Quantcast
Channel: Министерство за Здравство
Viewing all 597 articles
Browse latest View live

Доктори од САД пренесуваат вештини и знаења на медицинските тимови за неонатална реанимација

$
0
0

Obuka centar za semejna medicina foto za sajtТим доктори од Соединетите американски држави обучува тимови од Македонија за неонатална реанимација. Обуките се вршат преку теоретски предавања и пренесување практични вештини кои треба да помогнат во справување со одредени проблеми кои се јавуваат кај новороденчињата во првите часови по породувањето.

– Ова е многу значајно за нас и за секоја една земја имајќи предвид дека според статистиката која што ја имаме околу 90 проценти од раѓањата поминуваат без проблем, но кај 10 проценти од раѓањата понекогаш е потребна и реанимација која што е многу значајно да биде направена брзо, навремено, точно од страна на добро истрениран персонал којшто опфаќа не само доктор, туку и сестра, анестезиолог, гинеколог, акушерка, изјавил министерот за здравство Никола Тодоров кој денеска присуствуваше на работилница за Неонатална реанимација што се одржува во Центарот за семејна медицина.

Најпрво ќе се едуцираат тренери, кои потоа треба да го прошират знаењето на целата територија на Македонија.

– Работилниците ќе се одржат во Скопје, Тетово и во Штип, а потоа оние коишто ќе бидат обучени од страна на американските лекари ќе имаат обврска да го пренесат знаењето на нивните колеги низ цела Македонија. Исто така од страна на тимот американски експерти ќе биде донирана опрема, стетоскопи, определена опрема за вентилација… која што ќе може да ја користат во текот на едукацијата или проширувањето на знаењата сите лекари во Македонија, а дел од опремата ќе може да се користи и за клиничка употреба.

Неонатологот Џорџ Бенет од Американското здружение на педијатри и анестезиолози, кој е дел од тимот кој ќе ги изведува обуките, истакна дека овие инструкции кои ќе ги добијат тренерите треба да бидат пренесени на останатите доктори и оти на таков начин ќе се обучат многу кадри за да ги спасуваат животите на бебињата.


Министерот Тодоров го посети пунктот за рурален доктор во село Таринци, општина Карбинци

$
0
0

Ruralen punt Tarinci, opstina Karbinci3Министерот за здравство Никола Тодоров заедно со директорката на ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“, Валентина Варадинова-Везенкова го посетија пунктот за рурален доктор во село Таринци, општина Карбиници. Станува збор за еден од седумте пунтови од проектот „Рурален доктор“ во штипско-карбинскиот регион.

Проектот „Рурален доктор“ дава позитивни резултати, бидејќи, како што рече, само на пунктот во Таринци секој петок од 15 до 20 пациенти ги користат здравствените услуги на медицинскиот тим.

- Докторите велат дека секој петок луѓето се тука доаѓаат на преглед некогаш дури и пред да дојдат докторите, што значи добра одлука сме донеле кога сме го отвориле овој пункт за „Рурален лекар“ и на помош на жителите кои што живеат во ова населено место. Овој проект дава позитивни ефекти, затоа што од сите информации кои што ги прибираме, дури до 10.000 пациенти месечно се прегледуваат во рамки на овој проект на целата територија на Република Македонија.

Досега се прегледани некаде до 100.000 пациенти на ниво на цела држава од почетокот на проектот во март минатата година.

Директорката на ЈЗУ „Здравствен дом“, Панче Караѓозов, Валентина Варадинова-Везенкова истакна дека тимот на „Рурален лекар“ секојдневно работи на седум пункта.

- Проектот прекрасно функционира, одѕивот на граѓаните е задоволителен, така што се доближивме поблиску до пациентите од овие подрачја кои што ја немаа таа можност во изминатиот период, рече Варадинова-Везенкова.

Доктор Милена Серафимова, која е дел од тимот на „Рурален доктор“ во штипско-карбинскиот регион, истакна дека пациентите од руралните подрачја најчесто бараат да им се измери крвниот притисок, шеќерот и холестерол во крвта, им се даваат совети за исхраната и терапијата која ја користат, а може да им биде закажан и лекарски преглед преку проектот „Мој термин“.

Грант од 4 милиони евра за ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија

$
0
0

Globalen fond pres FOTOМинистерството за здравство го доби вториот дел од грантот од Глобалниот фонд за ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија во вредност од 4 милиони евра, кој ќе почне да се реализира во периодот 2015/2016 година, информираше на прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров.

Втората фаза од 4 милиони евра е дел грантот за периодот 2012–2016 година, во износ од вкупно 10 милиони евра, од кој 6 милиони евра беа за првата фаза 2012 – 2014 година.

Финансиите од вториот дел од грантот, појасни министерот, се наменети за Министерството за здравство, за граѓанските здруженија, меѓу кои: ХОПС, ХЕРА, ЕГАЛ, Црвен крст–Скопје, како и за Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и Психијатриската болница-Скопје.

- Од инвестициите кои се реализирани со овие средства, а со кои значително придонесовме кон унапредување на грижата и третманот на ранливите категории како што се: лица со Хепатитис Ц или лица со ХИВ/СИДА, а воедно ги унапредивме условите за навремена дијагноза и ран третман, со што сериозно се намалува можноста за понатамошно пренесување на ХИВ вирусот.

Министерот информираше дека од најновиот грант од Глобален фонд, Министерството набавило систем за генотипизација и детекција на ХИВ – десеквенционер на ХИВ, кој ќе биде сместен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

- Апаратот наскоро ќе биде инсталиран и ставен во функција, а вредноста изнесува 85.000 евра. Станува збор за врвна дијагностика во оваа област, односно апарат кој овозможува прецизирање на генотипот на ХИВ, а со тоа и поставување на соодветна терапија, што придонесува кон значително намалување на вкупните трошоци.

Министерството за здравство обезбеди и фиброскен–апарат за повеќекратна контрола и прецизна репродуктивна проценка на ткивото на црниот дроб, кој исто така е сместен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и е во вредност од 50.000 евра.

За унапредување на третманот на Хепатитис Ц, со средства од Глобален фонд, набавена е и терапија за ова заболување, во износ од 18.538.304 денари само за 2014 година, а во 2015 и 2016 година ќе бидат наменети дополнителни 500.000 евра за обезбедување на потребната терапијa.

