Quantcast
Channel: Министерство за Здравство
Viewing all 597 articles
Browse latest View live

Регистрирани два случаја на маларија, апел за заштита пред, за време и по патувањата

$
0
0
Скопје, 16 јули 2013 - Два случаја на маларија се регистрирани во текот на јуни во Македонија. Станува збор за македонски и за странски државјанин кои работеле во Гана и Сиера Леоне. Граѓаните кои одат на патувања во ризични земји во африканскиот, азискиот регион, Индија итн. каде што има маларија, чума, жолта треска, колера, вурисни хеморагични трески, потребно е пред и за време на патувањата, но и по враќањето да си го заштитат своето здравје и во рок од една недела да се јават на здравствен надзор во центрите за јавно здравје.
Ова на прес-конференција го истакна раководителот на Секторот за превентивна здравствена заштита при Министерството за здравство, Јованка Костовска, која рече дека целта е навремено да се дијагностицира евентуална заразната болест.
Посочи дека двата случаја со маларија не се јавиле на превентивни прегледи во центрите за јавно здравје и не им е дадена вакцина, или таблетки хелиопрофилакса, не земале антималарици кои ако ги употребувале немало да добијат маларија.
- Имаме сознанија дека има се повеќе внесени случаи на маларија во државата. Од 2002 година досега имаме 16 случаи на маларија кои влегле во државата. Во 2012 година сме имале пет случаи на маларија внесена од надвор во државата. За маларија овој надзор треба да го направат во рок од седум дена од враќањето, за чума во рок од пет дена, за колера во рок од шест дена, а за вирусни хеморагични трески во рок од 14 дена, нагласи Костовска и додаде дека ако лекарите се посомневаат за некое од овие заразни заболувања, лицето кое патувало во тие земји се упатува на Клиниката за инфективни болести.
Посочи дека со цел заштита на здравјето, лицата во центрите за јавно здравје ќе добијат и совети за тоа како треба да се однесуваат и како да ги почитуваат превентивните мерки во тие држави во однос на консумација на храна, вода и други мерки.
Апелира и до фирмите кои вработуваат луѓе од Македонија во ризични земји да ги известат дека мора да се јават во центрите за јавно здравје за да си го заштитат здравјето.
Лилјана Лазаревска од Центарот за јавно здравје-Скопје рече дека маларијата се јавува во над сто земји во тропските и субтропските области на Централна и Јужна Америка, Карипските острови, Африка, Азија, вклучувајќи го и Блискиот Исток и Југозападниот пацифик, кои годишно ја посетуваат околу 125 милиони туристи.
- Според податоците на Светската здравствена организација годишно околу 30.000 патници кои заболуваат од маларија доаѓаат од земји каде не е ендемска. Во Центарот за јавно здравје Скопје дошле 1.916 меѓународни патници од кои хемиопрофилакса земале 858 лица, односно таа се иницира според местото каде тие патувале.

Оглас

$
0
0

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

објавува

 

ОГЛАС

за запишување студенти од Република Македонија на 6 годишни додипломски студии во академската 2013/2014 година на Факултетот за медицина и хирургија “Агостино Џемели”

 

Согласно средбата меѓу Министерот на здравство, Никола Тодоров и деканот на Факултетот за медицина и хирургија при Католичкиот Универзитет “Свето Срце” во Рим, проф.д-р Роко Белантоне во рамките на која беше потпишан Меморандум за разбирање и соработка меѓу Министерството за здравство на РМја и католичкиот универзитет “Свето Срце” во Рим и врачен конкурс за запишување студенти на додипломски студии на Факултетот за медицина и хирургија во академската 2013/2014 година, Министерството за здравство ги поканува сите заинтересирани студенти да се пријават на јавниот оглас за запишување на додипломски студии на Факултетот за медицина и хирургија во академската 2013/2014 година.

Конкурсот е отворен до 5-ти август 2013 година, а приемниот испит ќе се одржи на 16-ти септември (понеделник) 2013 година во 14:00 часот и ќе биде на англиски јазик, како и наставата. За државјаните на земјите кои не се членки на ЕУ е предвидена квота од 20 студенти. Годишната партиципација изнесува околу 15.000 евра.

Годишната партиципација за студиите и дополнителните трошоци за приемниот испит ќе бидат покриени од Владата на Република Македонија.

За тестирањето на кандидатите од Република Македонија ќе биде испратена двочлена комисија од Италија која ќе го спроведе приемниот испит.

Основен предуслов е познавање на англискиот јазик, за кој кандидатите ќе треба да достават доказ за познавање англиски јазик кој ги задоволува еден од следниве тестови со неопходниот број на поени/оценка:

-       IELTS = 6.5

-       TOEFL IBT ≥ 85

-       TOEFL Computer Based ≥ 225

-       TOEFL Paper Based ≥ 565

-       CAMBRIDGE ESOL FCE grade A

-       CAMBRIDGE ESOL CAE

-       CAMBRIDGE ESOL CPE.

Кандидатите кои учеле во средни училишта каде наставата се одвивала на англиски јазик нема потреба да достават сертификат за познавање англиски јазик.

