Quantcast
Channel: Министерство за Здравство
Viewing all 597 articles
Browse latest View live

Најдобро рангираните 100 доктори за мај 2013

$
0
0

Министерството за здравство ја продолжува досегашната практика за објавување на Листата на најдобро рангираните 100 доктори за месец мај оваа година, кои ги исполнуваат соодветните критериуми за наградување според системот за плаќање по успешност, со цел валоризирање на работата на оние кои најмногу се залагаат во работењето на ЈЗУ

Станува збор за најдобро рангираните 100 доктори за месец мај од секундарно и терциерно ниво, кои се движечка сила во своите институции.

Сите наградени доктори стануваат дел од „Клуб 100-најдобри доктори“. Тие добиваат посебно признание и паричен надоместок во висина од нето плата, во која се вклучени сите додатоци на плата на здравствениот работник (двојна плата) за месецот за кој постигнал најдобар резултат.

Најдобро рангираните доктори ќе имаат право на дополнителна дејност во матичната институција каде работат и во останатите јавни здравствени установи.

Со имплементација на овој проект се валоризира работата на оние кои најмногу се залагаат во здравствените установи.

Изборот е направен според воспоставени критериуми, како што се остварениот учинок во месец мај, годинава, бројот на извршени интервенции, типот и видот на извршени интервенции, реализирани обуки и слично.

Во прилог на соопштението е комплетната листа на најдобро рангираните доктори од јавните здравствени установи во државата за месец мај (по азбучен редослед).

Првите 10 најдобро рангирани доктори-специјалисти за месец мај, согласно критериумите од проектот за плаќање по успешност се:

# Име на лекар Презиме на лекар Здравствена Установа

1

Соња Бојаџиева ЈЗУ УК ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ

2

Благица Илиеска ЈЗУ Општа болница – Прилеп

3

Ацо Димов ЈЗУ УК за детска хирургија

4

Наташа Јаковљевиќ ЈЗУ УК за дерматологија

5

Мире Петковски СБ  за белодробни заболувања и туберкулоза - Јасеново

6

Mара Петревска Универзитетски стоматолошки клинички центар

7

Катарина Ставриќ ЈЗУ УК ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ

8

Лазар Тодоровиќ ЈЗУ УК за детска хирургија

9

Ленче Бојаџиевска Универзитетски стоматолошки клинички центар

10

Слободан Дамјановски ЈЗУ УК за неврохирургија

 

 

Комплетна листа на наградени доктори за месец мај (по азбучен ред)

# Име на лекар Презиме на лекар Здравствена Установа

1

Александар Адамов ЈЗУ УК за ТОАРИЛУЦ

2

Вјолца Алији ЈЗУ УК за радиологија

3

Љубица Анастасиевска ЈЗУ Општа болница “Д-р Ферид Мурад”  Гостивар

4

Валентина Андова ЈЗУ УК за кардиологија

5

Алан Андоновски ЈЗУ УК за ТОАРИЛУЦ

6

Драган Андоновски Градска општа болница 8-ми Септември

7

Борче Антевски ЈЗУ УК за торакална и васкуларна хирургија

8

Николче Арсовски ЈЗУ Општа болница – Куманово

9

Аљбон Асани ЈЗУ Клиничка болница – Тетово

10

Ирфан Ахмети ЈЗУ УК за ендокринологија

11

Татјана БајрактароваПрошева ЈЗУ Клиничка болница Штип

12

Горан Балевски ЈЗУ Општа болница – Охрид

13

Алберто Бенедети ЈЗУ УК на лице, вилици и врат – Максилофацијална хирургија

14

Славица Божиновска ЈЗУ Клиничка болница – Тетово

15

Соња Бојаџиева ЈЗУ УК за детски болести

16

Ленче Бојаџиевска Универзитетски стоматолошки клинички центар

17

Нина Биљановска ЈЗУ УК за Дерматологија

18

Дубравка Бунташеска ЈЗУ Општа болница – Охрид

19

Марија Вавлукис ЈЗУ УК за кардиологија

20

Аднан Врајнко ЈЗУ Општа болница “Д-р Ферид Мурад”  Гостивар

21

Антонио Гавриловски ЈЗУ УК за ТОАРИЛУЦ

22

Светлана Гачева – Цветковска Универзитетски стоматолошки клинички центар

23

Магдалена Гашева ЈЗУ УК за инфективни болести и фебрилни состојби

24

Магдалена ГенадиеваДимитрова ЈЗУ УК за гастроентерохепатологија

25

Билјана Ѓорѓиева Универзитетски стоматолошки клинички центар

26

Климе Ѓорески ЈЗУ УК за радиологија

27

Лујза Груева ЈЗУ УК за кардиологија

28

Душанка Грујоска-Вета ЈЗУ УК за ТОАРИЛУЦ

29

Михаел Груневски ЈЗУ УК за радиологија

30

Бети Ѓуркова-Ангеловска ЈЗУ УК ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ

31

Слободан Дамјановски ЈЗУ УК за неврохирургија

32

Артан Дика УК за пластична и реконструктивна хирургија

33

Ацо Димов ЈЗУ УК за детска хирургија

34

Весна Димовска ЈЗУ УК за очни болести

35

Марија Евкоска ЈЗУ Клиничка болница – Тетово

36

Цветанка ЕвтимовскаНастевска ЈЗУ УК за инфективни болести и фебрилни состојби

37

Сабиха Елези ЈЗУ Општа болница “Д-р Ферид Мурад”  Гостивар

38

Сашо Еленчевски Универзитетски стоматолошки клинички центар

39

Киро Зафиров Градска општа болница ‘’8-ми Септември’’

