Quantcast
Channel: Министерство за Здравство
Viewing all 597 articles
Browse latest View live

Клинички патеки за третман на лица со малигни заболувања

$
0
0

Foto operacija-doktori-bolnica-transplantacijaМинистерството за здравство изготви 32. клинички патеки за третман на лица со малигни заболувања, изработени од стручни лица членови на тумор-бордовите од повеќе области на медицината, кои ќе бидат отворени за коментари од пошироката јавност до понеделник по што ќе бидат објевени во Службен весник и ќе стапат на сила и задолжително ќе се применуваат насекаде во земјава.

Изгортвените клинички патеки се за третман на малигни заболувања кои најчесто се појавуваат како што се карцином на дојка, на бели дробови, меланом, карцином на кожа, коскени тумори.

- Оваа новина е особено значајна имајќи во предвид дека станува збор за чувствителна категорија  на лица кои поради природата и типот на болеста не смеаат или  не треба да чекаат. Целта со дефинирањето на клиничките патеки е да се утврди максималното време на чекање, односно од моментот на појава на индикација (суспекција) до извршување на првата дијагностичка процедура да не поминат повеќе од седум дена, а за добивање на хистопатолошки наод да не се чека подолго од 21 ден, рече министерот за здравство Никола Тодоров на прес-конференција, нагласувајќи дека станува збор за новина која ја нема во поширокиот регион.

Станува збор за максимални рокови кои можат да бидат и пократки, но во одредена ситуација тумор-бордот може да го зголеми рокот доколку е потребно да се направат дополнителни испитувања, да се добие второ мислење или, пак, материјалите да се пратат во друга установа во земјава или странство.

- Со клиничките патеки е утвредно по добивање на позитивен наод да биде доставен или поставен на тумор-борд и целокупниот тек на лекувањето да се врши согласно медицина базирана на докази и меѓународните стандарди. Националната клиничка патека за малигни заболувања ќе биде целосно инкорпорирана во националниот систем „мој термин“ и при појава  на индикација или дијагноза самиот систем ќе обезбедува термини  за дијагностички процедури во предвидениот рок со издавање на „приоритетен упат“. Тоа е намерно направено за да нема влијание од човечкиот фактор при кририањето на термините.


Модел на статут на јавни здравствени установи

$
0
0

Нов циклус организиран скрининг за рано откривање рак на грлото на матката

$
0
0
Foto skrining JovankaМинистерството за здравство годинава продолжува со организиран скрининг за рано откривање карцином на грлото на матката во рамки на кој жените на возраст од 24 до 35 години треба да се јават на бесплатен преглед со ПАП тест кај својот матичен гинеколог со цел рано откривање на малигно заболување кога можноста за спасување или продолжување на животот е голема.
Д-р Јованка Костовска информираше дека од 2012 година е почнат организиран скрининг за рано откривање на карцином на грлото на матката со тригодишен интервал, кога се опфатени жените на возраст од 24 до 35 години, во 2013 година со скринингот биле опфатени жени од 36 до 48 години, а во 2014 година жени на возраст од 49 до 60 години.
Во текот на оваа година, повторно, се опфатени жените од првата возрасна кои имаат можност да направат бесплатен пап тест кај својот матичен гинеколог.
- Според податоците од тие три години, околу 120.000 жени биле поканети да направат бесплатен пап тест, а од нив 64.000 го направиле овој преглед. Во овие три години имаме зголемување на бројот на поканети жени и зголемување на бројот на жени кои се јавуваат на преглед за пап тест. Ако 2012 година сме поканиле околу 37.000 жени, а се јавиле на преглед 17.000 жени, во 2014 година поканети биле околу 42.000 жени, а на преглед се јавиле 26.000. Значи постепено, меѓутоа свеста кај жените расте и се јавуваат на овие прегледи, рече Костовска.
Кај тестовите кои биле позитивни, голем број од нив се ХПВ вируси и други промени, меѓутоа се најдени и промени кај кои може веднаш да се реагира, да се помогне и да се спаси живот.
- Во 2014 година кај 125 жени на возраст од 49 – 60 години е откриен ЦИН 1 промена на грлото на матката, каде може да се интервенира да се спаси живот, кај 15 – ЦИН 2, кај 5 – ЦИН3, кај шест жени е откриен карцином во почетна фаза, а кај девет инвазивен карцином. Сите овие жени веднаш се испратени на дополнителни анализи и хирушки третман и кај сите нив или е спасен животот или е продолжен животот бидејќи навреме се откриени промени кои може хирушки да се третираат.
Во врска со колоректалниот карцином или скрининг за карцином на дебело црево, таа истакна дека почнале со активности во октомври 2012 година и до декември 2014 година околу 18.500 лица направиле бесплатен преглед за карцином на дебело црево со т.н. ФОБ тест, кој се подигнува од кај матичниот лекар, се прави дома, по што се носи во центар за јавно здравје за анализа. Појасни дека тестот е препорачан за лица на возраст од 50 – 74 години и од сите анализи од октомври 2012 година, досега, 178 има позитивни наоди за полип и карцином.
- Уште еднаш апелираме жените да се јавуваат на бесплатен преглед со ПАП тест кај своите матични гинеколози, а лицата над 50 години кај матичниот лекар или во центарот за јавно здравје и да побараат бесплатен ФОБ тест за преглед на дебело црево. Без оглед дали се поканети тие може и сами да се обратат и да направат преглед, рече Костовска
Во однос на навремено откривање карцином на дојка, од 7 април се почнати активности за повикување на жените на возраст од 50 години, чиј број изнесува 14.000. Од 7 април досега околу 470 жени во Македонија направиле бесплатен мамографски преглед. Интересот е голем. Мамографските прегледи се прават во 17 здравствени установи каде има мамографи, а дополнително очекуваме набавка уште на пет мамографи за во останатите центри каде сега ги нема. Очекуваме до крајот на годината да се прегледаат овие жени на 50-годишна возраст кои се повикуваат на телефон, а понатаму да се продолжи со останатата возрасна група над 50 години до 60 години, во рамки на организираниот скрининг на карцином на дојка.