Во текот на оваа година се планира и набавка на лабораториска опрема во износ од над 130.000 евра, со цел зајакнување на капацитетите за дијагностика на овие заболувања. Исто така, годинава со средствата донирани од Глобален Фонд планирано е да се набави и специјално опремено теренско возило во износ од околу 30.000 евра кое ќе послужи како мобилна амбуланта за теренско тестирање и советување за сексуално преносливи инфекции меѓу популации изложени на ризик. Ќе продолжат и активностите во рамки на Националната кампања за подигнување на јавната свест за ХИВ/СИДА.

Распишан оглас за 10 специјализации во Клиничкиот центар во Белград

$
0
0

operacija-opsta fotoМинистерството за здравство денеска (вторник-17.03) распиша оглас за испраќање 10 доктори по општа медицина вработени во јавно здравство на специјализација во Клиничкиот центар во Белград. Со тоа практично продолжува реализација на проектот за испраќање 70 доктори од Република Македонија на специјализација во странство. Испраќањето 10 македонски лекари на специјализација во Клиничкиот центар во Белград е договорено на средбата со српскиот министер за здравство и одржаната заедничка седница на владите на двете земји.

На огласот може да се пријават сите заинтересирани доктори по општа медицина вработени во јавните здравствени установи, кои сакаат да ги усовршат знаењата и вештините во која било област во медицината, со посебен фокус на областите: гинекологија, анестезија, офталмологија и васкуларна хирургија.

Министерството за здравство ги покрива средствата за специјализација, сместување и пат во земјата во која се упатени, а за тоа време и натаму ќе земаат плата од ЈЗУ во која се вработени.

По завршување на рокот за пријавување, стручна комисија ќе изврши селекција на пристигнатите апликации, врз основа на што ќе бидат избрани кандидатите кои ќе се упатат на специјализација во Клинички центар Белград.

Огласот може да го погледнете на овој линк

Листа и решенија за намалени цени на лекови

$
0
0

Со мартовското утврудување на максимални цени на лекови, намалени се максималните цени на вкупно 374 генерици и 172 оригинатори лекови.

Во прилог може да ја симнете листата и решенијата за намалување на цени на лекови:

Решенија – Лекови – Оригинатори

Решенија – Генерички лекови

Комисијата за заразни болести со противепидемиски мерки поради појавата на туларемија

$
0
0

Foto sajt tularemijaКомисијата за заразни болести при Министерството за здравство ја разгледа актуелната епидемиолошка состојба со појавата на заболувањето туларемија во државата и ги донесе следните мерки и заклучоци:

- Државниот санитарен и здравствен инспекторат да ги задолжи општините да спроведат дератизација на канализациските мрежи во градовите со посебен фокус на Гостивар, Тетово, Берово, Велес, Свети Николе, Струмица, а Агенцијата за храна и ветеринарство да ги задолжи производителите да ја соберат жетвата од полињата, имајќи предвид дека од неа се хранат глодарите, и веднаш да изврши хлорирање на сите приватни/селски водоводи со посебен акцент на засегнатите подрачја – општина Лозово, Арачиново и Грушино.

- Агенција за храна и ветеринарство да врши редовно земање и контролирање на примероци на вода од приватните водоводи, да земе материјал за испитување на присуство на туларемија кај домашните животни во засегнатите подрачја и да ги достави резултатите до центрите за јавно здравје и Институтот за јавно здравје на Република Македонија, центрите за јавно здравје во соработка со општините да извршат итна дератизација и дезинфекција во засегнатите подрачја, во семејни куќи, дворови и околината.

Покрај тоа, мерките опфаќаат континуирано вршење и контрола на хлорирање на водата со ниво на резидуален хлор од 0,2-0,5 мг/л, односно континуиран надзор над исправноста на водата за пиење, Институтот за јавно здравје да изготви едукативен материјал за матични лекари/здравствени работници и протокол за постапување со сомнителен пациент, како и едукативен материјал за населението и да се обезбедат и континуирано да се одржуваат зоните на санитарно хигиенска заштита околу изворните подрачја со цел да се спречи загадување преку диви животни.

Заклучоците на Комисијата содржат мерки кои се однесуваат на тоа Државниот санитарен и здравствен инспекторат во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство да издаде решение за итно воспоставување на пропишаните заштитни зони околу каптажите и резервоарите на водоснабдителните објекти.

Исто така, Комисијата заклучи да се дадат препораки за превенција за населението во засегнатите подрачја: водата од селските чешми да не се пие или да се преврива пред употреба, се до добивање на резултатите од испитувањето на водата, одржување на личната и општата хигиена, како и примена на заштитни мерки при контакт со домашни животни.

Состанокот на Комисијата за заразни болести го водеше министерот за здравство, Никола Тодоров, а беа присутни претставници од сите надлежни институции, меѓу кои Институтот за јавно здравје на Република македонија, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство, Центар за јавно здравје – Скопје, Центар за јавно здравје – Велес.

Објавен најголемиот тендер за набавка на 606 лекови за потребите на јавните здравствени установи

$
0
0

lekovi-apteka fotooМинистерството за здравство го објави најголемиот тендер досега за набавка на 606 лекови за потребите на јавните здравствени установи во државата. Набавката е објавена веќе на електронскиот систем за јавни набавки, како и со меѓународна објава во официјалното списание за јавни набавки на ЕУ. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, посочувајќи дека идејата е да има што е можно поголема конкуренција и во една транспарентна постапка да се заврши една од најголемите набавки спроведени досега со 606 делови, односно секој еден лек е посебен лот на набавката.

Кога неодамна ја објавивме набавката, посочи тој, Министерството ја отпочна постапката за набавка, а сега веќе се завршени сите процедури до нејзина објава односно завршен е техничкиот дијалог и добиена е согласност од Советот за јавни набавки по што ќе следи и прибирање на понуди, нивно јавно отворање, евалуација и електронска аукција која ќе трае веројатно 40 дена по што ќе следи избор на најповолен понудувач, односно понудувачи.

- Набавката поаѓа од најниска цена постигната во секоја јавна здравствена установа. Ги анализиравме цените на сите овие 606 лекови во сите ЈЗУ во државата и констатиравме дека во различни ЗУ цената на истите лекови е различна. Што значи дека во една ЈЗУ еден ист лек се набавувал поевтино во друга поскапо. Во голема мерка тоа зависи од количината. Како резултат на тоа се одлучивме да направиме централна набавка, да направиме единствена набавка за сите лекови за сите ЈЗУ. Како резултат на тоа, бенефитот е постигнување најниска цена што е досега постигната на пазарот во Република Македонија за еден конкретен лек и таа да важи за сите ЈЗУ за тој лек, што ќе резултира со сериозни заштеди во системот. Доколку и никој не ја намали цената на електронска аукција тоа значи цените да останат идентични со првично понудените цени. Заштедата е проектирана на околу три милиони евра, која очекуваме да се прераспредели за други намени.