Приемниот тест се состои од 100 прашања со понудени повеќе одговори од кои точниот треба да се заокружи. Тие се поделени во 2 групи:

  1. 95 прашања од полето на логика, внимание и прецизност, решавање на проблем, расудување за визуелен простор, разбирање на текст, нумеричко расудување;
  2. 5 прашања за религиозна култура.

Кандидатите имаат 100 минути за одговарање на прашањата.

Евалуацијата е според следниве критериуми:

  • 1 поен за секој точен одговор;
  • минус 0.25 поени за секој погрешен одговор;
  • 0 поени за неодговорено прашање.

 

Сите заинтересирани кандидати потребно е да достават писмо за интерес до Министерството за здравство, во рок од 7 дена (до 23.07.2013 година, вторник) на следната mail адреса: rimdodiplomskistudii@zdravstvo.gov.mk. Дополнителни информации за процедурата на запишување на додипломски студии може да се добијат од Министерство за здравство на РМ а истите се достапни и на web страната на универзитетот:  http://roma.unicatt.it.

Министерот Тодоров потпиша заеднички меморандум со Флоренс Најтингел од Турција

$
0
0
Министерот за здравство, Никола Тодоров, потпиша заеднички меморандум за разбирање и соработка во областа на здравството со д-р Хакан Таракчиоглу, интернационален маркет менаџер на реномираната турска клиничка болница Флоренс Најтингел. Целта е допрецизирање на активностите за организирање едукација на докторите и другите здравствени работници во оваа реномирана здравствена установа, што се реализира во рамки на Програмата за професионална едукација на докторите од Република Македонија.
Со овој Меморандурандум се дефинира континуираната медицинска едукација во следните 5 години, со акцент на доедукација на кадар и организирање стручни обуки за доктори и останат медицински кадар од Македонија во повеќе области од медицината, како што се: интерна медицина, хирургија, педијатрија, гинекологија, анестезиологија, неврохирургија, офталмологија, радиотерапија и радиологија, дерматологија и др.
Во моментов, во болницата Флоренс Најтингел, Истанбул, Турција, се реализира едукација на 11 здравствени работници од Македонија од областа на ендокринологија (дијабетологија), гинекологија и акушерство, инфектологија, оториноларингологија, како и едукација од областа на перфузиона сцинтиграфија на мозок и едукација од област на хематолошки анализи.

Целта на едукациите е да се овозможи оптимална искористеност на новата медицинска опрема и давање квалитетна здравствена услуга (магнетна резонанца, компјутеризирана томографија, дигитални и аналогни мамографи, ултразвук и сл) за примената на посложени интервенции, кои во моментот недоволно се работат во Република Македонија или за истите интервенции, пациентите се упатуваат надвор од Република Македонија во соодветни референтни центри.

Обезбедени дополнителни слободни термини за прием на пациентите преку „Мој термин“

$
0
0

Скопје, 21 јули 2013 –  Електронскиот систем за закажување здравствени прегледи „Мој термин“ постојано се надградува и се воведуваат новини во интерес на пациентите.  Меѓу нив e и обезбедувањето дополнителен број слободни термини за прием на пациенти на секундарно и терциерно ниво, рече на денешната прес-конференција Милан Аризанкоски, одговорен за електронскиот здравствен систем „Мој термин. Дополнителни термини за прием на пациенти за преглед и дијагностички процедури се креирани на секундарно и на терциерно здравствено ниво. Бројот на креираните термини на секундарно ниво пред десет дена изнесувал 226.422 термини за јули и 103.996 за август, додека со проширувањето на термините, за јули нивниот број достигна 240.000, а за август се обезбедени 140.000 слободни термини. Бројот на креирани слободни термини на терциерно ниво е зголемен за 20 отсто односно за нови 6.000 термини. Исто така, формирана е посебна Проектна единица за национален систем за електрински евиденции во здрваството. Главни задачи на единицата се постојан мониторинг на практичната примена и имплементација на проектот „Мој термин“ во сите здравствени установи, мониторинг на цела хардверска инфраструктура и интернет конекција каде се поставени серверите на националниот систем, мониторинг, тестирање и сертификација на сите софтверски решенија што се актуелни во примарно, секундарно и терциерно здравствено ниво, кои се интегрирани со националниот систем „Мој термин“ и техничка и корисничка поддршка за сите програмерски куќи кои се интергрирани со Министерството. Меѓу другото Проектната единица ќе ја опслужува и ќе биде поддршка за здравствените работници и пациентите на бесплатниот телефонски број (02)15 444. Новини има и во поглед на контролните прегледи на пациентите. Контролниот преглед ќе го закажува специјалистот што го прегледува пациентот. Доколку контролниот преглед е по 30 дена и има потреба од нов упат, специјалитот на го резервира потребниот термин и му го печати упатот на пациентот, кој пак треба да го завери кај матичниот лекар. За итните случаи нема потреба од упат. Министерството за здравство има подготвено осум посебни процедури за постапување во карактеристични случаи поврзани со „Мој термин“ кои ќе се применуваат во различни здравствени установи. Во јули се креирани 94.377 електронски упати, во јуни 98.925, во мај 53.801, додека како што информираше Аризанкоски во април тој број изнесувал 8.342 електронски упати. Просечната бројка на креирање електронски упати во јули е 6.300 дневно, а во април била 380. Во однос на електронските рецепти овој месец се креирани 683.336 рецепти, а дневно се издаваат 46.000 рецепти. Во јуни биле креирани 269.043 електронски рецепти, а дневно во просек 13.452 рецепти. Ова, според него, покажува масовно користење на националниот систем „Мој термин“.

