор во оваа област и да бидеме спремни да им понудиме на граѓаните повисоко ниво на здравствена услуга, рече Николов. 

Потенцира дека интервенцијата врз осумгодишното девојче траела повеќе од осум часа, тоа сега е на интензивна нега во стабилна состојба и закрепнува. 

Тодоров појасни дека 10 до 15 пациенти секоја година се испраќале на лекување во странство од оваа област.

- Се надевам дека со овој концепт на постоење на Центарот за спинална хирургија и постојана едукација и тренинг од страна на странски доктори ќе можеме во еден период комплетно да се осамостоиме и сите интервенции да ги извршуваат наши хирурзи, додаде министерот Тодоров.

Во текот денов ќе биде извршена уште една интервенција во Центарот, а со утрешната седма интервенција ќе се заокружи овој стручен престој на реномираниот ортопед-трауматолог од Истанбулскиот универзитет Уфук Талу

Проектот рурален доктор со одлични резултати

$
0
0

ruralen todorov foto

Руралните доктори за 9 месеци прегледале 73 820 пациенти. Нерегулиран висок крвен притисок и покачено ниво на шеќер во крвта се најчестите дијагнози кои биле детектирани кај жителите од руралните места, а бидејќи немале соодветен пристап до здравствена заштита, претходно не биле свесни за нивната состојба. Добиле стручен совет како и насоки за натамошни лекарски испитувања и бидејќи ги постигнале очекувањата, руралните доктори во иднина со плус здравствени услуги за пациентите.

- Овие тимови во било кој пункт, односно во кое било населено место, може да земат крв за лабораториска анализа, а резултатите од анализата се испраќаат на пациентот по електронска пошта или пациентот ги зема резултатите на наредниот термин. Со цел унапредување на здравствената заштита на жителите од руралните средини, набавени се 50 ЕКГ-апарати за потребите на проектот Рурален доктор, со што ќе го прошириме опсегот на здравствени услуги кои ги обезбедуваат руралните доктори, изјави на прес-конференција министерот за здравство, Никола Тодоров.

Најмногу прегледи биле направени во скопскиот регион -7316, а следни се кумановскиот и тетовскиот. Според податоците од МојТермин, руралните доктори пропишале над 25 илјади рецепти, а дури 6000 биле за лекот еналаприл за висок крвен притисок.  

Во оваа насока, веќе од следната недела почнуваме со отворање рурални аптеки (аптеки во населени места до 3.500 жители), додека во населени места до 1.000 жители, жителите ќе може да ја подигнат потребната терапија од подвижна аптека, изјави Тодоров.

Медицинските тимови од проектот Рурален доктор обезбедуваат здравствена заштита за 359.283 жители во 309 отворени пунктови како и 538 населени места каде граѓаните ги посетуваат патронажни служби. оваа година биле вработени 27 лекари и 24 медицински сестри, а отворена е и можноста за нови вработувања наредната година.

Предупредувачка жолта фаза во три региони во државата

$
0
0

zolta fazaСпоред најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на денешниот ден (вторник, 30 декември) три региони од државата се зафатени со пониски температури кои ја дефинираат жолтата, односно предупредувачка фаза.

Станува збор за охридско-преспанскиот, полошкиот и осоговско–малешевскиот регион, каде температурите ќе се движат од – 10 до – 17 Целзиусови степени, посебно во утринските часови.  Се очекува до крајот на неделата да преовладуваат пониски температури во овие региони.

Граѓаните од целата држава, а особено од градовите: Тетово, Гостивар, Дебар, Охрид, Струга, Ресен, Берово, и др., треба да ги почитуваат општите препораки за заштита од ниските температури, како што се: носење топла облека и соодветни обувки за снег или мраз, редовно конзумирање топли напитоци, избегнување подолг престој на отворено освен ако не е неопходно, како и внимателно движење по лизгави површини.

Согласно препораките, посебно треба да внимаваат ранливите категории население, како што се повозрасните и хронично болни лица, кои покрај почитувањето на општите препораки, треба и редовно да ја земаат пропишаната терапија.

Детални информации за појавата на студени бранови континуирано се достапни на веб-страната http://www.studenibranovi.mk/.

Девојче е првото бебе родено во 2015 година

$
0
0

Prvo bebe fotoДевојче тешко 3,5 килограми е првото родено дете во 2015 година. Мајката Оливера Лазаревска од Кавадарци, се породила веднаш по полноќ, со царски рез на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и е во добра  здравствена состојба.