Почна да функционира електронската мајчина книшка

$
0
0

Foto matka-porogjaj-bremenostМинистерството за здравство ја воведе електронската мајчина книшка, која е достапна во „мој термин“ и ја пополнуваат сите матични гинеколози во државава. Податоците од книшката може да ги користи матичниот гинеколог, како и сите гинеколози во породилиштата во Македонија, најави на прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров.
Во прво време, електронската мајчина книшка ќе функционира заедно со хартиената, а подоцна ќе се оди само на електронската верзија од која податоците се добиваат во реално време и се чуваат во централен сервер со што шансите за нивно губење се мали.
– Целта на воведувањето на електронската матична книшка е прецизно следење и контрола на бременоста во целиот нејзин тек и заштита на здравјето на мајката и новороденчето, како и дополнително намалување на здравствените ризици, предвременото  породување и раѓањето на деца со аномалии поради нередовното одење на препорачаните контролни прегледи. Во неа се евидентираат сите прегледи и утврдени резултати од прегледите на бремената жена, како и детални податоци за породување и за новороденчето. Со тоа ќе се овозможи на докторот кој првпат ја прегледува бремената жена веднаш  да ги добие сите податоци за било кој период од бременоста што е од исклучително значење за соодветна проценка на здрвствената состојба.
Електронската мајчина книшка претставува база на податоци кои можат да послужат за надополнување на здравствената статистика и за креирање на здравствени политики и додаде дека со нејзиното воведување Министерството за здравство ќе ги има сите податоци во реално време за бројот и здравствената состојба на бремените жени и нивното одење на прегледите. По потреба, истакна, ќе можеме да ги повикуваме оние трудници кои не ги направиле одредените прегледи.
– На овој начин имаме детален и прецизен регистар за бремените жени во целата држава и со тоа овозможуваме докторите во реално време да ги добиваат податоците за задравствената состојба на трудницата. Сите 142 матични гинеколози во државата добија упатство за начинот на пополнување и водење на електронската матична книшка која ги содржи истите податоци како и печатената книшка која е адаптирана во 2012 година согласно Упатството за водење здрава бременост.
Министерот за здравство истакна дека во книшката има податоци за здравствената состојба на бремената жена и плодот, односно податоци за текот на бременоста, породувањето и за здравствената состојба на новороденчето.
Податоците за бремената жена, прецизира, опфаќаат крвна група, RH фактор, лична  гинеколошка и репродуктивна анамнеза, како и податоци за серолошки анализи и извршени ултразвучни прегледи. Во делот  за породување се евидентира типот на породување и евентуални компликации при породувањето и постпородилниот тек. За новороденчето се евидентира родилната тежина, должина, обем на глава и граден кош и податоци за примени вакцини кои се даваат во родилиштето. Покрај тоа, се евидентираат и показателите на загрозеност, односно
состојби кај жената кои бараат дополнителна грижа во текот на бременоста како срцеви и бубрежни болести, ендокрини нарушувања и други нарушувања како недоносеност, вродени  аномалии, инфекции, деца родени во домашни услови кои понатаму ќе му помогнат на педијатарот во грижата за новороденчето.

Отворен Центар за палијативна нега на пациенти во Охрид

$
0
0
Ohrid fotoМинистерот за здравство Никола Тодоров, во рамките на работната посета на Охрид го отвори првиот Центар за палијативна грижа на пациенти, што ќе функционира во рамките на Општата болница во градот. Станува збор за оддел во кој ќе се третираат терминално болни пациенти. Овој проект го започнавме поради трендот на стареење на населението во земјата и оттаму се поголемата потреба за вакви центри, во кои ќе се води нега на пациенти кои се проблем за домашна нега.
Во почеток во болницата во Охрид Центарот за палијативна нега ќе има шест кревети, со тенденција истиот да биде проширен, а предвидено е и отворање на слични центри во сите поголеми населени места во земјата. На овој начин интенција е да се излезе во пресрет на што поголем број семејства кои имаат потреба да се грижат за нивните блиски, за што немаат соодветно искуство, знаење, а истовремено да се изложени на сериозни финансиски издатоци за ангажман на медицински сестри, негувателки.
Директорот на Општата болница во Охрид Љубен Арнаудов изрази благодарност што Министерството за здравство донело одлука токму тука да го отвори првиот Центар за палијативна грижа.
- Имаме искуство со оваа проблематика, знаеме колку е тешко да се води грижа за стари, изнемоштени лица, терминално болни. Ќе бидеме на ниво на задачата и ќе ја спроведеме оваа програма.

Просечниот опфат на имунизација во државата е 95 проценти

$
0
0
Imunizacija foto 2015Просечниот опфат на имунизација во државата е 95 проценти.  Вакцините се од Пастер од Франција, Глаксо Смит Клајн од Белгија и Булбио од Бугарија и се навистина квалитетни, информираше д-р Јованка Костовска од Министерството за здравство, по завршување на годишниот состанок на кој учествуваа претставници од службите за имунизација, координатори за имунизација од центрите за јавно здравје, Институтот за јавно здравје и Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Теми на состанокот, кој се одржа во пресрет на Неделата за имунизација, што традиционално е од 20 до 25 април под мотото „Заштити, спречи, вакцинирај“, беа зголемување на опфатот со вакцини во државата, набрзо воведување поливалентни вакцини, начинот на кој ќе се употребуваат, што значат за децата, родителите и здравствениот систем.
Д-р Костовска посочи дека вакцинацијата како една најисплатлива превентивна јавно здравствена мерка. Одговарајќи на новинарско прашање рече дека по региони нема пад на опфатот за сите вакцини.
- Ако за една вакцина во еден регион има понизок опфат, за друга во друг регион има понизок опфат. Сепак, опфатот е 95 проценти и покрај благото опаѓање во 2014 година речиси за сите вакцини.
Директорката на Здравствен дом Скопје, Татјана Баевска Вучковиќ истакна дека вакцинацијата е еден од наједноставните методи за заштита од одредени заразни заболувања, како и смрт од нив.
- Високиот опфат на имунизација гарантира стабилен епидемиолошки статус и колективен имунитет. Во таа насока се залагањата на здравствениот систем во Република Македонија, на превентивните тимови во Здравствен дом Скопје, кои во 2014 година со 39 тима од нула до 18 години вакциниравме 55.000 деца на годишно ниво, што е третина од вкупниот број деца кои се вакцинираат во државата. Имаме солиден опфат од над 90 проценти.

 

Симулациска вежба „Сообраќајна несреќа со повреден пешак“

$
0
0

Vezba foto4Симулациска вежба „Сообраќајна несреќа со повреден пешак“, се одржа денеска во близина на Градскиот парк во Скопје, во рамки на кампањата на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), за подигнување на свесноста кај ранливите групи на население за поголема безбедност во сообраќајот.

Во вежбата во која автомобил со тројца патници удира во пешак при што се двајца се повредени -пешакот и една девојка од автомобилот им беше укажвна прва помош, тријажа, евакуација и транспорт на повредените. Кампањата на РСБСП активно ја поддржува Министерството за здравство.

Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски изјави дека вежбата претставува уште еден чекор до утврдување на крајната цел на кампањата, а тоа е спасување што повеќе човечки животи и спречување на негативните последици од сообраќајните несреќи.

Посочи дека согласно статистичките податоци од почетокот на 2015 година, досега, седум пешаци го загубиле животот на сообраќајниците во Македонија.

- Споредено со претходните години има опаѓачки тренд, но сепак треба да се посвети доволно и посебно внимание кон оваа категорија учесници во сообраќајот, затоа што тие се најспецифична категорија и најлесно може да дојдат до одредена евентуална повреда, додаде Андовски.

Претседателот на РСБСП, Стојче Стаменковски рече дека во рамки на Неделата на пешаците во соработка со Министерството за здравство, Здравствениот дом – Скопје, и Црвениот крст, реализирале вежба со цел да се покаже како надлежните институции се справуваат во случај на сообраќајна несреќа кога пешакот е повреден.

- Целта на вежбата беше уште еднаш да покажеме дека пешаците спаѓаат во онаа категорија ризични учесници во сообраќајот кои често се соочуваат со проблеми и се жртви во сообраќајни несреќи, а во исто време да покажеме дека системот е подготвен да одговори на ваков тип несреќи. Уште еднаш испраќаме порака до пешаците внимателно и одговорно да се однесуваат во сообраќајот, а возачите да внимаваат и да се придржуваат кон правилата и прописите и да ги почитуваат пешаците, појасни Стаменковски.

Vezba foto2

Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија, Саит Саити истакна дека Црвениот крст е постојан партнер на министерствата за внатрешни работи и за здравство и РСБСП во севкупните напори за подигнување на свеста од ризиците што ги предизвикуваат сообраќајот и секојдневното движење на пешаците, потенцирајќи дека одбележувајќи 70 години од постоењето ја промовираат и мобилна апликација, која е многу практична алатка која е во функција во повеќе од 50 земји низ светот, а е во функција на давање инструкции и анимирани решенија, поврзани со одредени ситуации кои се случуваат во секојдневниот живот, а се предизвикани од сообраќајките.

Апликацијата е многу едноставна и може да се користи од која било позиција, од каде било, повеќе пати, неограничува, дава практични совети и на некој начин ги заменува прирачниците и сите хартиени документи кои треба да ги имате во случај да се потсетувате и да се консултирате за одредени постапка за давање одредени помош.

- Секоја апликација колку е да е напредна и добра не ја заменува комплетно практичната обука. Во таа смисла и натаму препорачуваме сите во рамки на своите можности и натаму да ги посетуваат обуките и тренинзите кои ги дава Црвениот крст на РМ, а се поврзани со подигнувањето на свеста околу давањето помош во сообраќајни несреќи, додаде Саити.

Vezba foto3Директорката на Здравствениот дом-Скопје, Татјана Баевска Вучковиќ рече дека при транспорт на интервенција од прв степен на животнозагрозувачка состојба често пати се случува да не се отстапи место и тоа при светлосна ознака, при ротациски светла.

- Значи се уште се соочуваме на некој начин на еден вид сообраќајна некултура и токму затоа РСБСП, нашите екипи и Црвениот крст и сите институции, сме вклучени во активностите во таа насока за подигнување на свеста на граѓаните бидејќи секој од нас може кога секунди се во прашање да учествува во спасување на нечиј живот.

Работилница за развивање национална здравствена стратегија „Здравје 2020“

$
0
0

Jovica-Jovanka Foto

Заменик министерот за здравство Јовица Андовски, денеска присуствуваше на работилницата за развивање национална стратегија за здравје до 2020 година, на иницијатива на Министерството за здравство, со поддршка на Светска здравствена организација (СЗО).

Изготвувањето Националната стратегија „Здравје 2020“ предвидува сеопфатен процес кој ќе ги вклучи сите чинители под водство на владиниот Комитет за животна средина и здравје, при што се предвидува отворен консултативен и мултисекторски процес во насока на интегрирање на различните слоеви на здравствениот сектор, активно учество на други нездравствени сектори и широк спектар на чинители, вклучувајќи ја стручната заедница, општите лекари, граѓанските организации и општата јавност. Вака изготвениот документ ќе биде доставен за усвојување до Собранието на РМ. Jovica-Jovanka Foto2

Под техничко водство на експертот на СЗО, д-р Ричард Aлдерслејд и националниот тим на експерти, се очекува да се одредат клучните стратешки цели и да се подготви првата нацрт верзија на Стратегијата, земајќи ги во предвид  досегашните анализи на националниот здравствен систем, резултатите од истражувањето “Какво здравје сакаме до 2020?“, и придонесот од Е – Платформата – Здравје 2020 (http://zdravstvo.gov.mk/health_2020/) достапна за коментари, идеи и предлози на сите граѓани. Со поддршка на Светска здравствена организација се изготвуваат голем број стратешки документи, кои ќе бидат составен дел од Стратегијата „Здравје 2020“, а кои ќе вклучуваат планови за превенција и контрола на незаразните болести, зајакнување на јавното здравје, животна средина и здравје. Сите информации ќе ги најдете на следниот линк: http://zdravstvo.gov.mk/health_2020/


Проектот „Наш специјалист“ продолжува во Радовиш и во Делчево

$
0
0

Foto opstaaaПроектот „Наш специјалист“ покажува одлични резултати од спроведувањето во Берово, Валандово, Крива Паланка, Виница, Неготино и Свети Николе, информираше денеска министерот за здравство Никола Тодоров, од 25 април (сабота) проектот почнува да се реализира и во Радовиш и во Делчево.

 Почнувајќи од 25 април во Здравствениот дом во Делчево со патен налог ќе се упатуваат доктори специјалисти од областа на ортопедија и урологија кои ќе вршат амбулантски прегледи секоја сабота од 8 до 15.30 жасот, додека во Здравствениот дом во Радовиш ќе се упатуваат специјалист невролог и специјалист интернист за ЕХО кардиографски прегледи, кои во оваа здравствена установа ќе работат секоја сабота од 8 до 15.30 часот.

Термините за овие специјалистички прегледи и во Делчево и во Радовиш се веќе креирани во системот „МојТермин“.

- Овој проект го воведовме во рамки на последните измени на Законот за здравствена заштита со кои се овозможи Министерството за здравство со патен налог да упатува доктори специјалисти од една во друга здравствена установа со цел да се надомести недостигот од доктори специјалисти односно од таков тип специјалистички услуги низ градовите во Република Македонија.