40

Никола Ивановски ЈЗУ Општа болница – Струмица

41

Фадил Идризи ЈЗУ Општа болница “Д-р Ферид Мурад”  Гостивар

42

Благица Илиеска ЈЗУ Општа болница – Прилеп

43

Александар Јакимовски ЈЗУ УК за ТОАРИЛУЦ

44

Наташа Јаковљевиќ ЈЗУ УК за дерматологија

45

Татјана Јаќовска ЈЗУ УК ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ

46

Јакуп Јакупи ЈЗУ Општа болница “Д-р Ферид Мурад”  Гостивар

47

Даљип Јахја ЈЗУ УК за ТОАРИЛУЦ

48

Јасминка Јошева ЈЗУ УК за радиологија

49

Глорија Караѓозова ЈЗУ Клиничка болница Штип

50

Оливер Каранфилски УК за хематологија

51

Лидија Карапец ЈЗУ Општа Болница – Охрид

52

Билјана Кладорабска ЈЗУ Општа болница – Кочани

53

Јорданка Колева ЈЗУ Општа болница – Струмица

54

Ирена КондоваТопузовска ЈЗУ УК за инфективни болести и фебрилни состојби

55

Јорго Костов ЈЗУ УК за кардиологија

56

Светлана Кочева ЈЗУ УК ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ

57

Златко Лазаревски ЈЗУ Општа болница – Струга

58

Славица Мандоска ЈЗУ Општа болница – Струга

59

Ѓоре Марковски ЈЗУ УК за инфективни болести и фебрилни состојби

60

Зоран Матев СБ  за белодробни заболувања и туберкулоза – Јасеново

61

Елизабета Миладиновска-Харбов Градска општа болница ‘’8-ми Септември’’

62

Добринка Наунова Јовановска ЈЗУ УК за инфективни болести и фебрилни состојби

63

Моника Нашкова ЈЗУ Клиничка болница Штип

64

Ристо Никоски ЈЗУ Општа болница – Прилеп

65

Софија Пејкова УК за пластична и реконструктивна хирургија

66

Мире Петковски СБ за белодробни заболувања и туберкулоза – Јасеново

67

Mара Петревска Универзитетски стоматолошки клинички центар

68

Миле Петровски ЈЗУ УК за детска хирургија

69

Русе Пецановски ЈЗУ УК на лице, вилици и врат – Максилофацијална хирургија

70

Владимир Поповски ЈЗУ УК на лице, вилици и врат – Максилофацијална хирургија

71

 Бујар Превала ЈЗУ Општа Болница – Струга

72

Зоран Прочков ЈЗУ Општа болница – Гевгелија

73

Ермир Рамадани ЈЗУ Клиничка болница – Тетово

74

Мерал Реџепи ЈЗУ Клиничка болница – Тетово

75

Дејан Ристески ЈЗУ УК за кардиологија

76

Нади Рустеми ЈЗУ Клиничка болница – Тетово

77

Лидија Сечкова ЈЗУ УК ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ

78

Лидија Сотировска ЈЗУ Клиничка болница „Д-Р Трифун Пановски“ – Битола

79

Елизабета Спасиќ ЈЗУ Општа болница – Куманово

80

Марија Спиркоска ЈЗУ Општа болница – Прилеп

81

Игор Спироски ЈЗУ УК за кардиологија

82

Сотир Ставридис ЈЗУ УК за урологија

83

Катарина Ставриќ ЈЗУ УК ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ

84

Агрон Старова ЈЗУ УК за дерматологија

85

Ќиро Стефановски Универзитетски стоматолошки клинички центар

86

Тинка Стојанова ЈЗУ Општа болница – Струмица

87

Крсте Стрезовски ЈЗУ УК за ТОАРИЛУЦ

88

Лазар Тодоровиќ ЈЗУ УК за детска хирургија

89

Билјана Тодоровска-Шапова Универзитетска клиника по хируршки болести “Св. Наум Охридски” – Скопје

90

Весна Трајкова ЈЗУ Клиничка болница Штип

91

Виктор Тренчев УК за пластична и реконструктивна хирургија

92

Ирена Фиљанска Универзитетски стоматолошки клинички центар

93

Јасмин Циривири Градска општа болница ‘’8-ми Септември’’

94

Емилија Чапароска ЈЗУ УК за кардиологија

95

Весна Челева ЈЗУ УК за очни болести

96

Синоличка Џамбазова-Здравковска ЈЗУ УК за ТОАРИЛУЦ

97

Ѓорѓе Џокиќ УК за пластична и реконструктивна хирургија

98

Никола Џорлев ЈЗУ Општа болница – Струмица

99

Илир Шабани ЈЗУ УК за ТОАРИЛУЦ

100

Роберт Шумковски ЈЗУ УК за неврохирургија

Кабинет за ОРЛ отворен во Поликлинката во Ѓорче Петров

$
0
0

По пауза од речиси пет години во Поликлиниката во Ѓорче Петров денеска е отворен кабинет за ОРЛ-оториноларингологија.
Отворањето на кабинетот, како што истакна министерот за здравство Никола Тодоров, е овозможено со преминување на докторката од приватното во јавното здравство преку проектот за кој во тек е и вториот оглас за таа намена.
Во Здравствен дом Скопје, нагласи Тодоров, вкупно 13 специјалисти од приватното здравство преминале во оваа установа. Тоа, како што кажа, ќе овозможи граѓаните да ги добиваат услугите од секундарното здравство во близина на местото на живеење, а во некои поликлиники како што се во поликлиниката во Битпазар и во Драчево ќе овозможи специјалистичките кабинети да работат двосменски.
Тодоров информира дека на вториот оглас за преминување на специјалисти од приватно во јавно здравство кој трае до 28 август досега аплицирале 75 специјалисти.

ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЛЕКОВИТЕ И МЕДИЦИНСКИТЕ ПОМАГАЛА

$
0
0

ПРЕДЛОГ ЗАКОН  ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЛЕКОВИТЕ И МЕДИЦИНСКИТЕ ПОМАГАЛА

 

Почитувани во прилог предлог законот за изменување и дополнување на законот за лекови и медицински помагала.

Вашите мислења пратате ги на маил predlogzakon@zdravstvo.gov.mk

PREDLOG-IZMENI ZAKON-ZA-LEKOVI ZA PARALELEN- UVOZ javna rasprava

Отварање на веледрогерија

Нова мерка за потранспарентни тендерски процедури во јавното здравство

$
0
0
Нова мерка во врска со јавните набавки со која ќе се овозможи зголемување на продуктивноста и ефикасноста во менаџирањето на јавните здравствени установи и поголема транспарентност во трошењето на парите во здравството, презентираше на денешната прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров.
Тој посочи дека укажувањето кое од денеска веќе е испратено до сите јавни здравствени установи предвидува за секој артикал од тендерот за набавка да биде објавен посебен лот.
- Со оваа мерка овозможуваме сериозно зголемување на конкуренцијата што би требало да доведе до намалување на цената на артиклите кои се набавуваат и овозможување што е можно поголем број компании да се вклучат во процесот на набавки во ЈЗУ.
Конкуренцијата е здрава работа и очекуваме како резултат на конкуренцијата да платиме пониска цена за истите производи или да добиеме производи со повисок квалитет за иста или пониска цена, појасни Тодоров.
Практиката за групирање на сродните артикли во еден лот, иако не е спротвна на законот, ќе се напушти бидејќи, вели, создавала ситуации заради еден артикал кој го увезува една компанија, на тендерот да биде избрана токму нејзината понуда иако за останатите артикли тендерирале пет-шест фирми со многу пониски понуди.
- Со ова укажување им забранивме на установите да набават артикли спротивно на овој принцип на набавка и исто така да преземат артикли од друг оператор, како Заеднички служби или централна набавка на повеќе установи или дури и Министерството за здравство да набавува централно, да преземат артикли доколку не се набавени според овој принцип. Еден артикл – еден лот, рече Тодоров.
Тој вели дека новата мерка може да го одолжи процесот на набавки затоа што ќе зема повеќе време, но, дециден е, и тоа може добро да се испланира за навреме да се спроведе набавката.
Новата мерка нема да се однесува на тендерите кои се веќе објавени или се во фаза на носење одлуки.
Тодоров најави и нов проект во здравството кој се однесува на јавните набавки, а кој за кусо време ќе биде промовиран. Станува збор за електронски систем за мониторинг на набавките во јавното здравство.
Досега, додаде, во овој систем внесени се 158.590 различни артикли, вклучувајќи ги тука и лековите кои што претходно се веќе внесени во системот „Мој термин“.

Тодоров: Со паралелелен увоз на лекови конкуренција и пониски цени

$
0
0

Конкуренција и пониски цени на лековите очекува министерот за здравство Никола Тодоров со измените што се планираат во инструментот паралелен увоз на лекови, како дел од првичната верзија за промена на Законот за лекови и медицински помагала.