- Првото бебе родено оваа година е трето дете на семејството Лазаревски. Му посакуваме многу здравје и среќа, изјави министерот за здравство Никола Тодоров кој денеска заедно со министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов  и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски ја посети гинеколошката Клиника.

Тодоров, Спасов и Трајановски на мајката традиционално и подарија златна монета и плакета.

Лазаревска со оглед дека е мајка на три деца, десет години секој месец ќе прима надомест од околу 8.000 денари. Моментно ваквата бенефиција ја користат 17.686 мајки.

На семејството Лазаревски многу здравје, среќа, успех и бериќет им посака и градоначалникот Трајановски.

Женското бебе Миа има две поголеми сестрички од 18 и 16 години.

Според директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство Марија Хаџилега, од полноќ до сега имало три породувања од кои покрај првото женско бебе на свет се донесени уште две машки. Едното од нив е бебе на медицинска сестра вработена во Клиниката.

Изминатата 2014 година Клиниката за гинекологија ја завршила со 6.000 породувања

Се отвора дежурен педијатриски пункт во поликлиниката Јане Сандански

$
0
0

Polikl jane sand-fotoНа 9. јануари ќе почне со работа педијатриски пункт во поликлиниката „Јане Сандански“ во населбата Аеродром со цел зголемување на достапноста на педијатриските здравствени услуги во кој било дел од денот. Пунктот ќе работи секој ден од 19:30 до 23 часот, а во недела од 8 до 23 часот и ќе бидат ангажирани околу 70 доктори педијатри и 70 медицински сестри.

Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека се одлучиле за овој проект затоа што во текот на вечерните часови од 19:30 часот до 23 часот, како и за време на викендите особено во недела од 8 часот изутрина до 23 часот има поголем број пациенти педијатриски случаи на Клиниката за детски болести во Скопје и на Институтот по белодробни заболувања кај децата-Козле.

Нема да биде потребен упат за добивање на услугите во пунктот што значи дека ќе се намали времето на чекање. На овој начин ќе ја растовариме Детската клиника во која навечер доаѓаат и по 100 пациенти, дел од кои се само амбулантски прегледи и може многу лесно да биде дадена здравствена услуга и во вакви здравствени пунктови. Во пунктот ќе работат педијатри од Детската клиника, Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле, Здравствен дом Скопје, како и педијатри кои имаат договор со ФЗОМ како приватни здравствен установи, потенцира Тодоров. Во пунктот ќе има и лабораторија во која ќе работат лаборанти од Универзитетската клиника за биохемија.

– Отворањето на педијатрискиот пункт ќе биде од извонредно значење за Клиниката која треба да се концентрира на клучни проекти кои ги почнавме минатата година, а ќе значат терциерно згрижување за децата, посочи директорката на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова.

Директорката на Здравствен дом Скопје, Татјана Баевска Вучковиќ истакна дека во сите осум дежурни пунктови во рамки на ЗД Скопје се направени ординации кои даваат здравствена заштита само на деца и токму во една од нив ќе биде сместен и педијатрискиот пункт.


РАСПОРЕД-ЈАНУАРИ ЗА ПЕДИЈАТРИСКИ ПУНКТ ЈАНЕ САНДАНСКИ

$
0
0
Polikl jane sand-foto*Распоредот е подложен на измени (можност за ротирање на здравственитеработници во смените)

Педијатриски пункт Поликлиника Јане Сандански

Понеделник – Сабота 19:30 – 23 часот
Недела Прва смена 8 – 15:30 часот,  Втора смена 15:30 – 23 часот
Јануари  Доктор Медицинска сестра Лаборант
9 Д-р Ивана Арнаудова Даневска