Според податоците од системот „МојТермин“, во Здравствен дом – Делчево претходно се регистрирани 1.807 упати за специјалистички прегледи по ортопедија во најблиските болници или на клиниките и токму затоа проектот „Наш специјалист“ се проширува и во Делчево, имајќи предвид дека тие пациенти изминатиот период за определена здравствена услуга биле обврзани да патуваат надвор од местото на живеење и да бидат изложени на трошоци.

- Идејата е со овој проект оваа здравствена услуга да се доближи до граѓаните, односно да ја добијат во нивното место на живеење. Анализата на податоците од „МојТермин“ покажа дека во Здравствен дом-Радовиш најголем број од упатувањата во други јавни здравствени установи се за интернистички прегледи. Затоа се одлучивме во Радовиш да испратиме интернист, имајќи предвид дека изминатиот период 2.520 пациенти биле упатени од тој град во друг град за да добијат здравствена услуга од специјалист по интерна медицина.

- Досегашното искуство покажа дека со ваквите специјалистички прегледи се овозможува навремено поставување дијагноза. Многу често овие прегледи се контролни и се сведува на минимум непотребното патување на пациентите за контрола во други градови.

Специјалистите ортопеди досега третирале повеќе пациенти со акутна повреда, која веднаш е соодветно санирана и третирана, што покажува дека специјалистите кои се во тие градови не само што работат по „МојТермин“, туку и санираат повреди кои се случиле.

- Во областа на неврологија пациенти кои за специјалистички прегледи патувале во Струмица сега контролните прегледи ги вршат во Валандово односно поблиску до местото на живеење. Специјалист-невролог во Здравствен дом-Валандово овозможил брз третман на пациент со мозочен удар кој не бил во животно загрозувачка состојба, но имал отежнат говор, општа слабост и висок крвен притисок. Специјалистот невролог веднаш дал соодветна терапија, го регулирал крвниот притисок и лицето го испратил со Итна медицинска помош на лекување во болницата во Струмица, информираше министерот Тодоров.

Според податоците од „МојТемин“, од моментот на започнување на проектот „Наш специјалист“ досега се направени 400 прегледи. Тоа се околу 400 пациенти кои досега добиле здравствена услуга во нивното место на живеење и не биле изложени на патувања во други градови.

Почна да функционира он лајн-регистар на медицинска опрема

$
0
0

nikola-todorov fotooСите апарати со кои располага јавниот здравствен систем во Република Македонија се внесени во он-лајн регистар на медицинска опрема, кој е во рамките на апликацијата „Мој термин“, информираше на прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров.
Системот, што функционира од почетокот на овој месец, ги содржи сите неопходни податоци за Министерството и здравствената установа да знаат во секој момент со која опрема располага, во каква состојба е и слично. Според овој регистер на медицинска опрема, евидентирани се 7.912 апарати во целото јавно здравство во земјава во 120 јавни здравствени установи.
– За секој апарат се евидентираат видот, во кој оддел се користи, производител, модел, неговиот сериски број и тип, година на набавка на апаратот, основ на стекнување, податоци и за досегашно сервисирање… Регистарот содржи и фотографија од секој апарат со кој располагаме.
Установите, додаде, се задолжени каков било дефект на апаратот да го евидентираат во регистарот во рок од 24 часа, а пациентите кои имаат закажан термин ќе бидат известени навреме дека не може да се реализира прегледот.
– На овој начин ќе се избегне непотребно доаѓање на пациентите во болница кога апаратот е расипан, односно навремено нивно информирање, со цел изнаоѓање соодветно решение за потребната здравствена услуга.
Секоја здравствена установа има обврска да назначи одговорни лица за евиденција на медицинска опрема кои се задолжени да ја следат состојбата со опремата и нејзината функционалност. Тие имаат пристап до регистарот за навремено ажурирање на податоците.
Од 2006 до 2014 година набавени се 4.312 медицински апарати или околу 60 отсто од вкупниот број се набавени во овој период.

Посета на аптекарската станица во Лозово

$
0
0
Lozovo foto2Во рамки на проектот за отворање аптеки во руралните средини,  министерот за здравство Никола Тодоров и директорот на ФЗОМ, Сашо Стефаноски ја посетија аптекарската станица која работи во просториите на здравствениот дом во село Лозово, а која од неодамна склучи и догоров со ФЗОМ за лекови на рецепт.
 
Како што појасни министерт Никола Тодоров, со ова им е овозможено на жителите од Лозово освен здравствена заштита од матичните лекари на едно место да ги набават и потребните лекови за пропишаната терапија.
 
- На овој начин многу им е олеснето на жителите од Лозово и блиските населени места во Општина Лозово. Отсега  пропишаните лекови можат да ги набават тука во аптекарската станица во Лозово и така да заштедат време и пари, кои порано гу губеа за оваа намена да патуваат до Велес.
Проектот за отворање аптекарски станици во населени места до 3,5 илјади жители на објавениот конкурс за 66 аптекарски станици во Македонија е за оние аптекарски фирми што имаа повеќе од две аптеки во една општина или пет на ниво на државата и со овој проект се обврзани да отворат минимум уште една аптека во руралната средина.
 
- Со овие аптекарски станица опфаќаме околу 130 илјади граѓани во Р.Македонија коишто живеат во рурални области и коишто децении наназад, а некои никогаш немале аптеки во близина на местото на живеење.На тој начин сакаме да го решиме повеќедеценискиот проблем на граѓаните и да им ги доближиме здравствените услуги и потреби, потенцира министерот Тодоров.
 
Директорот на ФЗОМ Сашо Стафаноски информираше дека придобивките од овој проект ќе бидат значајни за граѓаните кои живеат во руралните средини.Со овој проект, се предвидени 66 аптеки,од кои досега во процедура се влезени 46, од кои 29 се комплетно завршени,потпишани се договорите од ФЗОМ и аптеките. Преостанатите 17 аптеки се во процедура и очекуваат во најбрз можен рок да заврши таа постапка.
 
- Со тоа ќе им се овозможи на најголем дел од граѓаните од руралните средини да имаат можност за лесна достапност на лековите кои се на товар на ФЗОМ. ФЗОМ годишно  издвојува значителна сума  од скоро 2 ипол милијарди денари  за лекови за граѓаните во земјава. Тие се соодветно распределени на околу 750 аптеки и уште 46 аптекарски станици во земјава,а со што сакаме да влијаеме, граѓаните да заштедат и пари и време за набавка на неопходните лекови.