Отворен здравствен пункт во Стар Дојран кој ќе обезбедува 24 здравствена заштита за жителите од оваа општина

$
0
0

Отворен здравствен пункт во Стар Дојран кој ќе обезбедува 24 здравствена заштита

Скопје, 23 јули 2013 - Министерот за здравство Никола Тодоров денеска присуствуваше на отворањето на здравствениот пункт во Стар Дојран што е лоциран во дојранската амбуланта која работи во состав на Здравствениот дом од Гевгелија.

Здравствениот пункт постојано ќе обезбедува здравствена заштита за жителите на општина Дојран и за сите туристи почнувајќи од денеска па до 15-ти септември, односно дозавршувањето на туристичката сезона. Потоа,пунктот ќе работи како брза помош која во текот на целата година ќе обезбедува континуирана здравствена заштита.

За остварување на таа цел наскоро Министерството за здравство ќе распише конкурс за вработување доктори и медицински сестри, додека во летната сезона работата на здравствениот пункт ќе ја покриваат медицински екипи од Гевгелија, Струмица и Валандово.
Градоначалникот на Дојран Борче Стамов, изрази благодарност до Министерството за здравство и здравствените установи од Гевгелија, Струмица и Валандово за пружената помош и истакна дека ова е еден од условите Дојран да биде туристички центар преку цела година и полесно во текот на летната сезона да остварува до 100.000 ноќевања кои се зацртани како таргет на општината.

Реконструкција на две хируршки сали во ГОБ „8 Септември“

$
0
0
Скопје, 24 јули 2013 – Во Градската општа болница „8 Септември“ денеска почнаа градежните работи на реновирање и доизградба на две операциски сали. Вредноста на проектот е 450 илјади долари, средствата во вид на донација се обезбедни од Европската команда на Армијата на САД.
На денешното почнување на градежните работи присуствуваа министерот за здравство Никола Тодоров, американскиот амбасадор Пол Волерс и директорот на болницата Сашо Стојчев.
Целта на овој проект подобрување на условите за здравствена грижа на граѓаните и ќе овозможи да се подобрат капацитетите и вештините на докторите и хирурзите во болницата.
Министерот Тодоров заблагодарувајќи се за оваа исклучително значајна донација која доаѓа во еден од стожерите на македонското здравство во Градската општа болница „8 Септември“ која во изминатите неколку години доживува силен препород како во поглед на опремата што ја добива, така и во нов кадар, високо остручен за најсложени медицински предизвици.
- Болницата има континуиран раст на бројот на пациенти што само по себе говори за интересот на граѓаните да добиваат услуги токму во оваа здравствена институција. Иако Градската општа болница „8 Септември“ е болница на градот Скопје таа сериозно ги има надминато границите на градот Скопје и дава здравствени услуги на пациенти практично од целата држава.

Во овие сали покрај редовната секојдневна работа ќе се врши и обука на доктори и друг медицински персонал за мировни мисии под водство на НАТО.

Поставување превентивни здравствени пунктови во Скопје во пресрет на најавениот топлотен бран

$
0
0

Скопје, 24 јули 2013- Министерството за здравство во соработка со Здравствен дом – Скопје од денеска почна акција за организирање повеќе пунктови за бесплатни превентивни пунктови на повеќе локации во пресрет на најавите за топлотен бран кој во следните денови ќе ја зафати државата.

На денешната прес конференција министерот за здравство Никола Тодоров информираше дека пунктовите ќе бидат поставени на повеќе локации низ главниот град и ќе работат од 18 до 21 часот. Еден постојан пункт ќе биде поставен во Градскиот парк и по два мобилни пункта кои ќе ротираат во општините:
-  Ѓорче Петров и Драчево
-  Карпош и Аеродром
-  Центар и Бутел
-  Чаир и Кисела Вода
-  Шуто Оризари и Гази Баба

На овие пунктови граѓаните ќе се информираат како да се заштитат од високите температури, ќе добиваат препораки за здрав живот и ќе може да измерат крвен притисок. Ќе се делат и брошури со препораки за заштита од топлотен бран.

Досегашното искуство од оваа акција покажа исклучително позитивни резултати. Минатата година во текот на летниот период само во Скопје помош побарале околу 10 илјади граѓани. Дел од нив биле препратени на матичен лекар, а двајца како итни случаи се пренесени во Градската општина болница „8 Септември“.