Институт – Козле

Валентина Мицева

Институт – Козле

Горан Јовановски

Клиника за биохемија

10 Д-р Искра Мартиновска

ЗД Скопје

Славица Лега

ЗД Скопје

Миле Костовски

ЗД Скопје

11  1 смена – д-р Милица ИкономоваКлиника за детски болести 

2 смена – д-р Весна Џамбазовска

Институт – Козле

Билјана БоцевскаИнститут – Козле

Тања Кипријановска

Институт – Козле

Татјана КолескаКлиника за биохемија

Јана Кузмановска

ЗД Скопје

12 Д-р Венера МитровскаЗД Скопје Снежана ДимитриевскаЗД Скопје Лозанка АнастасовскаЗД Скопје
13 Д-р Валентина СтевиќИнститут Козле Валентина СтојановаИнститут – Козле Гордана ЦветковскаКлиника за биохемија
14 Д-р Љупчо ЗафировскиИнститут – Козле Славица МангароваЗД Скопје Валентина ЦековаЗД Скопје
15 Д-р Елизабета ТрајковскаЗД Скопје Снежана ЈакимовскаЗД Скопје Иса АбдулахиЗД Скопје
16 Д-р Адријана Угриноска ПандеваИнститут – Козле Сања ТрајчевскаИнститут – Козле Јулијана ЃорѓевскаКлиника за биохемија
17 Д-р Николина КостовскаКлиника за детски болести Софче ВладеваИнститут – Козле Јованка КолоскаЗД Скопје
18 1 смена – Д-р Анета КалановскаИнститут – Козле

2 смена – Д-р Каролина Симоновска

Институт – Козле

Беса ШабаниИнститут – Козле

Ирена Ризовска

Институт – Козле

Горан ЈовановскиКлиника за биохемија

Виолета Гаспиќ

ЗД Скопје

19 Д-р Наташа АлуловскаКлиника за детски болести Ајше КрасниќиЗД Скопје Радица ПавловскаЗД Скопје
20 Д-р Гордана ДумаловскаПЗУ А-Е Медика Благица АнгеловскаИнститут – Козле Марина НатеваКлиника за биохемија
21 Д-р Валентина СтевиќИнститут – Козле Марина ДачевИнститут – Козле Светлана КостовскаКлиника за биохемија
22 Д-р Марија Најкова ЃорѓиеваПЗУ Д-р Марија Сенија МуслиЗД Скопје Миле КостовскиЗД Скопје
23 Асс. Д-р Катерина БошковскаИнститут – Козле Хабибе АзизиИнститут – Козле Сашо РистевскиКлиника за биохемија
24 Д-р Билјана Иванова ДимчеваИнститут – Козле Трајанка КараџоскаЗД Скопје Јана КузмановскаЗД Скопје
25 1 смена – д-р Петранка АндоноваИнститут – Козле

2 смена – д-р Нарцис Багашова

Институт – Козле

Васе АцевскаИнститут – Козле

Билјана Трпевска

Институт – Козле

Гордана ЦветковскаКлиника за биохемија

Лозанка Анастасовска

ЗД Скопје

26 Д-р Светлана ПејоваПЗУ Педијатрика Светлана Пејова Горица ЈаневаЗД Скопје Татјана КолескаКлиника за биохемија
27 Д-р  Елена Манолева НиколовскаПЗУ Поликлиника Манолеви Даниела ЈакимовскаИнститут – Козле Валентина ЦековаЗД Скопје
28 Прим. Д-р Лидија Петрушевска КолеќевскаИнститут – Козле Марјана КојчеваЗД Скопје Емилија АтанасовскаКлиника за биохемија
29 Прим.д-р Оливер ЗафировскиИнститут – Козле Силвана СтанковиќИнститут – Козле Иса АбдулахиЗД Скопје
30 Д-р  Звезда СпасовскаПЗУ Срекно Дете Цветанка СимјаноскаЗД Скопје Александра КостовскаКлиника за биохемија
31 Прим.д-р Благица Манчева

Институт – Козле

Сузана МилошевиќИнститут – Козле Јованка КолоскаЗД Скопје

Бремените жени бесплатно ќе добиваат таблети фолна киселина и јод

$
0
0

nikola-todorov fotoooБесплатни таблети фолна киселна и јод за секоја бремена жена за периодот од утврдување на бременоста до завршување на 13. гестациска недела, почнувајќи од првата половина на март ќе обезбедува секоја година Министерството за здравство. Станува збор за многу значајна превентивна мерка за унапредување на здравјето и здравствената заштита на бремените жени.

За таа намена, Министерството за здравство одвои 12 милиони денари од сопствени средства во рамки на превентивните програми со кои ќе се обезбедат потребните таблети за околу 23 илјади бремени жени годишно. Со средства од Програма на Министерството секој здравствен дом ќе треба да спроведе постапка за набавка на таблети фолна киселина и јод.

Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека за примената на оваа мерка, во фаза на изработка е електронска мајчина книшка, која до месец март ќе биде ставена во функција и ќе содржи база на податоци за секоја бремена жена во државата.