Комплетно реновиран Здравствениот дом во Гевгелија 

$
0
0
ZD Gevgelija foto2Министерот за здравство Никола Тодоров, заедно со амбасадорот на САД во РМ, Џес Бејли, денеска, присуствуваа на церемонијата по повод завршувањето на реновирањето на Здравствениот дом во Гевгелија. Во рамки на проектот кој беше финансиран со 323.000 долари од Европската команда на Армијата на САД беше сменет покривот на Здравствениот дом во Гевгелија, уредена нова надворешна фасада, извршено целосно реновирање на Центарот за педијатриска нега, на Одделението за имунизација, како и на тоалетите на вториот кат во Здравствениот дом со што значително се подобри квалитетот на медицинската нега на граѓаните во поширокиот регион на Гевгелија.
- Ова што е тука направено беше многу потребно и сакам да упатам искрени честитки на американскиот народ и САД за поддршката што ни ја даваат особено во делот на здравството. Ова е втор поголем проект финансиран од војската на САД, а првиот беше Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. Сега се создадени подобри услови за давање поквалитетни здравствени услуги, подобра околина за работа на здравствените работници, но и за престој на пациентите. Очекувам дека ова ќе биде поттик за уште поголем квалитет и подобрување на здравствените услуги, како и на подобар пристап на давање на здравствените услуги на пациентите од регионот, рече министерот Тодоров.
ZD Gevgelija foto1
Американскиот амбасадор Џес Бејли изрази големо задоволство што присуствува на настанот во Гевгелија и им се заблагодари на сите претставници од институциите кои помогнаа за реализација на проектот. Голема благодарност изрази и за соработката што ја имаат со Владата на Република Македонија.
- Ова всушност е еден дел од нашата помош што ја даваме во здравството, а дел оди во образованието каде особено поддржуваме проекти кои се занимаваат со интеретничка интеграција на децата. Со тоа сакаме да има добри здравствени услуги во државата и добро едуцирани деца кои тука ќе продолжат да градат, истакна амбасадорот.
Директорот на Здравствениот дом-Гевгелија, Томислав Петков изрази огромна благодарност до амбасадорот Бејли за пружената помош и рече дека ова е прв таков проект реализиран во Гевгелија што во голема мера ќе ги подобри условите за работа и обезбедување подобри здравствени услуги за пациентите.

Отворена можност за пријавување кандидати за соработка со странски медицински центри

$
0
0

foto-mz-tabla-150x150Министерството за здравство ги повикува сите заинтересирани лица да се пријават на огласот за надворешен соработник за развој на соработка со странски медицински центри и договарање работен ангажман на врвни странски доктори од различни области во јавните здравствени установи низ државата.

Ангажманот на соработникот се состои од воспоставување контакти со странски медицински центри, како и непосредни контакти со повеќе доктори, а во зависност од потребите, ангажманот може да вклучува и посета и престој во странски држави. Ангажираниот соработник треба да поседува добри комуникациски и менаџерски вештини.

Воедно, кандидатот за соработник треба да ги исполнува следните услови: завршено високо образование од која било област, а предност при селекцијата ќе имаат дипломирани доктори по општа медицина, дипломирани фармацевти и дипломирани стоматолози, како и одлично познавање англиски јазик, за што треба да поседува соодветно признание (TOEFL или друга меѓународно призната диплома).

Заинтересираните кандидати можат да испратат кратка биографија (CV) и потврда за познавање англиски јазик во архивата на Министерството за здравство, или по пошта на адресата: ул. 50 Дивизија бр.14, 1000 Скопје, со назнака: „Оглас за ангажирање надворешен соработник за развој на соработка со странски медицински центри“.

Пациентите задоволни од условите во ЈЗУ

$
0
0

Пациентите годинава споредено со 2013 година се многу повеќе задоволни од достапноста и љубезноста на лекарите во болниците и клиниките, од квалитетот на услугата што ја добиваат, од здравствените работници, од чекањето за преглед кое е пократко, од односот на шалтерските службеници во тие јавни здравствени установи, од условите и комфорот во чекалните итн.

Ова го покажуваат резултатите од најновото спроведено истражување на задоволството на пациентите во јавното здравство, односно перцепцијата на пациентите за повеќе сегменти од функционирањето на јавните здравствени установи. Истражувањето е спроведено од Министерството за здравство, изминатиот месец во форма на теренска анкета во 21 универзитетска клиника, 15 болници во повеќе градови низ државата и 32 здравствени домови, а биле опфатени 6.300 испитаници. Министерството во соработка со Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи, организира спроведување на анонимни анкети за задоволството на пациентите два пати годишно.

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска на прес-конференција на која ги презентираше резултатите од истражувањето рече дека генерално се задоволни од резултатите, иако кај дел од јавните здравствени установи е потребно подобрување во одредени сегменти. Добиените податоци, посочи, детално се обработуваат и во претстојниот период ќе објавиме и поединечни резултати по установи, како и споредба меѓу постигнатите резултати на установите.

- Испитувањето на задоволството на пациентите е фокусирано на два општи сегменти: квалитетни услови во јавните здравствени установи и хоспитална култура во јавното здравство. Во делот на хоспиталната култура, го анализиравме задоволството на пациентите од: достапноста на лекарите и персоналот, љубезноста на лекарите и персоналот, како и односот на шалтерските работници, нагласи Тодоров.

Според него, на прашањето генерално дали сте задоволни од достапноста на лекарите, евидентно е зголемувањето на задоволството на пациентите. Потенцира дека во 2015 година споредено со 2013 година за околу 5 отсто е поголем бројот на пациенти кои се задоволни од достапноста на лекарите во болниците и во клиниките.

Споредено со 2013 година, кога 67,5 отсто од пациентите биле задоволни од достапноста на лекарите во општите болници, тој процент годинава изнесува 72,1 отсто. Во 2013 година 60,3 отсто од пациентите биле задоволни од достапноста на лекарите на клиниките, а годинава тој процент изнесува 65,1 отсто.

- На прашањето генерално дали сте задоволни од љубезноста на лекарите, резултатите прикажуваат слична состојба, односно зголемено е општото задоволство кај пациентите. Во 2013 година 70,5 отсто од испитаните пациенти одговориле дека се задоволни од љубезноста на лекарите на клиниките, додека во 2015 година процентот е зголемен за дополнителни 5 отсто и изнесува 75,3 отсто, рече Тодоров.

Укажа дека бројот на незадоволни пациенти е намален од 10,2 отсто на 6,5 отсто на клиниките и од 20,3 отсто на 18,2 отсто во болниците

На прашањето генерално дали сте задоволни од односот на шалтерските работници во болниците, појасни, има видливо подобрување, односно зголемување на процентот на задоволни пациенти и истовремено намалување на бројот на незадоволни пациенти, додека кај клиниките се бележи мал пораст на незадоволството од односот на шалтерските службеници (од 10,8 отсто во 2013 година на 13,3 отсто во 2015 година).