Со законските одредби за паралелниот увоз на лекови сакаме сериозно да ја олесниме процедурата за паралелен увоз, без притоа да влијаеме негативно на позитивната поставеност на системот досега. Во групата на држави од коишто може да се врши паралелен увоз се додаваат и Русија и Турција, рече Тодоров на денешната јавна расправа за законските измени со претставници на веледрогерии, клиники, лекарскa коморa и асоцијации.
Измени има и во делот на документите што треба да се достават за добивање одобренија, а првпат ќе се воведе паралелен увоз и кај медицинските помагала, за што се дефинираат повеќе услови, при што клучен е сертификатот за сообразност за гарантиран квалитет на помагалото.
Се предлага и обврска за лекарот задолжително да провери дали пропишаниот лек може да има несакани ефекти при интеракција со останатите лекови што ги прима пациентот, а фармацевтот при издавање на лекот да го предупреди пациентот за можните несакани ефекти при интеракција на лековите.
- Идејата е во системот „Мој термин“ да инкорпорираме уште еден дел при кој секогаш кога ќе се препишува определен лек на докторот да му бидат ставени на увид сите лекови кои имаат интеракција со него, појасни Тодоров.
Во тек на расправата Драган Конески, претседател на Асоцијацијата на увозници на иновативни фармацевтски компании, праша каква ќе биде добивката за здравствениот систем и за граѓаните од паралелниот увоз.
- Со паралелниот увоз може да се јави проблем со фалсификати на фармацевтскиот пазар, што директно би довело до ситуација граѓаните да се изложат на ризик по нивното здравје. До јуни 2013 во ЕУ Интерпол има заплането 11 милиони лекови, а два милиони во Турција, наведе Конески, кој побара и прочистување на позитивната листа на лекови.
Според министерот Тодоров, добивката од паралелниот увоз е зголемена конкуренција во системот. – Со внесување здрава конкуренција, запазувајќи ги нормите коишто обезбедуваат квалитет и не дозволуваат негово намалување, бенефитот за граѓаните и за системот ќе биде голем. Како резултат на ова очекуваме да се намалат определени цени, да се намалат трошоците и да се ослободат пари коишто ќе може да се релоцираат за други продуктивни трошења, наведе Тодоров.
Тој посочи дека се предвидува паралелниот увоз да биде во рамки на процедурите и регулативата која важи во ЕУ, каде, како што рече, тој инструмент се користи се повеќе.
Министерот за здравство најави дека ќе го разгледа и барањето од директорот на Клиниката за онкологија и радиологија Милан Ристовски, во однос на монополската политика од производителите на помагала со кои се соочуваат. Ристовски побара да се вметне став со кој ќе им се наложи на производителите на медицински помагала, во кои спаѓа радиотераписката опрема, ако сакааат да регистрират соодветно помагало да мораат да дадат авторизација барем на уште една нивна легитимна сервисна установа.
Првичната верзија на законот, како што информира Тодоров, содржи и одредби со кои се овозможува да профункционираат аптеки во рурална средина со најмногу 800 жители со најмалку еден здравствен работник со средно или вишо образование во областа на фармацијата. Најмалку еднаш неделно дипломиран фармацевт со лиценца за работа во аптека ќе врши контрола на фармацевтскиот техничар во руралната аптека. Се создава законска можност и за отворање подвижни аптеки во руралните и потешко достапните места.
За измените на Законот за лекови и медицински помагала, најави Тодоорв, ќе се одржи уште една јавна расправа.

СООПШТЕНИЕ ЗА ЛЕКАРИ ОД ПРИМАРНА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА

$
0
0

Ги известуваме сите лекари од примарна здравствена заштита дека се обврзани, согласно законските одредби, до 31.12. 2020-та година да ја завршат програмата за доедукација за семејна медицина.

Бидејќи станува збор за програма чие времетраење е различно во зависност од работното искуство на лекарите, потребно е навремено да се изврши пријавувањето за доедукација,  за да се направи соодветен распоред.

За дополнителни информации може да се обратите на следните е-mail адреси:

maja.argirovska@zdravstvo.gov.mk

zoran.stojanovski@zdravstvo.gov.mk

Студентите од штипскиот универзитет ќе се едуцираат во јапонската болница „Токуда“ Софија

$
0
0

Студенти, постдипломци и докторанти од Медицинскиот факултет во Штип ќе се едуцираат по новата наставна програма на англиски јазик договорена денеска со јапонската болница „Токуда“.

Програмата чија реализација денеска во Софија ја парафираа министерот за здравство Никола Тодоров, ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ Саша Митрев и директорот на „Токуда“ Јавор Дренски, предвидува и полагање специјалистички испити за нашите лекари.

- Со денешното потпишување на трилатералниот Меморандум отвораме ново поглавје во соработката кое на нашите студенти и лекари од сите области ќе им овозможи да стекнат многу висок степен на знаење и вештини, изјави министерот Тодоров.
Според ректорот Митрев, соработката со „Токуда“ е огромна привилегија за студентите на штипскиот Универзитет.
- Согласно програмата, наставата ќе ја изведуваат еминентни бугарски професори вработени во болницата каде, пак, нашите студенти ќе се обучуваат практично, ќе се запознаат со најновите современи медицински методи, истакна Митрев.
Мисијата на „Токуда“, како што напомена директорот Дренски, е да им се обезбеди максимално квалитетно згрижување и лекување на сите пациенти, но и да се сподели знаењето со што повеќе колеги особено од регионот.
„Токуда“ има 290 болници во Јапонија од кои 66 се клинички центри. Низ нив годишно минуваат околу осум милиони пациенти. Првата „Токуда“ болница отворена надвор од Јапонија е оваа во Софија со која Македонија веќе соработува. Над 50 лекари поминале или моментно се на пракса во најразлични области од медицината.
Новата наставна програма на англиски јазик ќе биде акредитирана во следните четири до шест месеци, по што се очекува да стартува и нејзината конкретна реализација.


ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЛЕКОВИТЕ И МЕДИЦИНСКИТЕ ПОМАГАЛА

$
0
0

Во прилог последните измени и дополнување на предлог законот за лековите и медицинските помагала.