- Со претходниот ваков централен тендер кој го спроведовме на двата најфреквентни и двата најскапи лекови во здравствените установи направивме заштеда од околу шест милиони евра што резултираше со зголемување на платите за 25 проценти на докторите специјалисти вработени на терциерно ниво, имајќи предвид дека најголемиот дел од заштедата беше направено во скопските клиники, рече Тодоров.

- За потсетување од заштедите од инсулинот од околу 3,5 милиони евра беше одлучено да се направи реновирање на клиничката болница во Битола, Општата болница во Прилеп, да се направи Ургентен центар во Куманово, да се набави опрема во Универзитетската клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски“ и да се набават шест мамографи за шест здравствени установи во Република Македонија. Сите овие постапки се веќе започнати.

Поголема грижа за дијабетичарите, цел на Националната комисија за дијабетес

$
0
0
Tod foto dijabeticariНационалната комисија за дијабетес, која функционира еден месец, напоредно со Регистарот за дијабетес и интегрирањето на податоците за лицата со дијабетес во Мој Термин, ќе овозможи натамошно подигнување на нивото на квалитетот на грижата за лицата со дијабетес. Комисијата ја следи имплементацијата на стручните упатства за медицина базирана на докази од областа на дијабетес, како и третманот и контролата на овие лица.
Во Македонија 35.000 луѓе примаат инсулин од кои 32.000 имаат дијабетес тип 2, а само 3.000 тип 1. Според податоците, се зголемува бројот на деца кои имаат дијабетес на возраст од една до четири години.
Министерот за здравство Никола Тодоров денеска на прес-конференција истакна дека Министерството за здравство е посветенои на унапредување на грижата за лицата со дијабетес мелитус во државата за кои е обезбедена бесплатна најсовремена инсулинска терапија, како во најразвиените земји во светот. 
- Од 1 јануари годинава податоците за инсулинската терапија се целосно интегрирани во системот Мој Термин, така што сега и третманот за дијабетес станува составен дел на електронскиот медицински картон на пациентите, односно пациентите својата инсулинска терапија ја земаат врз основа на инсулинските рецепти генерирани од МојТермин.
Препишувањето инсулинска терапија во Мој Термин овозможува да се следи потрошувачката на инсулин, но и издавањето на лентите за мерење гликемија на пациентите со дијабетес на инсулинска терапија, како и издавањето инсулински пумпи и потрошни материјали. На овој начин се овозможува транспарентност во делот на препишувањето на инсулинска терапија, попрецизен и подетален увид во инсулинската терапија, како и увид во придржувањето кон упатството за контрола и грижа за дијабетес тип 2, што значително недостигаше во изминатиот период.
- Целта е преку Мој Термин да се следат и параметрите поврзани со контролата на дијабетесот, како што се гликемиската контрола, липидниот профил, крвниот притисок, индексот на телесна маса, дијабетичните компликации, препорачаната исхрана, со што практично ќе може да се следи и колку е ефективна терапијата за дијабетесот. Со последната спроведена јавна набавка, првпат во Македонија се овозможи значително зголемување на бројот на бесплатни ленти за мерење гликемија, како резултат на барањата кои повеќе години ги упатуваа и пациентите и стручните здруженија. Исто така, бројот на ленти за мерење гликемија е зголемен од четири месечно што претходно ги добиваа пациентите со дијабетес тип 2 на инсулинска терапија, на 30 ленти (значи од 1 кутија на 7 кутии годишно), додека лицата со дијабетес тип 1 добиваат голем број бесплатни ленти (125 ленти месечно).
Тоа, појасни, значи дека со новата програма им е овозможено на лицата со дијабетес на инсулинска терапија седум пати почесто бесплатно да ја мерат гликемијата, врз основа на која се одредува нивниот третман, со што се добива далеку попрецизна слика за нивото на шеќерот во крвта. На тој начин, дополнително се унапредува нивото на грижа кај лицата со дијабетес, имајќи предвид дека мерењето на гликемијата е основа за приспособување на третманот за дијабетесот и последователно превенирање на дијабетичните компликации. Со новата јавна набавка се обезбедуваат и нови 50 инсулински пумпи кај децата со дијабетес тип 1.
Националната комисија за дијабетес мелитус се формира со мандат од четири години и е составена од претседател и четири члена, избрани од доктори – специјалисти по интерна медицина и доктори – специјалисти по педијатрија, кои се доктори на медицински науки од областа на ендокринологијата и дијабетологијата. Членовите на Комисијата се од јавни здравствени установи од терциерно ниво на здравствена заштита.
Татјана Миленковиќ, претседател на Националната комисија за дијабетес мелитус и претседател на Научното здружение на ендокринолози и дијабетолози на Република Македонија, рече дека Комисијата функционира веќе еден месец и се прави анализа на препишаната инсулинска терапија низ целата држава.
- Единствена цел на Комисијата е да се контролира правилното спроведување на насоките за тоа како треба да се води дијабетесот, кои се веќе на ниво на закон и на овој начин затоа што ги имаме сите тие податоци достапни во системот МојТермин, можеме да видиме дали навистина се спроведуваат сите начини за третман и водење на дијабетесот. Значи не е само инсулинската терапија туку и дали се спроведуваат сите контроли на тромесечна и на годишна основа.
Македонија е земја каде дијабетолошката служба се оценува на многу високо ниво затоа што минатата година на крајот на годината Интернационалната федерација за дијабетес направила анкета преку која се забележа дека Македонија по сите параметри е земја која одлично се грижи во третманот на дијабетесот, значи има превенција или скрининг на сите трудници со дијабетес, има насоки за правилна исхрана, за прекин на пушењето, современа инсулинска терапија.

Модел на статут на јавни здравствени установи

За една година направени 53 интервенции на Клиниката за државна кардиохирургија

$
0
0

 Kardiohirurgija-foto1Универзитетската клиника за кардиохирургија во Скопје денеска одбележа една година од првата интервенција, извршена на 19 март 2014 година, каде досега успешно се направени 53 интервенции.

По повод една година од првата интервенција на Државната кардиохирургија, министерот за здравство Никола Тодоров денеска ги посети новите простории на оваа јавна здравствена установа, кои се наоѓаат во зградата на Клиниката за кардиологија, информирајќи дека се монтира опремата за која веќе се склучени договорите, најголем дел од неа веќе е пристигнат, а треба да пристигне уште еден дел.