Тодоров нагласи дека во оваа насока продолжуваат со континуираното вложување во обуки, работилници, со цел комплетно унапредување на хоспиталната култура, која е еден од сегментите на кои се фокусира испитувањето на задоволството на пациентите.

Според резултатите во делот на квалитетни услови во јавните здравствени установи, на прашањето дали сте задоволни генерално од квалитетот на услугата што ја добивте од лекарот, се бележи значителен пораст на задоволството од 75,5 отсто во 2013 година на 89,5 отсто годинава, односно за 14 отсто е зголемено задоволството на пациентите од квалитетот на добиените здравствени услуги од докторите на клиниките.

- Слична е состојбата и кај болниците, како и кај здравствените домови каде дури 86,3 отсто од испитаните пациенти одговориле дека се задоволни од услугите на докторите, наспроти 13,7 отсто незадоволни. Истражување покажува особено висок степен на задоволство од сите здравствени работници воопшто, така што на сите три нивоа на здравствена заштита над 70 отсто од испитаниците одговориле дека се задоволни општо од сите здравствени работници, рече Тодоров.

Посочи дека резултатите од истражувањето се уште еден во низата показатели дека системот МојТермин успешно функционира и забележително е зголемувањето на задоволството од времето на чекање за преглед, односно во споредба со 2013 година, кога од испитаните пациенти во болниците 47,1 отсто одговориле дека се задоволни од времето на чекање за преглед, годинава процентот е зголемен на 60,9 отсто.

- Од аспект на условите и комфорот во чекалните, се забележува пораст на задоволството кај пациентите во болниците (од 40,9 отсто во 2013 година на 44,2 отсто пациенти кои на овогодинешната анкета одговориле дека се задоволни од условите и комфорот во чекалните). Уште еден сегмент на кој сме континуирано фокусирани е хигиената во болниците, така што и тука бележиме пораст на задоволството, особено кај клиниките, каде процентот на задоволни пациенти од 2013 година, досега, пораснал од 59,4 отсто на 62,5 отсто, додека кај здравствените домови има највисок процент задоволни пациенти од хигиената во болниците – 73,7 отсто, рече Тодоров.

Додаде дека во делот на подобрување на болничките услови и квалитетот на здравствените услуги, во тек се неколку крупни проекти со кои во претстојниот период значително ќе се подобрат болничките услови, а тоа се: реконструкција на Општа болница Прилеп, реконструкција на Клиничка болница Битола, изградба на комплетно нов Ургентен центар во Куманово, изградба на нов објект за општата болница во Кичево, а според Програмата на Владата за периодот до 2018 година, предвидуваме отпочнување на уште неколку крупни проекти за кои веќе се во тек подготвителните активности меѓу кои: Целосна реконструкција на Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, реконструкција на Клиниката по хируршки болести „Св.Наум Охридски“, Општата болница во Струмица, итн.

Избор на лого за Државна Кардиохирургија

$
0
0

Министерството за здравство Ве повикува да гласате за избор на идејно решение за лого на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија.

Со својот глас имате можност да придонесете кон изборот на најдоброто решение за лого на клиниката.

Во продолжение се понудените 4 идејни решенија, кои се пријавени на објавениот конкурс за избор на идејно ликовно и графичко решение за лого на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија.

Лого 1:

Лого 1

Лого 1

Лого 2:

Logo2

Лого 2

Лого 3:

Logo3

Лого 3

Лого 4:

Logo4

Лого 4

 

Note: There is a poll embedded within this post, please visit the site to participate in this post's poll.

Министерот Тодоров се сретна со медицинскиот тим од Куманово

$
0
0

 
Министерот за здравство, Никола Тодоров денеска беше во Куманово, каде ги посети Општата болница и службата за Итна медицинска помош при Здравствениот дом.

Министерот се сретна со докторите, медицинските сестри и останатиот персонал кој беше ангажиран за време на настаните изминатите два дена. На средбата, министерот беше детално запознаен со постапувањето на медицинските тимови околу третманот на повредените лица.

Воедно, министерот лично упати благодарност до медицинските тимови за навремената реакција, пожртвуваноста, максималните заложби за укажување помош на повредените, како и покажаната професионалност и стручност.

Во рамки на посетата на Куманово, министерот Тодоров, придружуван од пратеникот Зоран Ѓорѓиевски, се потпиша во отворената книга на жалост и се сретна со локалното население.