Од Здравствен дом-Скопје информираат дека како резултат на успешната акција спроведена минатата година, повиците кон Итната медицинска помош за првпат лани биле во референтните вредности на обем на работа.

Во пресрет на најавениот топлотен бран, Министерството за здравство препорачува да не се излегува надвор во временскиот интервал од 11 до 17 часот, носење на светла и лесна облека и конзумирање на многу течности, а хронично болните да ја земаат неопходната терапија.
Од УХРМ најавуваат дека од утре ќе почнат да растат дневните температури, а од понеделник се очекуваат температури од 40 степени.

Почна процедурата за преземање на првите 45 специјалисти од јавно во приватно здравство

$
0
0
Скопје, 27 јули 2013 - Министерството за здравство почна процедура за преземање 45 доктори-специјалисти од приватно во јавно здравство кои се јавија на првиот оглас на Министерството од вкупно пријавените 103 лекари-специјалисти. Постапката за нивно преземање за поголем број од нив е завршена, обезбедени се согласности и потпишани се договорите. Тие почнуваат со работа од 1 август.
На денешната прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров информираше дека станува збор за првата група доктори-специјалисти кои ќе бидат преземени од приватни во јавни здравствени установи.
Од понеделник, Министерството за здравство ќе објави уште еден оглас, втор по ред, за преземање доктори специјалисти од приватно во јавното здравство. Огласот ќе трае 30 дена.
- Ова е нова мерка која ја предвидовме со последните измени на Законот за здравствена заштита со која овозможивме доктори кои работат во приватно здравство да бидат преземени во јавното здравство. Како резултат на ова објавивме оглас на кој се пријавија 103 доктори специјалисти кои изразија подготвеност да се префрлат од приватно во јавното здравство. Бенефитот од оваа мерка за преземање е тоа што се вработува готов кадар, специјалисти кои имаат искуство и знаење и веднаш може да се вклучат во редовната работа на здравствените установи каде што се преземаат, посочи Тодоров.
Подолг период во Македонија се чувствуваше недостиг на кадар, на лекари и специјалисти пред се, имајќи го предвид тоа што во последниот период од повеќе години имаше тотално дезинвестирање во човечкиот потенцијал и целосно беше замрено или запоставено вработувањето на новите лекари. Ова сега првпат е спротивен процес во кој од приватно здравство доктори специјалисти се враќаат во јавното здравство.
Со тоа ќе се овозможи и воведување двосменско работење на специјалистичките служби и можност за обезбедување на 24-часовна здравствена заштита, земајќи предвид дека со постојниот начин на упатување поголем дел од пациентите се упатуваат на секундарно ниво и главниот товар го носат специјалистите од Здравствениот дом во Скопје и Градската општа болница „8 Септември“, како и од општите и специјалните болници.
Поголем дел од овие доктори специјалисти веќе работеле во јавното здравство, од него преминале во приватното здравство, а сега пројавуваат интерес да се вратат во јавното здравство.
Еден од пријавените кандидати е професор невролог со повеќегодишно искуство кој претходно работел на Клиниката за неврологија и кој веднаш може да се вклучи во работата со пациенти како и во едукација на младите кадри во оваа ЈЗУ. Интерес да работи во јавното здравство покажа и доктор радиодијагностичар со 28-годишно работно искуство кој го градел не само Македонија, туку и во странство. Меѓу пријавените има и хирурзи и интернисти кои својата специјализација ја имаат стекнато во еминентни центри во регионот и во странство. Станува збор за доктори со повеќегодишно искуство кои можат соодветно да одговорат на потребите на секундарното здравство.
Поконкретно во рамки на првата група се влезени 10 интернисти, осум радиолози, пет педијатри, пет оториноларинголози, тројца хирурзи, тројца офталмолози, тројца невропсихијатри, тројца невролози, еден специјалист по медицинска биохемија, двајца специјалисти по физикална медицина, еден дерматовенеролог и еден специјалист по медицина на труд. Најголем број од нив се распределени во Здравствен дом-Скопје – 13 специјалисти и тоа пет интернисти, торјца доктори за уво, нос и грло, двајца педијатри и по еден невропсихијатар, радиолог и офталмолог, како и во Градската општа болница „8 Септември“, каде се прераспределени 11 специјалисти, и тоа: пет специјалисти по радиодијагностика, двајца оториноларинголози и по еден интернист, офталмолог, невролог и специјалист по трудова медицина.
Останатите специјалисти се распределени во повеќе ЈЗУ, како што се: клиниката за неврологија, гинекологија-Чаир, Институт за јавно здравје, Завод за физикална медицина, Геронтолошки завод, Клиничка болница Битола, во општите болница Гостивар, Кочани, Струмица, Гевгелија, Прилеп, Кавадарци, како и во здравствените домови во Делчево, Виница, Вевчани и Здравствена станица-Железара.
Одговарајќи на новинарско прашање за тоа што ги привлекува докторите од приватно здравство да работат во јавното здравство, министерот Тодоров укажа на  условите и околностите кои ги креирале во последниот период како што се нова и најсовремена медицинска опрема, реконструкција на поголем број јавни здравствени установи, обуки и едукации во странство.
Директорката на Здравствен дом-Скопје, Тања Баевска Вучковиќ рече дека станува збор за активност која првпат се бележи во здравствениот систем.
Здравствениот дом-Скопје како најголема јавна здравствена установа, обезбедува 24 часовна континуирана, квалитетна здравствена заштита на територијата на град Скопје и околината.