 

Predlog izmeni na zakon

Ново –четврто намалување на цените на 752 лека

$
0
0
Вкупно 752 лека (иновативни, оригинатори и генерички лекови) од денеска во аптеките се продаваат по намалени цени. Намалувањето на максималните цени на лековите е четврто по ред. Вкупната проценета годишна заштеда на годишно ниво за граѓаните, јавните здравствени установи и буџетот со ова октомвриско намалување на цените на лековите е околу 7.400.000 евра.
Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека значително намалување има кај сите фармакотерапевтски групи на лекови, посебно кај антинеопластици и имуномодулатори, лекови за кардиоваскуларен систем, антиепилептици, антибиотици, антимикробни лекови, антивирусни лекови, седативи, антиревматски, како и лекови кои делуваат на желудник и гастроинтестинален систем, имуносупресивите и др.
Со намалувањето се опфатени како лековите за болничка употреба, така и лековите кои граѓаните ги купуваат во аптека.
Од анализата на Бирото за лекови, посочи министерот, се воочува дека најголемо намалување има кај максималните цени на следните лекови: Spiriva Respimat (81,72 отсто) – за лекување на астма и хронични обструктивни болести, Plavix (54,83 отсто) – антикоагуланс, Celebrex (51,27 отсто) – антиревматски лек, Neupogen (48,12 отсто) – имуномодулатор, Morfin Hidrohlorid Alkaloid (45,65 отсто) – јак аналгетик и Xatral (45,50 отсто) – лек за простата.
Согласно Методологијата за одредување на цените на лековите и изготвената анализа од Бирото за лекови се намалуваат цените на 337 иновативни лекови и оригинатори, како и 415 генерички лекови.
Процентуалното намалување  на максималните цени на оригинаторите и иновативните лекови изнесува од еден до 81 процент, односно просечна цена на намалување на лековите изнесува 743 денари.Вкупната заштеда  кај оригинаторите и иновативните лекови изнесува околу 106 милиони денари, односно 1.720.600 евра, рече Тодоров.
Најголемо намалување во денари, нагласи тој, има кај лековите Tarceva од 100 и 150 мг (антинеопластик) – има намалување, односно разлика во цена од 13, односно 15.000 денари, Tyverb од 250 мг (антинеопластик) – има разлика во цена од околу 11.000 денари, Spiriva Respimat 2.5 микрограми (лек за хронична астма) – разлика во цена од 8.700 денари, Fludara од 10mg (антинеопластик) – разлика во цена од 6.000 денари и CopeguS 250 мг (антивирусен лек)- разлика во цена околу 7.400 денари.
- Забележително намалување има и кај генеричките лекови, каде се намалени цените на 415 генерички лекови.Просечното процентуално намалување изнесува 23,57 отсто, односно просечна цена на намалување на лековите е 2.226,50 денари, додека проценетата заштеда изнесува 347.711.000 денари (5.654.000 евра). Пример, најголема заштеда има кај генериката Lansoprazole од 30 mg, станува збор за лек за стомачен улкус, со намалување од 527 денари на 312 денари, со што годишно се заштедуваат околу 386.000 евра, истакна Тодоров.
Појасни дека кај генериката Nimesulide од 100 mg (антиифламаторен аналгетик), со намалување на максималната цена од 219 денари на 97,73 денари, со што годишната заштеда изнесува 355.000 евра.
- Процентуално намалување има и кај генериките: Vinorelbine (лек за малигни заболувања)-намалувањето изнесува 85,65 отсто, Darbepoetin alfa (терапија за канцер)- има намалување од 82,13 отсто, Irinotecan (за лекување ректален карцином) – 72,02 oтсто, Gemcitabine (лек за канцер на гради и бели дробови) – 71,92 oтсто, Irinotecan (лек за ректален карцином) – има намалување во цена од 72 отсто, Olmesartan (лек за намалување на крвен притисок) – 71,40 oтсто, Docetaxel (лек за леукемии)- разлика во цена 60 oтсто, Еverolimus (лек за малигни заболувања) – има разлика во цена од 30,15 отсто, Temozolomid (лек за карциноми) – разлика во цена од 58 oтсто, Zoledronic acid (третира оштетувања на коски при малигни состојби) – разлика во цена од 40 oтсто, рече Тодоров.
Доколку би ги сумирале проценетите заштеди на годишно ниво, заштедата кај генеричките лекови ќе изнесува 5.654.000 евра, додека кај оригинаторите и кај иновативните лекови изнесува 1.720.600 евра. Вкупната проценета заштеда на продажбата на иновативните и лековите-оригинатори во аптеките изнесува 866.000 евра на годишно ниво.
 Проценетата заштеда кај болничките лекови, како што рече, изнесува 2.200.000 евра, а вкупната проценета заштеда на годишно ниво, со ова октомвриско намалување изнесува околу 10.440.000 евра.
- Според податоците од Мој Термин, лекот Pancef – антибиотик во септември бил препишан 4.300 пати, односно заштедата за септември според намалувањата би изнесувала 780.800 денари (12.700 евра). Истиот лек до 15 октомври е препишан 2.600 пати, односно досегашната заштеда би била 7.700 евра.Генериката Lansoprazole- лек за улкус од 30 mg, во сите фармацевтски форми и пакувања во септември била препишана 18.600 пати од страна на матичните лекари, односно заштедата за септември би изнесувала 60.000 евра, потенцира Тодоров и додаде дека до 15 октомври, истата генерика била препишана 11.200 пати од страна на матичните лекари, односно заштедата за првите 15 дена од октомври изнесува 36.100 евра.
Тој укажа дека Lisinopril  – антихипертензив од 20 mg e една од најчесто препишуваните генерики, која во месец септември била препишана 43.000 пати од страна на матичните лекари, односно заштедата за септември според намалувањата би изнесувала 1.080.000 денари (17.500 евра) и додаде дека таа генерика и јачина до 15 октомври била препишана 30.600 пати од матичните лекари, и заштедата изнесува 766.200 денари (12.500 евра).
Министерот Тодоров посочи дека продолжуваат заложбите на Владата и на Министерството за здравство за намалување на цените на лековите, како и овозможување поголема достапност на лековите кои се неопходно потребни за одржување на здравјето, превенирање или лекување на одредени заболувања.