Од идниот месец подвижни аптеки во шест региони во државата

$
0
0
Pres podvizni apteki foto1Доделени се шест лиценци за подвижни аптеки во повеќе региони низ државата и во финална фаза е нивното отворање. Се очекува подвижните аптеки да почнат да функционираат од наредниот месец, со што ќе се овозможи жителите на помалите населени места (до 1000 жители) потребната терапија да ја добиваат во своето место на живеење. Со овие шест лиценци кои се веќе доделени, опфаќаме 304 населени места со над 50.000 жители.
Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека оваа мерка за воведување подвижни аптеки низ државата овозможува директен бенефит за над 266.000 жители во 1.400 населени места.
Министерството за здравство кон крајот на минатата година објави јавен повик за доделување лиценци за подвижни аптеки во мрежата на здравствени установи, при што во Полошкиот регион се доделени четири лиценци и тоа една за регионот на општина Дебар, Маврово-Ростуше, Центар Жупа (со која се опфатени вкупно 64 населени места), една за регионот на општина Тетово и Боговиње (со која се опфатени 17 населени места), една за регионот на општина Теарце, Јегуновце, Желино, Брвеница (со која се опфатени 35 населени места) и една за општина Гостивар и Врапчиште, со која се опфатени 29 населени места.
- Покрај Полошкиот регион, опфатен е и Југоисточниот регион, односно реонот на општина Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово (вкупно 44 населени места) и Пелагонискиот регион, односно општините Прилеп, Новаци и Могила (со вкупно 115 населени места). Во овие населени места лековите се доставуваат со посебно возило, таканаречено подвижна аптека, а како кадар се ангажирани фармацевтски техничари, а предвидено е подвижните аптеки да ги посетуваат населените места најмалку два до три пати во месецот по претходно утврден распоред. Воедно,  дипломиран фармацевт вработен во аптеката (во рамки на која како посебна организациска единица функционира подвижната аптека), има обврска најмалку еднаш неделно да врши контрола на работата на фармацевтскиот техничар.
- Целта е со оваа мерка да придонесеме кон подобра здравствена заштита на примарно ниво во руралните подрачја во државата кои досега не беа соодветно покриени со аптеки. Пред да ја воведеме мерката, извршивме темелна анализа за сите населени места во кои поради малиот број жители немаше интерес за отворање рурални аптеки, и врз основа на тоа ја изготвивме мапата на населени места (до 1.000 жители) кои треба да бидат покриени со подвижни аптеки, истакна Тодоров.
Поради интересот за воведување подвижни аптеки и во другите региони низ државата, Министерството за здравство веќе објави и нов јавен повик за доделување вкупно 18 нови лиценци за подвижни аптеки. По две лиценци ќе добијат Демир Хисар, Крушево, Кривогаштани и Долнени, Струмица, Василево, Босилово, Ново Село, а една лиценца ќе добијат Битола, Ресен и Охрид, Кичево и Македонски Брод, Струга и Дебарца, Велес, Чашка, Градско и Лозово, Кавадарци, Демир Капија, Неготино, Конче, Кочани, Кратово, Пробиштип, Крива Паланка, Ранковце, Македонска Каменица, Виница, Берово, Пехчево, Делчево, Штип, Свети Николе, Радовиш, Карбинци, Зрновци, Чешиново, Облешево, Арачиново, Илинден, Петровец, Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Сопиште, Студеничани и Зелениково.
- Во рамки на овој проект и согласно измените и дополнувањата на Законот за лековите и медицинските помагала, приватните здравствени установи – аптеки кои имаат две или повеќе аптеки во иста општина, или пет или повеќе аптеки на ниво на Македонија, задолжени се да отворат аптеки/аптекарски станици во рурални подрачја, односно подрачја со население до 3.500 жители, рече Тодоров.
Нагласи дека доделени се 66 решенија за аптекарски станици, со кои се покрива регион од 37 општини и се опфатени над 130.000 жители и додаде дека веќе 46 аптекарски станици имаат склучено договори со Фондот за здравствено осигурување и издаваат лекови на рецепт.
Директорката на Агенцијата за лекови, Марија Дарковска-Серафимовска информираше дека проектот за подвижни аптеки кореспондира со проектот рурален доктор, што значи подвижните аптеки ќе бидат во координација со руралните доктори односно со нивната работа, со цел, како што истакна, пациентите навреме да добијат и здравствена заштита и лекови на товар на Фондот за здравствено осигурување на Македонија

Од МојТермин задоволни 67,6 отсто од пациентите

$
0
0
moj-termin

Висок процент односно 67,6 отсто од пациентите се задоволни од функционирањето на Националниот систем за електронски евиденции во здравството МојТермин.

Ова го покажаа резултатите од обемното истражување за задоволството на пациентите од функционирањето на здравствениот систем, кое во еден сегмент е фокусирано само на системот МојТермин и биле опфатени 6.300 испитаници, преку теренска анкета во 68 јавни здравствени установи (универзитетски клиники, општи и клинички болници, здравствени домови).

Министерот за здравство Никола Тодоров на прес-конференција на која ги презентираше резултатите од истражувањето рече дека пациентите се најзадоволни од функционирањето на МојТермин во клиниките за онкологија, за инфективни болести, за дерматовенерологија, општите болници во Кичево и Куманово, Клиничката болница во Тетово и Клиниката по хирушки болести „Св.Наум Охридски“.

Посочи дека високо ниво на задоволство кај пациентите од функционирањето на МојТермин има во здравствените домови во Кратово, Гевгелија, Куманово, Македонски Брод, Крива Паланка, Валандово и Крушево.

Најмалку задоволни од функционирањето на МојТермин се пациентите на клиниките за урологија, за пулмологија, за психијатрија, клиничките болници во Штип и Битола, Општата болница во Охрид, како и во здравствените домови во Штип, Охрид, Струга, Битола, Вевчани, Демир Хисар, Пробиштип и Кавадарци.

Според Тодоров, во јавните здравствени установи каде директорот на ЈЗУ постапува по укажувањата и препораките на Министерството за здравство и тимот од МојТермин, задоволството на пациентите од имплементацијата на системот е одлично и обратно, таму каде директорите на ЈЗУ не се фокусирани на оваа реформа и имплементација на системот пациентите се најмалку задоволни. Посочи дека тие ЈЗУ ќе треба да работат сериозно на имплементација на препораките дадени од тимот на МојТермин во Министерството за здравство.

На прашањето Дали сте задоволни од услугата МојТермин и нејзиното функционирање, по повеќе различни параметри, појасни министерот, забележително е дека во секоја возрасна група, над 64 отсто од испитаните пациенти се задоволни од МојТермин, а најголемо е задоволството кај возрасната група од 36 до 45 години (70,5 отсто).

Од аспект на етничката припадност, 66,7 отсто од испитаните Македонци се задоволни од услугата, а 76,8 отсто од испитаните Албанци се задоволни, додека кај другите етнички групи процентот е 61,7 отсто задоволни пациенти. Исто така, забележавме дека е најголемо задоволството кај пациентите од Скопје и од руралните населени места низ државата, рече Тодоров.

Истакна дека според резултатите од истражувањето, 69,6 отсто од испитаните пациенти сметаат дека докторите го почитуваат закажаното време за преглед во системот МојТермин, додека 30,4 отсто сметаат дека не се почитува закажаното време од страна на докторите. 

- Резултатите покажуваат дека пациентите сметаат дека најмногу се почитува закажаното време за преглед од страна на докторите на: Клиника за дерматологија, Општа болница Кичево, здравствените домови во Кратово, Кичево, Ростуше, Куманово и Македонски Брод. Голем дел од пациентите сметаат дека докторите го почитуваат времето за преглед и на клиниките за онкологија, за инфективни болести, за ендокринологија итн., потенцира Тодоров.

Од друга страна, нагласи, резултатите покажуваат дека најмалку се почитува закажаното време за преглед на клиниките за пулмологија, за неврологија, за урологија, во општите болница во Охрид и во Струга.

- Огромен дел од испитаниците (88,5 отсто) одговориле дека не се случило да дојдат на преглед, а докторот да не е присутен во амбуланта, без никакво претходно известување. За целокупното функционирање на системот МојТермин, потребно е не само почитување на закажаните термини од страна на докторите, туку и доследно почитување од страна на пациентите, истакна Тодоров.