Поголем дел од државата во жолта, a два региона во портокалова фаза

$
0
0
Според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на утрешниот ден (вторник) поголем дел од територијата на државата и натаму ќе биде зафатен од жолта, односно алертна фаза, освен во два региона, како што се осоговско–малешевскиот и охридско–преспанскиот регион, каде се предвидува топлотен бран од портокалова фаза, со температури од 36 степени Целзиусови, кои се повисоки од вообичаените за овој период од годината за овие два регионаНајавата од УХМР се однесува на утрешниот ден, бидејќи од среда (31.07.) се очекува мало намалување на температурите во целата држава.
Согласно Акцискиот план за заштита од топлотни брановипоради најавените високи температури, зголемена влажност и зголемено УВ зрачење на територија на цела држава, со цел заштита на здравјето на ранливите групи на населението,  Министерството за здравство ги дава следните препораки кои се однесуваат на цела држава:
1. Се препорачува во текот на утрешниот ден (вторник) да се ослободат од работни обврски бремените жени и лицата постари од 60 години.
2.  Се препорачува на работодавците во овие денови  да го реорганизираат работното време за градежните работници и лицата кои работат на отворено со тоа што ќе се одбегнуваат активности во периодот од 11 до 17 часот.
3. Се препорачува на установите за згрижување на децата (градинки) да не практикуваат физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.
4.      Се препорачува на единиците на локална самоуправа, Црвен крст на Република Македонија и Центрите за социјални работи, поактивен пристап и помош на постари, изнемоштени лица и бездомници.
   
Согласно Акцискиот план за заштита од топлотни бранови за целата држава остануваат да важат општите препораки за намалување на ризици врз здравјето од  дејството на топлотниот бран:
1. Во текот на ваквите екстремно топли денови, останете повеќе во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори  под сенка.
2. Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа (светлите бои ја рефлектираат светлината), а при сончање да се користи крема со висок заштитен фактор.
3. Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна.
4. Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење,  а да се избегнуваат алкохолните пијалаци.
5. При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.
6. Хроничните болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.
 
Поради високите темепратури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, препораките се :
Ø      задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба.
Ø      Термичка подготовка на храната и нејзино конзумирање во многу кус рок по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 8 степени, а пред употребата истата да се загрее на + 100 степени.
Ø      Да се избегнуваат производи кои термички не се обработени како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се конзумира сладолед и разни кремови.
Информации за топлотните бранови континуирано се дистрибуираат на интернет страната www.toplotnibranovi.mk, а граѓаните дополнителни инфорации може да добијат и на БЕСПЛАТНИОТ ТЕЛЕФОН на Црвениот Крст на РМ – 02/ 32 21 902 (од 10-18 часот).

Вонредна контрола на велешката болница-затекнати отпушоци и чад од цигари

$
0
0
Скопје, 31 јули 2013 - Законот за заштита од пушење не се почитува од страна на дел од вработениот персонал во Општата болница-Велес, констатира Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ), кој во текот на вчерашниот ден изврши вонреден инспекциски надзор во таа здравствена установа.
Во извршениот инспекциски надзор, ДСЗИ констатираше дека во Одделението за невропсихијатрија во просторијата која функционира како заедничка просторија и која е означена како работна соба, од страна на инспекторите било забележано присуство на чад од цигари, а во корпата за комунален отпад биле затекнати картонски кутии од цигари, како и неколку отпушоци.
Во Дневниот центар за третман и рехабилитација на дроги и психотропни супстанци во состав на истото одделение, како што се наведува, на приземјето од деловната зграда каде влезот се дели со пациенти за преглед во специјалистичко-консултативната амбуланта се затекнати многу отпушоци од пациентите на метадонска терапија.
Од надзорот над хируршкото одделение во болницата се констатира дека поголем дел од докторските соби се заклучени и неозначени, додека во една од докторските соби се констатирани исто така повеќе отпушоци во корпата за отпадоци кои се фотографирани. Докторската соба е затекната во лоша хигиенска состојба, присуство на чад и непријатна миризба на тутун.
Заради констатираните недостатоци во однос на непочитување на  Законот за заштита од пушење од дел од здравствениот кадар во оваа здравствена установа, Државниот здравствен и санитарен инспекторат ќе поднесе прекршочна пријава до Општата болница Велес.
Согласно Законот, за овој вид прекршок е предвидена глоба од 2.000 до 4.500 евра, во денарска противвредност за установата. За директорот на установата како одговорно лице е предвидена глоба од 500 до илјада евра, додека за физичко лице од 150 до 300 евра, во денарска противвредност.
ДСЗИ продолжува со засилен интензитет да го контролира спроведувањето на законските прописи во областа на здравството, со цел градење на пациент-центричен систем, односно здравствен систем во кој пациентот е во центарот на вниманието на здравствената заштита.