- Државната кардиохирургија 40 години беше проект кој требаше да се имплементира во Македонија. Четириесет години безуспешно се пробуваше да се имплементира и да се основа. Се основаше пред една година и од тогаш досега континуирано успешно работи и се развива. Во овие нови простории кога ќе бидат и комлетно опремени со опремата, очекуваме Државната кардиохирургија дека ќе може да работи со уште посилно темпо и со поголем број интервенции, рече Тодоров.

Посочи дека во новите 750 метри квадратни простории на Државната кардиохирургија има две операциони сали, одлично опремена интензицна нега, опремени соби на одделение или стационар и најсовремена опрема и одличен и многу мотивиран кадар.

- Во Државната кардиохирургија досега имаме вработено 43 лекари, сестри, технички и административен персонал, кои во оваа прва година од постоењето работеше макотрпно за да ја овозможи добрата организираност на оваа Клиника, но и воспоставувањето на оваа дејност во македонското јавно здравје. Очеуваме во наредниот период уште посилно да се развива имајќи предвид дека многу вложуваме во кадарот, нагласи Тодоров, посочувајќи дека досега од 43 вработени, 20 сестри и еден перфузионист се испратени на едукација во странство, двајца специјалисти се на субспецијализација во Клиничкиот центар Загреб кои ќе имаат можност да се доедуцираат и во Државната универзитетска болница во Виена, која е една од најдобрите во Европа. За две години би имале и двајца субспецијалисти по кардиохирургија кои ќе бидат дел од овој тим доктори.

Првата интервенција на Државната кардиохирургија на 19 март 2014 година му била извршена на 64-годишниот Игнат Спиров, кој имал нарушување на аортната валвула. Тој денеска изјави дека се чувствува добро. Интервенција ја изведоа двајца кардиохирурзи од Италија, Робето Чини и Антонино Маруло.

Кардиохирургот Сашко Јовев, кој учествувал на првата интервенција, рече дека Спиров имал слабост и стеснување на аортната валвула, која била оштетена и проширување на аортата на главниот крвен сад кој излегува од срцето. – Практично се направија две интервенции. Се реши валвулата со замена, а проширувањето се реши со протеза околу аортата. Тоа беше сериозно срцево заболување кое се откри на ехо и мораше да се оперира. Се помина во најдобар ред, додаде Јовев.

Реновирана службата за трансфузија во Куманово

$
0
0

Kumanovo transfuzija foto1Министерот за здравство Никола Тодоров ги промовираше новите реновиран простории на службата за трансфузиона медицина Куманово кои функционираат во рамките на Институтот за трансфузиона медицина Скопје.

Реконструкцијата на Одделението траеше седум месеци, а вредноста на инвестицијата е шест милиони денари.

Одделнието кое е  изградено во 1924 година и оттогаш воопшто не е реновирано, е сместено на старата локација во кругот на болницата.

–  Со овој комплетно нов простор сериозно се подигна нивото на квалитетот на здравствената инфраструктура во Општата болница Куманово и тоа во едно многу сензитивно одделние, сензитивен  сектор или дел од здравствената дејност. Оваа инвестија ќе овозможи подобро функционирање, подобра организација и подобри услови за вработените и пацинтите од Куманово,но и од регионот.  Инвестицијата ги задволува сите стандарди во оваа област од апскет на кружно движење на пацинетите и целата опрема потребна за нормално и квалитетно функционирање.

Директорката на Институтот за трансфузиона медицина, Емилија Велкова, информираше дека е зголемена бројката на крводарувањата за 15 отсто.  Бројот на пациентите е зголемен од 5.000 на 8.600 во последниве 2,5 години, а на анализи за клиничкиот блок е дуплирана од 7.000 на 14.000.  Kumanovo transfuzija foto3

– Многу сме горди на објектот кој е енергетски ефискасен и во кој очекуваме трошоците за загревање да се намалат за околу 50 проценти.  Има и систем кој доколку настане какво било пореметување во напојување на некој апарат за чување на крвта, го активира алармот по што веднаш се активира агрегатот, изјави Велкова.

На ниво на цела држава задоволени се сите стандарди за потребите на крв и дека изминатата  2014-та немало ниту еден ден со криза од одредени крвни групи. –  Доволно крв имаме, одличен е планот за крводарителство и во моментов во целата република има околу 3.500 единици, посочи Велкова.

Во Куманово во втората половина од идната година ќе се изгради и нов ургентен центар во кој ќе бидат сместени хируршките и амбулантите на интерното одделение,сместени во заеднички простор. Ургентниот центар ќе биде готов до втората половина на 2016 година.

Македонија со ниска стапка на заболени од туберкулоза

$
0
0

Tbc-press Sv den1Најнови стандарди за дијагностицирање, лекување и превенирање на туберкулозата вклучени во Националната стратегија за туберкулоза, се применуваат во Република Македонија, која е меѓу земјите со ниска стапка на регистрирани случаи со туберкулоза со помалку од 20 лица на 100.000 жители. Во 2014 година се откриени 285 нови случаи со туберкулоза со стапка од 13,8 на 100.000 население, што е за 38 случаи помалку споредено со 2013 година, кога бројот на новооткриени изнесуваше 325 лица, истакна на прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров на одбележувањето на Светскиот ден на туберкулозата, под мотото „Да се открие, да се лекува и секој да се излекува! Дали оваа кашлица е ТБ-да се тестира и да се излекува!”.

Како резултат на усогласените активности и мерки за контрола на болеста во нашата земја, од 2002 година до денес бележиме континуирано и постепено намалување на вкупниот број на новооткриени случаи со туберкулоза. Се реализира и Програмата за контрола на туберкулоза финансирана со грант од Глобален фонд за борба против ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија. Туберкулозата се уште е болест на младата популација, и најмногу се засегнати лицата на возраст од 25-45 години, а во текот на 2014 година најмногу доминира возрасната група од 25-34 години со 20,4 отсто од вкупно регистрираните случаи, по што следи возрасната група од 45-54 години со 18,2 отсто, а возрасните групи од 55-64 години и постари од 65 години се застапени со околу 15 отсто.

Во текот на минатата година, со средства од Глобалниот Фонд и Министерството за здравство, набавено е специјално теренско возило за превентивни прегледи-Флуоробус, со кој се извршени повеќе од 2.500 снимања меѓу ризичните популации во:  затвори, психијатриски болници, ромска популација, бездомници, зависници од лекови.