Резултатите од спроведеното истражување на задоволството на пациентите од функционирањето на системот МојТермин, ќе бидат објавени и достапни на веб страната на Министерството за здравство. Истражувањата од ваков тип, појасни министерот, претставуваат добра можност за детектирање евентуални слабости во функционирањето, со цел да се фокусираме на нивно исправање и целокупно унапредување на системот.

- За потсетување, според рангирањето на Европскиот здравствен потрошувачки индекс, Република Македонија оствари напредок од 11 места за само една година, што е историски најголем напредок откако е воведено рангирањето,  а токму една од клучните реформи која нè искачи високо на европската скала е електронскиот систем МојТермин, рече Тодоров.

Додаде дека овој систем е оценет како уникатен систем и реформа што ја препорачуваат за имплементација во повеќе европски земји, имајќи предвид дека овозможува во реално време добивање на податоци за пациентите, докторите, здравствените услуги, кои се исклучително значајни за градењето на здравствената политика на државата.

Деталните податоци од анкетата може да ги погледнете тука

Линк – Анкета

Заменик министерот за здравство на регионална конференција за репродуктивно здравје во Софија – Република Бугарија

$
0
0

zamenik-Bugarija foto2Заменик министерот за здравство, Јовица Андовски, присуствува на регионалната конференција за подобрување на репродуктивното здравје во регионот, која се одржува од 27 до 29 мај во Софија, Република Бугарија, во организација на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА).

На конференцијата учествуваат високи претставници и експерти од повеќе земји од регионот на Источна Европа и Централна Азија. Фокусот на дискусиите ги опфаќа заложбите во областа на сексуалното и репродуктивно здравје во насока на постигнување одржлив развој, унапредување на здравствените услуги во оваа област, како и превенција од заболувања преку здрави животни стилови.

Во своето вчерашно обраќање пред присутните на конференцијата, заменик министерот за здравство ја истакна добрата соработката со Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА), која во последните две години е интензивирана со системски приод кон подобрување на услугите, со што се постигнати значајни резултати во областа на  репродуктивното здравје.zamenik-Bugarija foto1

Заменик министерот Андовски потенцираше дека со потпишувањето двегодишен Меморандум за разбирање со УНФПА, спроведени се повеќе значајни мерки, меѓу кои воведувањето минимален пакет на услуги за репродуктивно здравје во услови на кризи. Воедно, беше потенцирана континуираната поддршка од УНФПА за изработка, примена и ревизија на упатствата од медицина базирана на докази, следење на сексуално преносливите инфекции, унапредување на услугите за семејно планирање, како и зајакнување на одговорот на здравствениот систем при појава на семејно насилство.

Во рамки на обраќањето, заменик министерот Андовски се осврна и на мерките на Министерството за здравство за унапредување на здравјето на мајките и новороденчињата, меѓу кои: обезбедување бесплатни таблети со фолна киселина и јод за сите бремени жени во насока на намалување на процентот на анемии и предвремени породувања, како и процентот на деца родени со ниска родилна тежина, договорената соработка со Универзитетската болница „Мајчин дом“–Софија со посебен фокус на едукација и стручно доусовршување на македонските доктори во областа на неонатологијата, како и воведената електронска мајчина книшка во рамки на системот МојТермин, со цел прецизно следење и контрола на бременоста и заштита на здравјето на мајката и новороденчето.

Тодоров: Со Агенцијата за лекови ќе продолжиме да обезбедуваме квалитетни, безбедни и достапни лекови

$
0
0

Agenc lekovi Todorov foto3Обезбедување квалитетни, безбедни и евтини лекови, и поголема достапност до сите граѓани, се дел од целите на чие остварување заеднички работат Министерството за здравство и Агенцијата за лекови, истакна денеска министерот за здравство Никола Тодоров.

Тој обраќајќи се на Симпозиумот на Агенцијата за лекови и медицински помагала на Република Македонија, рече дека за таа цел се донесени законски измени за допрецизирање на одредени области од фармацевтската дејност.

Законските измени, посочи, се фокусирани на одредбите за интервентен увоз, промет со лекови преку интернет, времетраењето на одобрение за регистрација на хомеопатските и традиционалните хербални лекови, формирање стручно-советодавни комисии во рамки на Агенцијата, како и прецизно утврдување на надлежностите на Агенцијата за лекови и нејзиниот директор.

Со овие законски измени овозможуваме подигнување на нивото на квалитет во процесот на производство и контрола на лековите, зајакнување на механизмот за контрола на лекови што немаат одобрение за ставање во промет, а воедно дефинирање на Агенцијата како регулаторно тело кое гарантира за безбедноста, квалитетот и сигурноста на сите лекови во државата, рече министерот Тодоров.

Еден од сегментите во кои овие две институции соработуваат, според Тодоров, е и ревизијата на цената на лековите, при што цената на лекот се утврдува со споредување со големопродажната цена на истиот лек во 12 референтни земји.

На овој начин, почнувајќи од 1 февруари 2012 година извршивме вкупно 7 намалувања на цените на лековите и опфативме над 4.500 лекови, со што овозможуваме олеснување за пациентите од финансиски аспект, а истовремено и заштеди на средства во здравствениот систем кои потоа се пренаменуваат за други инвестиции во овој сектор, потенцира министерот за здравство.

Додаде дека се фокусирани и на унапредување на достапноста на лековите до секој граѓанин на државата, особено на жителите од руралните подрачја. Појасни оти по примерот на германскиот модел на отворање на супсидијарни аптеки, го вовеле проектот за рурални аптеки.

На тој начин, овозможуваме аптеките кои веќе имаат финансиска исплатливост во некое подрачје, да се врзат со аптека во подрачје во кое нема толкава финансиска исплатливост, сè со цел да овозможиме поголема достапност на лековите во сите подрачја низ државата, рече Тодоров. Agenc lekovi Todorov foto2

Директорката на Агенцијата за лекови Марија Дарковска Серафимовска истакна дека институцијата со која таа раководи го гарантира квалитетот сигурноста и безбедноста на лековите кои се на пазарот и се грижи за нивна достапност до сите граѓани на територијата на Македонија.

- Одговорно тврдам дека нема потреба да се грижат за сето она што во Македонија влегува по легален пат. Лековите кои ги користат се сигурни, безбедни, квалитетни и проверени бидејќи секој лек поминува низ низа контроли пред да се најде во аптеките, рече Дарковска Серафимовска.

Додаде дека во во Макердонија се регистрирани над 4.000 лекови, но рече, листата постојано се менува бидејќи секојдневно стасуваат нови апликации за регистранција на нови лекови што рече, е особно добро кога станува збор за нови генерики нови достигнуваења во здравството и медицината.

Viewing all 597 articles
Browse latest View live