Известување до сите матични лекари

$
0
0

Почитувани матични лекари,

Поради одредени нејаснотии и проблеми при креирањето на електронските рецепти, Ви праќаме известување околу точните генерички називи на одредени лекови(лекови кои се композиција на повеќе генерики) генерички имиња кои мора да ги запазите во точен редослед при препишувањето на еден рецепт за истиот да се креира електронски и да биде доделено бројче на истиот.

Лековите AMOKSIKLAV 2X, AUGMENTIN, PANKLAV, PANKLAV 2 X, PANKLAV forte ја имаат следната генерика amoxicillin, clavulanic acid

Лековите BELOSALIC, BETASALIK ја имаат следната генерика betamethasone, salicylic acid

Лековите CARBIDOPA/LEVODOPA, LEVODOPA+KARBIDOPA, SINEMET CR ја имаат следната генерика carbidopa, levodopa

Лекот STALEVO ја има генериката levodopa, carbidopa, entacapone

Лековите KREON и PANAZE ја имаат следната генерика lipase, protease, amilase (multienzymes)

Лекот DEPAKINE CHRONO ја има следната генерика sodium valproate, valproic acid

Лековите BACTRIM, KOTRIMOKSAZOL, PRIMOTREN, TRIMOKSAZOL ја имаат следната генерика sulfamethoxazole, trimethoprim

Лековите LIDAPRIM, LIDAPRIM for children, ја имаат следната генерика sulfametrole, trimethoprim

Лековите DEX-TOBRIN, TOBRADEX, ја имаат следната генерика tobramycin, dexamethasone

ЛекотBIVACYN ја има следната генерика neomycin, bacitracin

Лекот FOSAVANCE ја има следната генерика alendronate sodium, colocalciferolедната генерика neomycin, bacitracin

Лекот FOSTER 100/6 μg ја има следната генерика formoterol, beclometasone

Лекот SYMBICORT Turbuhaler ја има следната генерика formoterol, budesonide

Исто така, сакаме да напомениме да внимавате на креирањето на рецепти кон лекови кои имаат продолжено или модифицирано ослободување (plg. и mod. соодветно). Такви се на пример лековите со следните генерики:

metformin tabl. plg.
alprazolam tabl. mod.
aminophylline tabl. plg.
carbamazepine tabl. plg.
clarithromycin tabl. mod.
diclofenac tabl. mod.
diclofenac tabl. plg.
diclofenac caps. plg.
diltiazem tabl. plg.
glyceryl trinitrate caps. plg.
isosorbide dinitrate caps. plg.
ketoprofen tabl. plg.
nifedipine tabl. plg.
nifedipine tabl. mod.
pentoxifylline tabl. plg.
pramipexole tabl. plg.
sodium valproate,
valproic acid
tabl. plg.
tamsulosin caps. mod.
tamsulosin tabl. plg.
tramadol tabl. plg.
verapamil tabl. mod.

Посебно внимавајте на генериките metformin и pentoxifylline, бидејќи тие се јавуваат и како обични таблети и како таблети со продолжено ослободување.

Доколку креирате рецепт со генерика pentoxifylline tabl. 500mg (обична таблета без продолжено ослободување), фармацевтот ќе може да реализира само еден лек, односно само пентоксифилинот на АД Јака 80 – Радовиш, а доколку рецептот го креирате со генерика pentoxifylline tabl. plg. 500mg тогаш ќе бидат достапни и останатите лекови.

За точните називи на генеричките имиња, посетувајте ја страната на Бирото за Лекови (https://lekovi.zdravstvo.gov.mk/). Таму може да пребарувате, по генерика, по заштитено име на лек и по производител.

За промена на матичен лекар (одјава од стар и пријавување кај нов лекар) задолжително да се користи порталот на фондот за здравствено осигурување ( https://portal.fzo.org.mk/ )

Само преку тој начин ажурирањето на податоците на пациентот околу избраниот лекар директно ќе бидат изменети и во Вашите програми! За тој начин покрај Вашата ЕЗК, потребна е и ЕЗК на пациентот за дигитално потпишување на барањето за промена на избран лекар. Рокот за аплицирање за ЕЗК беше 30.06.2013 година.

Соопштение за медиуми

$
0
0

Министерството за здравство сака да ја извести јавноста во Република Македонија дека во изминатиот месец  во повеќе општини во Република Македонија успешно се имплементира системот „Национален систем за електронска евиденција во здравството“ и тоа во делот на електронско упатување со закажување и Е-рецепт. Како што веќе информиравме, согласно усвоениот протокол за имплементација, проектот стартува етапно, односно општина по општина и досега истиот е имплементиран во над 20 општини.

Согласно досегашните сознанија од имплементациониот период, Министерството за здравство ги известува сите матични лекари да внимаваат при креирањето на електронските рецепти и одбирањето на генериките на лековите и останатите упатни дијагнози да ги употребуваат нивните точни називи. За таа цел до матичните лекари веќе е доставена листа со сите генерички имиња кои досега им предизвикувале одредени нејаснотии при креирањето на рецепт, а оваа листа е објавена и на веб сајтот на Министерството за здравство.