Презентација намалување на цени

Почна вакцинацијата против сезонски грип

$
0
0

Скопје, 17 октомври – Сите заинтересирани граѓани од денеска имаат можност да се вакцинираат против сезонски грип во центрите за јавно здравје низ државата, како и во овластени приватни здравствени установи.

vakcina FOTO

Вакцинацијата е незадолжителна по избор на граѓанинот и се наплаќа по 400 денари.
За годинава се набавени околу 30.000 дози тритипна вакцина, производство на реномираната фармацевтска компанија „Глаксо Смит Клајн“ од Белгија, од кои најголем дел се наменети за центрите за јавно здравје, а помал дел за приватни здравствени установи, овластени за вакцинација против грип.
Вакцините се безбедни, со врвен квалитет, согласно препораките на Светската здравствена организација и се испитани и одобрени од Бирото за лекови при Министерството за здравство.
Грипот е сезонско заболување, кое најчесто се пренесува по воздушен пат, со близок директен контакт со заболениот, кое обично дава лесна клиничка слика, но може и да заврши со посериозни комликации. Токму затоа, Министерството за здравство им препорачува на граѓаните, посебно на лицата од ризичните групи, како што се постари лица над 60 години, хронично болните, децата од шест месеци до пет години, бремени жени и здравствени работници, навремено да се вакцинираат со цел навремено создавање имунитет на организмот против вирусот на грип.

Article 7

$
0
0

Министерството за здравство на Република Македонија во соработка со реномирани професори од Универзитетот Гоце Делчев од Штип и од Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје, за прв пат во Република Македонија организира стручна работилница за радиофармација (19 и 20 Октомври 2013 година). Темите кои ќе бидат обработени на оваа работилница се:

  • Вовед во радиофармација
  • Регулатива во радиофармација
  • Дозиметрија во радиофармацијата
  • Клиничка употреба на радиофармацевтски препарати

Проектна единица за имплементација на ПЕТ Центар
Ул. Железничка бр. 30/3, 1000 Скопје

Телефон: 02-3129-006
E-mail: petcentar.skopje@zdravstvo.gov.mk

Учеството на работилницата е бесплатно.
Бројот на учесници е ограничен. Предност имаат првопријавените.
Краен рок за пријавување: 14 октомври 2013, 12:00ч.
Акредитирано од Фармацевтска комора на Македонија—10 бодови

Пријавувањето за кандидатите е веќе завршено.

Агенда на работилницата

Работна посета на заменик министерот Јовица Андовски за размена на искуства за имплементација на Меѓународниот здравствен правилник на СЗО во Берлин, Германија

$
0
0

Делегација од Министерството за здравство,  предводена од заменик министерот за здравство, Јовица Андовски, од вчера престојува во дводневна работна посета на Министерството за здравство во Берлин, Германија. Во рамки на делегацијата учествуваат и директорот на Институтот за јавно здравје, д-р Шабан Мемети, д-р Јованка Костовска, раководител на сектор во МЗ, д-р Михаил Кочубовски, раководител на сектор во ИЈЗ, д-р Жарко Караџовски, началник на оддел во ИЈЗ, како и Маргарита Спасеновска од Канцеларијата на СЗО во Скопје.

foto, zamenik min Jovica Andovski, Germanija
Посетата е организирана со цел размена на искуства меѓу Македонија и Германија, како земја членка на Европска Унија која има големо искуство и капацитети посветени за имплементација на одредбите од Меѓународниот здравствен правилник (МЗП). Во рамки на посетата одржан е состанок на кој беа разменети информации за структурата за известување при појава на одредени јавно-здравствени ризик-фактори од меѓународно значење до СЗО,согласно Меѓународниот здравствен правилник. Како јавно-здравствен ризик фактор од
меѓународно значење се подразбираат биолошките, хемиските и радиолошките здравствени ризици. Македонската делегација информираше дека се  работи на изготвување Акциски план за развој и имплементација на протоколи, зајакнување на лабораториските капацитети, со посебен акцент на интерсекторскиот пристап, посебно при инциденти со јонизирачко зрачење и беа презентирани хемиските и радиолошките ризици од меѓународно значење, како и биолошките ризици и начинот на известување до
СЗО, согласно Меѓународниот здравствен правилник. Од страна на германското министерството за здравство, пак, беа презентирани нивните искуства и предизвици во спроведувањето на овој Правилник, при што беше информирано дека годинава е донесен Закон за имплементација на меѓународниот здравствен правилник, со цел координација на постојните институции и претставува чадор-регулатива за другите закони за координирање на известувањата од  другите релевантни министерства и институции до СЗО.