- Во Националната референтна лабораторија за туберкулоза се воведени два брзи молекуларни теста за дијагноза на ТБ и за добивање резултати од тестовите на резистенција во тек на еден до два дена. Набавката на новите апарати е извршена со финансиска поддршка од Глобалниот Фонд и Министерството за здравство.

Минатата година, меѓу другото,  воведен е и Квантиферон тест за дијагностицирање на латентна туберкулозна инфекција пред се кај ризичните групи, како контактите со болни од туберкулоза, ХИВ позитивни лица, имунокомпромитирани лица, лица кои добиваат биолошка терапија, лица на хемодијализен програм итн.

Директорката на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, Билјана Илиевска-Поповска посочи дека покрај континуираното намалување на новооткриени случаи со туберкулоза во последните десеттина година, во 2014 година се бележи намалување на бројот на умрени од болеста.

- Ако во 2013 година бројот на умрени од тубекулоза беше 24, во 2014 година бројот се намалува на 18 или со стапка од 0,9 на 100.000 жители. Во континуитет се намалува бројот на оние кои повторно се разболуваат. Се намалува бројот на децата болни од туберкулоза и во текот на 2014 година регистрирани се 19 болни деца, што е помалку споредено со 2013 година која имаше 23, истакна Илиевска-Поповска.

Решенија за одобрување на цена на лекови

$
0
0

Врз основа на член 108 став 8 од Законот за лековите и медицинските помагала (“Службен весник на РМ“, бр. 106/07, 88/10, 36/11, 53/11, 136/11, 11/12, 147/13, 164/13, 27/14 и 43/14 ) и членовите 13, 14 и 15 од Методологијата за начинот на формирање на цените на лековите (“Службен весник на РМ“, бр.156/11, 45/12 и 19/13), постапувајќи по барањето бр. од година за формирање на цена на лек, Агенција за лекови ги донесе следниве решенија:

Р Е Ш Е Н И Е за одобрување на цена на лек на оригинатор и иновативeн лек

Р Е Ш Е Н И Е за одобрување на цена на генерички лек

 

Од 1 април ново намалување на цените на 542 лека

$
0
0
todorov foto ceni na lekovi1Од 1 април се намалува цената на 542 генерички и оригинаторни лекови. Ова е седмото по ред намалување на цените на лековите, согласно Законот за лекови и медицинските помагала и Методологијата за начинот на формирање на цените на лековите.
Ова денеска го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, информирајќи  дека со оваа системска реформа на Владата и Министерството за здравство, која во континуитет ја спроведуваат, со досегашните шест намалувања на цените на лековите опфатиле околу 4.000 лекови, а остварената заштеда изнесува над 36 милиони евра.
Посочи дека целта е да се унапреди достапноста на лековите преку финансиско олеснување за граѓаните, а воедно се остварува заштеда во здравствениот систем и средствата се искористуваат за инвестиции во здравствениот систем.
- Најголемо процентуално намалување на максималната цена има кај следните генерики: Аторвастатин (лек за намалување на масти во крв) на кој цената му се намалува 76,83 отсто, Донепезил (лек за висок крвен притисок) 63,38 отсто, Рисперидон (лек за шизофренија) 58,05 отсто, Левофлоксацин (раствор за инфузија-антибиотик) 51,27 отсто, Диклофенак (антиревматик и аналгетик) 45,1 отсто, Доцетаксел (концентрат за раствор за инфузија-цитостатик) 31,5 отсто.
Најголемо процентуално намалување на максималната цена има кај следните оригинатори: Бонвива (раствор за инјектирање – лек кој делува на минерализација на коските) 59 отсто, Тритаце (АЦЕ инхибитор) 33 отсто, Плавикс (лек против згрутчување на крвта) 30 отсто, Кселода (цитостатик) 28 отсто, Липанор (лек за намалување масти) 22 отсто.
- Намалување на малопродажна цена има кај генеричките лекови: Јаснал (лек за Алцхајмерова болест) со разлика во цената од 61,86 отсто (старата малопродажна цена била 1979,63 денари, а новата изнесува 755.09 денари), што според годишната потрошувачка ќе овозможи годишна заштеда од околу 219.000 евра. Овој лек има годишна потрошувачка од 11.000 пакувања и на него се заштедуваат по 1.224 денари од пакување, појаснувајќи дека намалување на малопродажна цена има кај генеричките лекови: Урутал (лек против вртоглавица) со разлика во цена од 18,89 отсто (старата малопродажна цена била 595,22 денари, а новата изнесува 482,78 денари), што ќе овозможи годишна заштеда од 11.000 евра, Синетра (против згрутчување на крвта) со разлика во цената од 15,57 отсто (старата малопродажна цена на лекот била 864,48ден., а новата изнесува 729,87 ден). Со оглед на големата употреба на лекот, со намалување на цената годишната заштеда ќе изнесува 52.000 евра.Agenc lekovi2- Намалување има и кај лекот Ибандроник ацид (лек за остеопороза) со разлика во цена од 21,65 отсто (стара цена 7.905 ден, нова цена 193.91 ден.) Заштедата е 49.000 евра годишно. Најголема заштеда при намалување на малопродажната цена се овозможува кај оригинаторите и иновативните лекови: Бонвива (лек кој делува на минерализација на коските) со намалување на единствената малопродажна цена од 5269.32 денари на 2,166 денари, со што се овозможува заштеда од 75.500 евра годишно според потрошувачката (лекот има годишна потрошувачка од 1.500 пакувања и се заштедуваат по 3.100 денари од пакување).
Намалување на малопродажната цена од 1.108 на 796 денари има и кај лекот Плавикс (против згрутчување на крвта), Синтром (против згрутчување на крвта), од 108,55 на 95,47 денари, Рекормон (раствор за инјектирање, лек за слабокрвност), од 5.652 денари на 4.144 денари со што годишно се заштедуваат околу 30.000 евра.
Просечното намалување на малопродажните цени на генеричките лекови изнесува 11 отсто, а на оригинаторите (иновативни лекови) – 6 отсто.
- Со седмото намалување на цените на лековите, вкупната заштеда кај генеричките лекови изнесува над 60 милиони денари (60.400.000 денари, или 982.000 евра), додека кај оригинатори и иновативни лекови изнесува речиси 38 милиони денари (37.813.000 денари, односно околу 615.000 евра). Вкупната заштеда на годишно ниво согласно потрошувачката изнесува 1.597.000 евра, а најчесто препишувани лекови, кои граѓаните ги земаат од аптека, а сега се со намалени цени се: лекови за болка Диклофенак и Кетопрофен, антибиотици: Ципрофлоксацин, Азитромицин и Цефалексин, и лекот за желудник Лансопразол.- Намалувањето на цените на лековите е мерка која Министерството во континуитет ја спроведува два пати годишно, во месец март и октомври, така што со истата динамика ќе продолжиме и во претстојниот период, особено што придобивките од примената на оваа мерка се видливи и за граѓаните и за самиот здравствен систем.
Директорката на Агенцијата за лекови, Марија Дарковска Серафимовска информираше дека бенефитот од намалувањето на цените на лековите ќе го има не само државата, туку директно ќе го почувствуваат граѓаните кои ги користат тие лекови