Паралелно на ова, до матичните лекари се доставени и сите протоколи во кои е прецизно наведено што е потребно да направат во случај на спреченост од технички карактер за креирање е-рецепт и е-упат (немање интернет, немање струја и сл).

Потенцираме дека во ниту еден случај, ниту во тековниот имплементационен период, ниту по комплетната имплементација на системот, ниту еден пациент не смее да биде вратен или да не ја добие потребната здравствена услуга како резултат на било какви проблеми во системот.

Уште еднаш сакаме да потенцираме дека со целосната имплементација на овој систем најголем бенефит ќе имаат граѓаните кои ќе бидат ослободени од бирократските процедури и намалување на потребните печатени документи и времето на чекање, проблемот со гужвите и турканиците во здравствените установи и ќе го сведе на минимум времето на чекање во здравствените установи. Систем кој овозможува максимално почитување на времето на пациентот и избегнување на непотребното губење време во чекалните.

Одделение за односи со јавност,

Министерство за здравство

Македонија ја одбележува Светската недела на доењето

$
0
0
Скопје, 1 август 2013 - Мајките во Македонија традиционално сакаат да дојат. Доењето има огромно значење за унапредување на здравјето на децата, и носи значаен социјален и економски бенефит за семејствата и општеството. Во Македонија, според податоците добиени од истражувањето на УНИЦЕФ во 2012 година, 90 отсто од децата биле доени во одреден период, 41 отсто од мајките дојат предоминантно, што значи додаваат и други течности (вода, чај, сок), додека ексклузивното доење е застапено кај 23 отсто од мајките.
Ова денеска на прес-конференција го истакна претседателката на Комитетот за поддршка и промоција на доењето при Министерството за здравство, Бранкица Младеновиќ по повод Светската недела на доењето која се одбележува од денеска до 7 август, а годинава под мотото „Поддршка на доењето -поблиску до мајките“. Мотото, посочи таа, има цел да ја поттикне поддршката на мајките за доење.
- Препораките на Светската здравствена организација се дека бенефитот од доењето е најголем тогаш кога тоа е ексклузивно во првите шест месеци од животот, а понатаму тоа би требало да трае до втората година од животот паралелно со воведување други видови храна. Во Холандија стапката на ексклузивно доење е 27 отсто, во Италија е 37,8 отсто итн., рече Младеновиќ.
Македонија ги има имплементирано сите препораки на СЗО, а тоа се формирање на Комитетот за поддршка и промоција на доењето, направена е ревизија на постоечката легислатива во насока на имплементирање на кодот за забрана за рекламирање на супституентите на мајчиното млеко, а континуирано се спроведуваат и обуки на здравствените работници за советување за доење и се изготвуваат информативни материјали за мајките за доење.
- Комитетот изготви и двегодишен Акциски план кој ќе се фокусира на оние активности кои сметаме дека се приоритетни, а сите се со цел да им се даде на мајките потребната и навремената поддршка тогаш кога им е најмногу потребно.
Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Марија Хаџи Лега истакна дека дека таа здравствена установа како најголемо родилиште во земјата во која годишно се раѓаат околу 6.000 новороденчиња, интензивно работи на промовирање и подигнување на свесноста кај мајките за бенефитот од доењето, како по здравјето на мајката, така и по здравјето на новороденчињата.
- Овие промоции и оваа едукација Клиниката ги остварува на неколку нивоа. Почнува уште во периодот пред породувањето, а во рамки на психофизичката подготовка на трудниците после 28 гестациска недела. Едукацијата се врши од страна на едуциран тим од искусни акушерки, лекари педијатри, анестезиолози и гинеколози акушери кои работат на едуцирање и подготвување на мајката за чинот на породување и одгледување на детето по породувањето.
Таа посочи дека медицинските сестри и акушерки и лекарите кои учествуваат во чинот на породувањето на родилките прават максимални напори уште во првите два часа после породувањето да се направи обид за прв подој, а кој е од мошне големо значење за воспоставување успешна лактација кај идните мајки.
- Понатаму продолжува едукацијата на родилката и на Одделението каде се згрижени породените мајки каде тимот од акушерки, социјален работник, психолог, доктор гинеколог акушер, интензивно учествува во запознавање на мајките со техниките на доење. Околу 70 отсто од мајките излегуваат од болницата со веќе совладани техники на доење и добиени совети за тоа како можат да се справат со кризите кои можат да настанат во периодот на лактација, а кои понатаму се решаваат со патронажните служби и со педијатрите кои работат во Здравствен дом-Скопје, додаде Хаџи Лега.
Директорката на Здравствен дом-Скопје, Тања Баевска Вучковиќ рече дека изработиле брошури за важноста, предноста и бенефитот на доењето за најмалите, пред се со најголемо значење за првите шест месеци од животот.
- Материјалот кој е изработен освен во родилиштата ќе биде проследен и преку патронажните служби кои први имаат контакт со родилките по доаѓањето дома, а ќе биде дистрибуиран и по советувалиштата кои се одговорни за следењето на растот и развојот кај децата.
Претставникот на НВО „Лулка“, Денис Ал Кхалили информираше дека на 6 август во 18 часот на плоштадот кај Млечен ресторан организираат настан по повод обележување на Светската недела на доењето.