Министерот Тодоров се сретна со Ванг Гуочанг, заменик-министер во кинеската национална комисија за здравје

$
0
0
Министерот за здравство, Никола Тодоров од 21 до 24 октомври престојува во работна посета на Народна Република Кина, во состав на делегацијата, предводена од претседателот на РМ, Ѓорге Иванов.Во рамки на посетата, министерот Тодоров се сретна со Ванг Гуочанг, заменик-министер во националната комисија за здравје и семејно планирање (пандан на Министерство за здравство) и одговорен на државната администрација за традиционална кинеска медицина, каде беше разговарано за конкретните чекори за воспоставување на традицоналната медицина во Македонија, преку развој на курикулум за студии по традиционална кинеска медицина (ТКМ), соработка на ниво на универзитети, обука на лица од РМ на полето ТКМ и престој на експерти за ТКМ од Кина во РМ.
Министерот Тодоров,  како  дел од високата делегација на претседателот, при посетата на Кина, како држава со претседателски систем, учествуваше на приемот по повод 20–годишнината од воспоставувањеto дипломатски односи во Салата на мирот во кинеската асоцијација за пријателство со странски земји, а во текот на денешниот ден, заедно со претседателот Иванов ќе имаат средба со кинескиот претседател Џинпинг Си.

Успешно изведена симулација на сообраќајна незгода

$
0
0
Заменик министерот за здравство, Јовица Андовски ја следеше импровизираната сообраќајна незгода на автопатот Гостивар-Тетово, во близина на наплатната рампа, во која се проверуваше подготвеноста на повеќе институции за справување со кризна ситуација. Ова е петта вежба  која се организира во Македонија во рамки на двегодишниот договор со СЗО од областа на безбезбедност во здравство.
Gostivar-Simulaciskta-vezba-22.10.2013-2-foto
- Со ваквите вежби сакаме да го подобриме степенот на подготвеност при кризни ситуации и да ја подобриме и подготвиме координацијата меѓу повеќе институции кои би биле вклучени во реалните ситуации, рече заменик министерот за здравство, Јовица Андоновски.
Штетите од сообраќајните несреќи и трагедиите кои се случуваат на патиштата може да се ублажат ако институциите делуваат координирано и подготвено.
Во „несреќата“ при судир на две возила и едно комбе, имаше 16 повредени лица со здобиени тешки повреди и изгореници на телото. Покрај стручни тимови кои ги следеа постапките на службите на општата болница „Ферид Мурад“ и Здравствениот дом, полицијата, пртивпожарнита единица, ЦУК и Дирекцијата за заштита и спасување, вежбата ја следаа и претставници на министерствата за здравство и за локална самоуправа и Светската здравствена организација.
Позитивни оценки за изведената симулација на сообраќајна незгода даде и координаторот на вежбата, проф. д-р Михаил Кочубоски, кој посочи дека со оваа вежба се проверуваа и плановите на болницата и здравстевниот дом. Оценката на вежбата е дека реакцијата на повикот била навремена исто како и пружањето помош и дека планот функционира.
- Нé радува што ваквите оперативни планови во практика функционираат. СЗО и понатаму ќе го подржува ваквите вежби, бидејќи на таков начин ќе се врши континуирана проверка на системи за одговор на кризи, вели Снежана Чичевалива, шеф на канцеларијата на СЗО.
Покрај здравствените установи во денешната симулациска вежба учествуваа претставници од полицијата, противпожарната единица, Црвениот крст, локалната самоуправа, Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи.

Македонски хирурзи ќе се едуцираат за кадаверична трансплантација во Кембриџ

$
0
0

Лондон, 4 ноември 2013  - Едукација на македонски хирурзи кои ќе субспецијализираат за кадаверична трансплантација на бубрези, црн дроб, панкреас и други типови абдоменална трансплантација во болницата „Аденбрук“ при Универзитетските болници – Кембриџ, предвидува Меморандумот за соработка што денеска го потпиша министерот за здравсто Никола Тодоров по посетата на Центарот за трансплантација и лабораториите при Одделот за хириругија во таа здравствена установа.

Kembridz-foto

Меморандумот го потпишаа и Гевин Петигру, специјалист по абдоменална трансплантација, одговорен за супервизија на македонските доктори-хирурзи и Оливера Ѓорѓимајкоска, клинички научник за трансплантација на органи и координатор за развој на кадаверична трансплантанција.
Министерот Тодоров изјави дека е убеден оти по две години од сега во Македонија ќе има хирурзи кои учеле од најдобрите и кои ќе можат да постават програма за трансплантација која ќе се однесува не само за Македонија, туку ќе биде и можност за регионална соработка.
Очекува во најбрзо време да бидат селектирани најдобрите кандидати кои ќе дојдат на обука во Кембриџ.
- Селекцијата на кандидатите ќе ја врши тим од Кембриџ затоа што идејата е да се изберат најдобрите кои ќе можат успешно да ја завршат субспецијализацијата и да почнат да го применуваат и пренесуваат знаењето за трансплантација во Република Македонија, рече министерот Тодоров.
Ѓорѓимајкоска му се заблагодари на министерот за нејзината улога во проектот за развој и имплементација на кадаверична трансплантација во Македонија.
- Сметам дека со адекватен кадар и имплементација на промени во областа на трансплантацијата во Македонија, државата за догледно време ќе има една многу успешна програма за кадаверична трансплантација, додаде Ѓорѓимајкоска.
Ендрју Бредли, шеф на Одделот за хирургија во болницата, изрази задоволство што ќе можат да помогнат во развојот на кадаверичната трансплантација во Македонија.
Петигру рече дека се среќни што ќе можат доктори-хирурзи од Македонија во догледно време по едукацијата да се вратат во државата и да воспостават добра програма за кадаверична трансплантација.