Одржана работна средба за организирање јога-курсеви за бремени жени во повеќе градови во државата

$
0
0

Joga fotoСекторот за превентивна здравствена заштита во Министерството за здравство, на 23 март одржа состанок со д-р Благоја Ѓорѓиески, претседател на Јога сојузот на Македонија и професори од Школата за обука на наставен кадар, Ванчо Тасески и Томе Биновски, потпретседател на Сојузот, на тема дефинирање на активности за почнување со зедничка соработка на Министерството за здравство и Јога сојузот на Македонија за организирање јога курсеви за бремени жени во повеќе градови низ Македонија.


Трудниците и родилките опфатени со процесот на трансформација на работниот однос

$
0
0

Tod. foto pres transformac trudniciВо рамки на имплементацијата на Законот за трансформација во редовен работен однос, со кој се опфатени волонтери, лица ангажирани со договор на дело, авторски и други договори, во органите на државната управа, локалната самоуправа и јавната администрација, Министерството за здравство формираше Стручна комисија која ќе ги разгледува случаите на лица чии договори биле прекинати поради бременост, раѓање и/или мајчинство.

Формирањето Стручна комисија е во рамки на имплементацијата на една многу значајна мерка на Владата за транформација, со која долгорочно ќе се реши егзистенцијалното прашање на поголем број лица кои ќе бидат вработени на неопределено време. 

Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека со најновите измени на Законот (рокот за трансформација е пролонгиран за 60 дена токму од оваа причина), со трансформацијата се опфатени и лица кои имаат прекин на договорот поради бременост, раѓање и/или мајчинство.

За таа цел, Министерството за здравство е задолжено да формира Стручна комисија која ги утврдува условот и времетраењето на прекинот на ангажманот.

- Со разгледување на веродостојната медицинска документација (потребни се само 2 документа: отпусно писмо од родилиште и извод од матична книга на родените за детето), Комисијата издава потврда за исполнетоста на условот за прекин на ангажманот, рече Тодоров и ги повика сите лица кои ги исполнуваат условите предвидени во овој Закон, а чии договори биле прекинати поради бременост, раѓање и/или мајчинство, да достават документација која оваа Стручна комисија ќе ја разгледа и ќе ја потврди исполнетоста на овој услов за прекин на договорот и времетраењето на прекинот.

Посочи дека лицата е потребно да достават целокупна медицинска документација за бременост, раѓање и/или мајчинство, со писмено барање за издавање потврда за исполнетоста на условот и времетраењето на прекинот поради бременост и/или раѓање, согласно Законот за трансформација во редовен работен однос.

Барањето за издавање потврда, појасни, може да се достави како писмено барање или пополнет образец, кој е достапен на веб страната на Министерството за здравство.

- Министерството за здравство ќе објави јавен повик во дневните весници, со кој ќе ги повикаме овие лица да ја достават потребната документација до Стручната комисија (по пошта или во архивата на Министерството за здравство). Огласот ќе го објавиме утре и ќе биде поставен и на веб страницата на Министерството. Рокот за доставување документација до Стручната комисија е 30 дена од денот на објавување на огласо.

Според него, ова е многу значаен чекор во имплементацијата на Законот, имајќи предвид дека врз основа на потврдата од Стручната комисија, работодавецот ќе одреди дали лицето ги исполнува условите за трансформација во редовен работен однос.

- Досега континуирано се одвива имплементацијата на овој Закон во областа на здравството. Досега вкупно 109 јавни здравствени установи ја поднесоа потребната документација за трансформација. Јавните здравствени установи прво ја поднесоа документацијата до Министерството за здравство, кое по извршената проверка документацијата ја достави до Фондот за здравствено осигурување на Македонија, а оттаму до Министерството за финансии каде се врши дополнителна проверка.

Потенцира дека веќе се издадени согласности за трансформации во редовен работен однос во 30 јавни здравствени установи, и веќе над 150 лица кои се ангажирани во овие установи, почнаа да ги потпишуваат договорите за вработување на неопределено време.

- Само во првата група, предвидено е да се трансформира работниот однос на најмалку 600 лица ангажирани во јавните здравствени установи, имајќи предвид дека се уште е во тек постапката за лицата на кои им бил прекинат договорот поради бременост, раѓање и/или мајчинство. Во секоја ЈЗУ на видно место се објавени списоци на лица чиј работен однос ќе биде трансформиран на неопределено, согласно Законот, а лицата на списокот се подредени почнувајќи од лицето кое е најдолго ангажирано во конкретната установа (имајќи предвид дека Законот ја налага оваа динамика на трансформација), рече Тодоров.

Исто така, покрај списокот на лица, укажа министерот, на видно место е објавен и текст од Законот за трансформација во редовен работен однос со законските измени, како и автентичното толкување на Законот, а истакната е и меил-адресата: transformacija@zdravstvo.gov.mk, на која лицата ангажирани во јавните здравствени установи можат да доставуваат забелешки, со конкретни докази согласно Законот (забелешките со доказите потребно е да ги достават и до директорот на установата).

ЦЈЗ: Нема повеќе епидемија на жолтица на подрачјето на Скопје

$
0
0

zoltica-mienje race fotoЦентарот за јавно здравје-Скопје информира дека е одјавена епидемијата на заразна жолтица на подрачјето на град Скопје, која беше прогласена на 22 август, минатата година, кога беше регистриран зголемен број заболени лица од заразна жолтица на подрачјето на Скопје.

Вкупниот број на заболени во епидемијата изнесува вкупно 476 лица, од кои 247 случаи се регистрирани како Hepatitis virosa А и 229 случаи како недиференциран Hepatitis virosa.

Најголем  број регистрирани случаи на заразна жолтица се регистрирани во 39. и 40. недела од појавата на ова заболувања, во тек на месец септември и октомври, кога се регистрирани по 37 нови случаи неделно.