Посочи дека врз основа на електронската мајчина книшка, патронажната служба во секој здравствен дом ќе има податоци за секоја бремена жена, ќе спроведува патронажни посети на бремените жени и при овие посети ќе им ги додели таблетите со фолна киселина и јод. Воедно патронажната служба ќе им дава совети на бремените жени за здрава бременост, здрава исхрана и здрави животни навики односно ќе им подели и брошури „Здрава бременост“, кои се во прилог на мајчината книшка.

- На овој начин сакаме да овозможиме достапност на овие значајни суплементи до секоја бремена жена, особено до жените од социјално ранливите категории, за кои обезбедувањето вакви таблети претставувало дополнително финансиско оптоварување. Отсега, таблетите фолна киселина и јодните таблети ќе ги добиваат бесплатно, а воедно значително ќе го заштитат своето здравје и здравјето на бебето, рече Тодоров.

Според анализите на професионалните здруженија од оваа област, со редовното конзумирање на таблети фолна киселина и јодни таблети, посочи министерот, се намалува процентот на предвремени породувања, анемии, дефекти на невралната туба, докажано е помал и процентот на деца родени со ниска родилна тежина. Особено е забележителна појавата на анемија кај бремените жени и децата, на што укажаа и здруженијата на хематолози и на гинеколози и педијатри.

- Истражувањата за јодниот дефицит кај бремените жени и доилките во Македонија, покажаа дека над 40 отсто од испитаните бремени жени имале недоволен внес на јод. Недостатокот на јод во организмот за време на бременоста може да предизвика сериозни пореметувања во развојот на мозокот на фетусот со ментална ретардација и намалување на коефициентот на интелигенција кај новороденчето, додека недоволниот внес на фолна киселина може да предизвика дефекти во развојот на невралната туба, појасни Тодоров.

Со превентивното земање фолна киселина пред или во почетокот на бременоста, можно е да се избегнат до 70 отсто од дефектите на невралната туба кај бебињата. – Фолатите имаат огромна улога за правилен развој на бебето, бидејќи учествуваат во формирањето на невралната туба, од која се развиваат мозокот, рбетниот мозок и рбетниот столб на бебето. Развојот на невралната туба се одвива во самиот почеток на бременоста и завршува околу 28 ден по зачнувањето, и токму затоа во овој период особено значајно е конзумирањето фолна киселина, рече Тодоров.

Согласно протоколите за антенатална заштита, препорачаната количина на фолна киселина кај бремените жени изнесува 400 микрограми дневно (0,4 милиграми) во првите 13 недели од бременоста, додека препорачаното ниво на јод за бремените жени изнесува 100 микрограми дневно во форма на јодни таблети.

Согласно препораките на СЗО и светските протоколи, конзумирањето таблети фолна киселина и јодни таблети (во држави кои се јодно дефицитарни подрачја) за време на бременоста значително придонесува за заштита на здравјето на мајката и правилен развој на бебето. 

Струмица доби центар за интервентна кардиологија

$
0
0

Strumica angiografСо ставањето во функција на новиот ангиограф Струмица стана еден од вкупно десетте центри во државата во кои се изведува оваа сложена медицинска интервенција.

– Европските стандарди говорат дека на 200 000 жители треба да има еден ангиограф. Ова значи дека со отварањето на овој центар во Струмица за интервентна кардиологија ние го остваривме или го реализиравме највисокиот европски стандард, а тоа е да имаме ангиграф на секои 200 000 жители. Имајќи во предвид дека во Македонија ова е десетти апарат што се инсталира и се става во функција, а единаесетиот ангиограф е во процедура на инсталација. Што значи дека не само што ќе го оствариме, туку и ќе го надминеме европскиот стандард – истакна министерот за здравство, Никола Тодоров на денешната посета на струмичката болница.

Директорката на струмичката болница укажа дека овој момент има историско значење за целиот регион бидејќи добиле шанса да влезат во редот на многу поголемите центри во државата.

– Добивме една епохална шанса да влеземе во редот на болниците на многу повисоко ниво од нашата, споредено со клинички болници Штип, Тетово, Битола и клиника за кардиологија во Скопје. Мислам дека ќе ја оправдаме потполно довербата, се работи за комплексен проект, рече Анкица Ангова –директор на општа болница-Струмица

Реализацијата на целиот проект со сите негови содржи чини околу еден милион евра. Отварањето на пунктот за интервентна кардиологија во Струмица  значи и заокружување на проектот на владата за кардиолошка мрежа во Република Македонија.