Втора стручна работилница на тема Позитронска Емисиона Томографија (ПЕТ) во радиофармација

$
0
0

Министерството за здравство на Република Македонија

Проектна единица за имплементација на проектот

Позитронска Емисиона Томографија (ПЕТ) во Република Македонија –

ПЕТ Центар Скопје, организира стручна работилница на тема

Позитронска Емисиона Томографија (ПЕТ) во радиофармација

 

 petc

Министерството за здравство на Република Македонија во склоп на активностите на проектот за имплементација на Позитронската Емисиона Томографија (ПЕТ) во Република Македонија – ПЕТ Центар Скопје, на 30 Ноември и 1 Декември 2013 година, организира Втора стручна работилница на тема Позитронска Емисиона Томографија (ПЕТ) во радиофармација.

Во работилницата ќе земат учество реномирани професори од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“од Скопје.

Оваа работилница е прва од ваков вид во нашата република. Таа ќе биде од  отворен тип за сите оние кои се заинтересирани стручно да се доусовршуваат во областа на радиофармацијата и Позитронската Емисиона Томографија. Особено поради фактот што процесот на Позитронска Емисиона Томографија (ПЕТ) ќе биде носител на радиофармацевтското производството и клиничката пракса во ПЕТ Центарот кој веќе се гради во Скопје и кој во блиска иднина ќе има потреба од ваков вид специјализирани кадри.

Темите кои ќе бидат обработени на оваа работилница ќе бидат предмет на стручно елаборирање од фармацевтски аспект и оваа е ретка можност за сите заинтересирани да се информираат и едуцираат за:

  1. Вовед во ПЕТ/КТ технологија
  2. ПЕТ Радиоактивни изотопи во радиофармација
  3. Хемија на ПЕТ радиофармацевтици
  4. ПЕТ радиофарамцевтици (карактеристики и монографии)
  5. Производство на ПЕТ радиофармацевтици
  6. ПЕТ во клиничка пракса

Учеството на работилницата е бесплатно.

Распоредот на предавања може да се погледне на следниот линк

Пријавувањето е преку следната ФОРМА:

https://docs.google.com/forms/d/1M28q7Mzzhk_4ccxtL7q7-Y7UqfEsr_yKpUwMC2pgZBA/viewform

Краен рок за пријавување: 25 ноември 2013, 15:00ч.

Оваа работилница нема да биде акредитирана од Фармацевтска Комора на  Македонија и нема да се бодува.

Сите посетители на работилницата кои успешно ќе го положат тестот за проверка на знаењето ќе добијат СЕРТИФИКАТ за успешно завршена работилница.

 

Проектна единица за имплементација на  

Проектот  Позитронска Емисиона Томографија (ПЕТ)

 во Република Македонија –

ПЕТ Центар Скопје,

Ул. Железничка бр. 30/3, 1000 Скопје

Телефон: 02-3129-006

E-mail: petcentar.skopje@zdravstvo.gov.mk

 

Посета на заменик министерот за здравство на Казахстан

$
0
0

По покана  од Министерството за здравство на Казахстан, заменик министерот за здравство во период од 6 – 7 ноември присуствува во Казахстан, Алма Ата каде се одржува јубилејна меѓународна конференција по повод 35 годишнина од потпишување на декларацијата – Алма Ата на СЗО  за примарната здравствена заштита.

На конференцијата присуствува  и генералниот директор на СЗО, како и министри на земји членки на СЗО.

Главни теми на конференцијата се медицинска технологија и развој и унапредување на човечки ресурси.

Истакнувајќи го признанието за примарната здравствена заштита  и неговата клучна улога во модерните здравствени системи, домаќинот на оваа конференција ќе се обиде да даде нов импакт  за промоција на примарната здравствена заштита и ќе ги обнови обврските и посветеноста за промоција на примарната здравствена заштита и ќе ги обнови обврските и посветеноста на исполнување на земјите на СЗО, Алма Ата – декларацијата.

За време на конференцијата ќе се разговара за горенаведените приоритетни цели, особено примарната здравствена заштита и размената на искуствата со интернационални експерти и водечки експерти од областа.

Предлог правилник за поблиските услови и критериуми за вршење на работите поврзани со традиционална и комплементарна медицина

$
0
0

Предлог правилник за поблиските услови и критериуми во однос на просторот, опремата и стручниот кадар за вршење на работите поврзани со традиционална и  комплементарна медицина, активности на кожа или активности со кои се продира во кожата и за видот на информациите по однос на здравствените ефекти од услугите и начинот на давање на  информациите на лицата  кои ги користат услугите.

Приложениот предлог правилник е поставен на нашата веб страна со цел заинтересираните страни да се запознаат со неговата содржина и да дадат свое мислење. Мислењата и коментарите може да ги испратите на следната адреса valentina.cvetanovska@zdravstvo.gov.mk , најдоцна до 19.11.2013 година.

Линк до предлог правилникот

Листа и решенија за намалени цени на лекови

Viewing all 597 articles
Browse latest View live