Од вкупниот број заболени лица од заразна жолтица, болнички се лекувани 177 лица или 37,1 процент од заболените.

Географската дистрибуција на заболените лица од заразна жолтица покажува дека најголемиот број случаи се регистрирани во општина Шуто Оризари (194 лица или 40.7%), што се должи на :

  • Густината на населението и близината на куќите,
  • Присуство на отпадни и фекални материи во дворовите и улиците  поради излевање на канализациската мрежа при пообилни дождови,
  • Присуство на голем број полски клозети во дворовите, кои се поврзани на канализациска мрежа, но често се излеваат во дворовите при обилни дождови,
  • Присуство на голем број домашни животни во дворовите (коњи, кучиња и др) кои допололнително ја загадуваат средината

Во изминатиот период, ЦЈЗ Скопје ги презеде потребните санитарно-хигиенски и противепидемиски мерки, како што се:

  • Обрнување особено внимание на личната хигиена–редовно миење раце пред јадење и после користење на тоалет;
  • Оддржување хигиена во домот, особено во кујните и санитарните јазли;
  • Детално миење на свежотоовошје и зеленчук пред конзумација;
  • Конзумирањездравствено исправна и епидемиолошки сигурна вода (да не се користи вода за пиење од дополнителни водоснабдителни објекти – бунари и сл.);
  • Едукација за оддржување и подигање на општата и личната хигиена;
  • Спроведување на препорачаните противепидемиски мерки од страна на училиштата и градинките;
  • епидемилошки надзор во училишни и предучилишни установи и едукација за оддржување на општа и лична хигиена, од страна на епидемиолошки екипи при ЈЗУ ЦЈЗ – Скопје;
  • Дезинфекција во училишни и предучилишни установи од страна на Службата за ДДД при ЈЗУ ЦЈЗ – Скопје;

Одделението за епидемиологија при Центар за јавно здравје–Скопје и натаму продолжува да ја следи состојбата со заразни заболувања на територијата на град Скопје и во континуитет се преземаат потребните санитарно-хигинески мерки.

 

 

Известувања за матичните лекари

$
0
0
03.04.2015
Известување,
Почитувани избрани лекари. Министерството за здравство ќе започне со исплата на патните трошоци на сите оние лекари кои патуваат од еден во друг град со цел да присуствуваат на обука. Потребно е да испратите барање на maticni@zdravstvo.gov.mk во кое е потребно да наведете:
1. Име и Презиме
2. ЕМБГ
3. Трансакциска сметка
4. Банка
5. Скенирани и прикачени сите потврди за обавени обуки.
Со почит,
Министерство за здравство
12.03.2015
 Известување за матичните лекари кои не беа вклучени во досегашните списоци за едукација: Подолу се ажурираните списоци по групи (од 12 Март 2015 година), кои сега ги вклучуваат лекарите кои претходно не беа опфатени.
30.01.2015
Важно ИЗВЕСТУВАЊЕ до матичните лекари од СКОПЈЕ: Обуките по УРОЛОГИЈА за пунктовите 2,3,4 и 5 ќе се одржуваат СЕКОГАШ во УК за хируршки болести Св. Наум Охридски (стара градска)

Почна Националната скрининг-програма за рано откривање на рак на дојка

$
0
0

Skrining fotooПочна спроведувањето на Националната скрининг-програма за рано откривање на рак на дојка. Во повеќе градови низ Македонија вчера и завчера се извршени речиси 200 мамографски скрининзи. За денеска се закажани 148 скрининзи во јавните здравствени установи низ државата.

Република Македонија е 27. земја во светот која воведува ваква скрининг-програма согласно европските и светски стандарди.

Мамографскиот скрининг, кој е бесплатен за секоја жена, претставува периодично правење на мамографија на навидум здрава жена без присутни симптоми на рак, со цел откривање на заболувањето во неговиот претклинички стадиум.

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска на прес-конференција рече дека на почетокот скринингот се врши во 17 јавни здравствени установи низ државата кои се опремени со апарати за мамографија, меѓу кои се здравствените домови Железничар и Скопје, Градската општа болница „8 Септември“, Здравствена станица Железара, здравствените домови во Неготино, Вевчани, Свети Николе, Кратово, Ресен, Берово, Пехчево, општите болници во Велес, Струмица, Струга и Кичево, како и во клиничките болници во Битола и во Тетово.

Посочи дека во проектот ќе бидат вклучени и Клиниката по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, како и болниците во Охрид, Прилеп, Кавадарци, Кочани и Штип, за кои веќе е во тек набавката на нови мамографи со средствата кои ги обезбедиле од остварените заштеди од набавката на инсулини и ленти за мерење на шеќер. Скринингот, појасни, го вршат обучени технолози и доктори-специјалисти во областа на радиологија.

Од речиси 200 скрининзи на 7 април се извршени 92, а вчера 97 и тоа во Општата болница Струмица – 20 скрининзи, Клиничка болница Битола – 15 скрининзи, Клиника за радиологија – 17 скрининзи, Здравствен дом Ресен – 20 скрининзи, Здравствен дом Кратово – 19 скрининзи и Здравствен дом Вевчани–20 скрининзи.

- Првично, со мамографскиот скрининг ќе бидат опфатени жените на возраст од 50 години (околу 14.000 жени), кои се асимптоматски (навидум здрави) жени и кои, согласно податоците од системот МојТермин, не направиле мамографска контрола во последните две години. Планирано е до крајот на 2016 година на мамографски скрининг да бидат поканети околу 250.000 жени на возраст од 50-69 години.

За велигденските празници 24-часовна здравствена заштита

$
0
0

foto stetoskopМинистерството за здравство соопшти дека за време на претстојниот празник и продолжен викенд се обезбедува континуирана здравствена заштита на граѓаните преку дежурства во здравствените домови и службите за итна медицинска помош, како и преку организирани дежурства од матичните лекари.

Од Здравствен дом-Скопје информираат дека за празничните денови е обезбедена 24 часовна здравствена  заштита на граѓаните во осум дежурни пункта во: Ѓорче Петров, Шуто Оризари, Чаир, Идадија, Бит Пазар, Ченто, Јане Сандански и Драчево, како и во Службата на Итна медицинска помош, што е редовна воспоставена практика за сите неработни денови, во недела и државен празник. Исто така, в сабота (11 април) е организирано редовно дежурство на специјалистичката служба во Поликлиника Букурешт во периодот од 8 до 16 часот, каде ќе се вршат прегледи закажани преку МојТермин, додека за петок и понеделник нема закажано прегледи.