Поликлиниката Драчево со нов невролошки кабинет

$
0
0

poliklinika Dracevo foto1Во поликлиниката Драчево првпат е отворен невролошки кабинет, кој ќе биде во функција за околу 80.000 жители од населбата и околните села. Кабинетот почна со работа на почеток на оваа недела и веднаш се закажани термини за прегледи на пациенти во системот Мој термин.

- Ова е шести по ред специјалистички кабинет што го отвораме во поликлиниката во Драчево. Дел од кабинетите се отворени како резултат на проектот на Министерството за преземање на доктори од приватното во јавното здравство, истакна минстерот за здравство Никола Тодоров при денешната посета на поликлиниката.

Министерот потсети дека досега во поликлиниката се отворени и кабинети по интерна медицина, лабораторија, рендген, ОРЛ и психијатрија.

Директорката на Здравствен дом Скопје Татјана Баевска-Вучковиќ информираше дека дејностите што се отворени во последните две години во поликлиника Драчево се резултат на анализите од честите упатни дијагнози на граѓаните од матичните доктори како и од постепената ургентност.

- Со интерниот кабинет кога почнавме во 2012 година во една смена, а во 2013 во две семени, според националниот систем Мој термин дневно имаме по минимум 50 прегледи во двете смени. Во биохемиската лабораторија, која е тесно поврзана со работата на интернистичкиот кабинет и другите специјалистички дејности, во 2012 година имавме 10.000 пациенти кои се обратиле за услуга, а 2014 година ја завршивме со 18.500 пациенти кои се обратиле за лабораториска услуга која што е значајна за поставувањето на дијагнозата и третманот, рече Баевска-Вучковиќ.

Со комплетирањето на специјалистичките служби додаде дека е реализирана комплетна обработка на пациентите според местото на живеење и соодветно за следење на состојбата за натамошен третман

Успешно изведена првата минимално-инвазивна интервенција на Клиниката за државна кардиохирургија

$
0
0

Foto opsta za sajtМинистерот за здравство Никола Тодоров денеска ја посети Универзитетската клиника за државна кардиохирургија каде првпат беше изведен минимално-инвазивен зафат. Направена е замена на валвула со рез два до трипати помал од вообичаениот во кардиохирургијата. Пациентката е на возраст од 73 години, се чувствува добро и веќе се опоравува.

Тимот македонски и српски лекари кој синоќа ја изврши интервенцијата, беше предводен од примариус д-р Миладин Ѓоргевиќ, со повеќегодишно меѓународно искуство во Словенија и Австрија во областа на кардиохирургијата.

– Со воведувањето на овој метод, Клиниката за кардиохирургија, иако најмлада, направи крупен исчекор во подобрувањето на нивото и квалитетот на здравствената услуга, изјави министерот, изразувајќи голема благодарност до лекарите, особено, како што рече, за нивниот професионализам.

Професорот Ѓорѓевиќ веќе 15 години го применува минимално-инвазивниот кардио-хируршки зафат. Предноста, објасни, е во тоа што траумата и крварењето при вакви интервенции се помали, мобилизацијата е побрза, а рехабилитацијата е подобра и пократка.

– Ваквите зафати се почести кај возрасни луѓе, но се применуваат и кај млади лица. Во последно време, повеќето пациенти се постари, над 75 години, со оглед дека кај нив дегенерирањето на залистокот на аортата е почест. Во Словенија 13 отсто од овие пациенти се постари од 80 години, нагласи д-р Ѓоргевиќ. Според него, пациентката што синоќа беше оперирана, подолго време имала проблеми со срцевиот залисток и било крајно време да се интервенира.

Македонските лекари кои беа дел од тимот наскоро ќе заминат на субспецијализација во загребската болница „Ребро“. Се разговара и за нивна дополнителна едукација во институциите во кои работи професорот Ѓоргевиќ.

Министерот Тодоров информира дека синоќешниот зафат е 35-ти на Клиниката за државна кардиохирургија која во однос на интервенциите, годинава ја почна согласно планот, а така беше завршена и претходната, 2014-та, со околу 30.

Оваа година Клиниката ќе биде преселена во новите простории. Потребната опрема вредна околу 1,5 милион евра е веќе набавена.

Viewing all 597 articles
Browse latest View live