Инаку, во сите општини во државата се обезбедува 24-часовна континуирана здравствена заштита за време на празникот и продолжениот викенд.

Здравствен дом Штип обезбедува континуирана здравствена заштита на населението во Итната медицинска помош со покриеност од 24 часа.
Здравствен дом Велес-Службата за Итна медицинска помош и домашно лекување има организирано 24 часовна континуирана здравствена заштита за време на празникот и продолжениот викенд.

Во Здравствен дом Куманово дежурната служба (ноќна амбуланта) ќе работи од 08 до 24 часот, Итната медицинска помош – континуирано од 08 до 20 часот и од 20 до 08 часот, а Домашна посета од 08 до 20 часот.

Во Здравствениот дом Кочани Итната медицинска помош за време на престојниот празник (сите денови од петок до понеделник) ќе пружа 24- часовна здравствена заштита со екипи од доктор, сестра и возач. Изготвени се распореди за подготвеност на екипи за повик, а во ноќните часови на располагање на Итната медицинска помош ќе биде обезбедена и дежурна служба при Здравствениот дом.

Здравствен дом Струмица организира дежурства во амбулантата на Итна медицинска помош во Струмица и во Ново Село за пружење здравствена заштита на населението од општина Струмица, Василево Босилово и Ново Село.

Здравствен дом Гевгелија организира здравствена заштита во Стар Дојран и тоа: од петок до понеделник  во периодот од 09 до 21 часот во амбулантата која се наоѓа во Стар Дојран.

Во рамки на Здравствениот дом Валандово, Службата за ИМП ќе функционира како и во другите денови, односно во текот на 24 часовно работно време (дежурство), и ќе бидат организирани дежурства по укажана потреба.

Здравствениот дом Битола организира континуирана здравствена заштита преку Службата за Итна медицинска помош, во смени од 8 часови, во тек на 24 часа.

Во рамки на Здравствениот дом Прилеп – функционира Службата за Итна медицинска помош со 24 часовно работно време во тек на викенд и државни празници.

Здравствените домови во Крушево, Ресен, Демир Хисар обезбедуваат континуирана здравствена заштита на населението во тек на 24 часа, а во рамки на Здравствениот дом Кавадарци, Службата за Итна медицинска помош ќе работи 24 часа, како и амбулантата на ИМП, која функционира 24 часа во денот.

Здравствен дом Неготино организира континуирана здравствена заштита преку службата за Итна медицинска помош, а во рамки на Здравствен дом Кратово, Службата за итна медицинска помош е организирана 24 часа, а по потреба се повикува наредната дежурна екипа.

Здравствен Дом Охрид за деновите на празникот и продолжениот викенд, својата работа ја организира преку Службата за итна медицинска помош и домашно лекување за што има обезбедено медицински екипи 24 часа дневно. Службата за итна стоматолошка помош работи секој ден од 20 часот до 7 часот наредниот ден.

Во рамки на Здравствениот дом Тетово дежурната служба ќе работи од петок до недела, а в понеделнилник ќе работи итната медицинска помош и биохемиската лабораторија. Дежурна екипа ќе работи и во ургентната стоматологија.

Здравствен дом – Дебар организира дежурства во Дебар и во Центар Жупа. Воедно, работи и Службата за Итна медицинска помош. За време на празникот се реализираат 24 часовни дежурства во Здравствениот дом, Службата за итна медицинска помош и Дежурните служби во Дебар и Центар Жупа.

Во Здравствениот дом Ростуше  во периодот од 7 до 15 часот сите служби ќе работат како и секој работен ден. Во понеделник (14 април) е организирано непрекинато 24- часовна дежурна служба во седиштето на Здравствениот дом, во село Ростуше, а по потреба ќе бидат вклучени и матични лекари со своите тимови, а во Здравствена станица Липково дежурната служба е организирана со 4 тима во текот на 24 часа.

Во рамки на Здравствениот дом Гостивар – Службата за Итна медицинска помош на територијата на општина Гостивар и општина Врапчиште со околните места се опфатени со 24 часовна здраствена заштита, а Здравствениот дом Струга – обезбедува 24 часовна континуирана здравствена заштита за овој регион преку Службата за Итна медицинска помош при ЈЗУ Здравствен дом-Струга.

Во рамки на Здравствениот дом Кичево, здравствената заштита на пациентите за време на празникот и продолжениот викенд ќе се спроведува во просториите на ИМП-Кичево во тек на 24 часа, освен во утре (10 април) кога се организирани дежурства од матични лекари од 08 до 20 часот.

Во Службата за итна медицинска помош при Здравствен дом Вевчани, здравствената заштита ќе се одвива континуирано во текот на 24-часа секој ден. Во амбулантата во с.Лабуништа екипи од итната помош ќе работат од 13 часот по пладне до 24 часот на полноќ секој ден.

Здравствен дом Крива Паланка организира 24-часовни дежурства во болничкиот одел, на Интерно и Хирургија со специјалист од соодветната специјалност. Службата за ИМП е организирано во 24- часовни дежурства. Покрај дежурства и сменска работа е изготвен и распоред за подготвеност на уште еден дежурен тим. Исто така, во сабота (11 април) ќе работат по 8 часа лабораторијата и рендген одделението.

Во рамки на Здравствениот дом Берово – Службата за Итна медицинска помош ќе работи сменски со доволен број на  екипи за време на празниците и продолжениот викенд, а Здравствениот дом Радовиш има организирано дежурни екипи во Службата за Итна медицинска помош за време на продолжениот викенд и празник.

Здравствен дом Свети Николе за време на празниците  и продолжениот виќенд ќе пружа  здравствената заштита на населението континуирано 24 часа организирана  од страна на ИМП, која работи во три смени. Во тимовите кои работат се вклучени: доктор, медицинска сестра,акушерка и возач. Во сабота (11 април), покрај службата за  ИМП, во Здравствениот дом прва смена ќе работи и биохемиската лабараторија од 07:30 до 15:30 часот. Останатиот персонал е на повик, доколку има потреба од дополнителни ангажирања.

Во рамки на Здравствениот дом Пробиштип – во Службата за итна медицинска помош е организирано 3 сменско работење за обезбедување 24-часовна здравствена заштита.

За време на претстојниот празник и продолжен викенд, на територијата на град Скопје ќе работат дежурните аптеки: Зегин-Буњаковец, Еурофарм-Тафталиџе, Виола7-Тобако (Аеродром) и Зегин-МНТ, кои работат 24 часа.

Viewing all 597 articles
Browse latest View live