Набавка на опрема за новиот Медицински симулациски центар

$
0
0

Министерството за здравство распиша тендер за набавка на опрема за новиот Медицински симулациски центар во вредност од 37 милиони денари. Отворањето на понудите ќе се одржи на 16 септември, а се очекува опремата да пристигне до крајот на годинава.
Министерот за здравство Никола Тодоров денеска на прес-конференција рече дека станува збор за набавка на еден лапароскопски симулатор и за симулатор на пациенти - еден адултен и еден педијатриски. Овие симулатори ќе се користат за стекнување на практични знаење на студентите, специјализантите и за продолжување на лиценцата на докторите.
Ова е со цел унапредување на вештините и знаењата на докторите на медицина, специјалистите и супспецијалистите, при што задолжително ќе се врши видеоснимање на сите ендоскопски и лапароскопски интервенции, роботска хирургија и сите други интервенции каде што опремата овозможува видеоснимање.
Симулаторите реагираат како вистински пациент и секоја постапка ќе се снима, при тоа ќе се овозможи да се корегираат грешките.- Исто така, во Медицински симулациски центар ќе бидат опфатени и хируршки интервенции кои вклучуваат хируршки методи кои се нови или методи кои не ги имаат совладано мнозинството специјалисти, односно супспецијалисти во здравствената установа, кои се вршат во здравствените установи во државата.
- Ваквите видеоснимки на интервенциите ќе се користат и за образовни цели на Медицинскиот факултет, како и за потребите на унапредување на вештините и знаењата на докторите на медицина, специјалистите и супспецијалистите во здравствените установи.
Медицинскиот симулациски центар има обврска да прави база на видеоснимки на интервенции.
Посебно значајно е што со овие симулатори ќе може реално да ги мерат вештините на докторите, а ќе се зголеми и квалитетот на здравствената заштита. медицински симулациски центар медицински симулациски центар - 2 медицински симулациски центар - 3 медицински симулациски центар - 4

Ранг листа по јавен оглас број 85/2013


Нов клинички центар во Скопје

$
0
0
Клинички кампус Мајка ТерезаВтората фаза од проектот за изградба на нов клинички центар во Скопје успешно е заокружена. Според сегашната динамика, изградбата треба да почне во почетокот на 2014 година и се очекува да трае три години.
Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој информира дека проектантската куќа АРЕН СРЛ од Италија го изработи конечното идејно решение, по што следи фаза за изработка на основниот проект, кој треба да биде завршен за околу шест месеци, а вкупната сума за изготвување на целиот проект е 1,3 милиони евра.
- Изградбата на новиот објект се очекува веднаш по завршување на проектите, односно по добивањето на потребните дозволи и завршување на претквалификациите за фирми за градба. По Нова година се очекува да заврши комплетното проектирање, по што ќе следи период на ревизии, добивање дозвола за градба и избор на најповолен изведувач кој ќе го гради новиот клинички центар. Објектот е сместен на местото каде сега се наоѓа старата клиника за гинекологија, таа се урива комплетно, се спојува од едната страна со постојната зграда на хирургиите. Од другата страна се спојува со Клиниката за гинекологија, а од задната страна се спојува со Клиниката за онкологија.
Во овој објект, нагласи министерот, ќе бидат сместени сите клиники освен Клиниката за инфективни болести која ќе биде посебно и сместена во сопствената зграда, Клиниката за детски болести, кон која ќе се спои Клиниката за детска хирургија која од постојната зграда ќе премине таму, и Стоматологија и Максилофацијална хирургија кои ќе си останат во постојниот објект.
- Сите други клиники ќе бидат во новиот комплекс и ќе бидат сместени во еден поврзан објект. Некои од објектите нема да се уриваат и ќе продолжат да се користат за други намени. Планираме каде што сега е Радиологија да биде административна зграда. Од друг аспект зградата на Интерни клиники, која е изградена во 30-тите години на минатиот век, планираме да се урне и таму да се направи парк и шеталиште.
Целиот проект ќе чини околу 70 милиони евра со реконструкцијата на постојната зграда за хирургија и парите ќе бидат обезбедени од Банката на Советот на Европа за што веќе е формирана проектна единица.
Посебно значајна придобивка е енергетската ефикасност на новиот објект – ќе се користат надворешни ѕидови, високо изолирани и обложени со надворешна обвивка, со што ќе се вентилира ѕидот и ќе може да се гарантира висока удобност при користење.
- Станува збор за вентилирана фасада. Зградата ќе биде со дупла обвивка од два различни материјала, на начин на кој ќе ги карактеризира фасадите со порапави текстури и материјали (обвивка во керамика) и во спротивност со трајни и транспарентни материјали (обвивка во стакло). Овој градежен систем на слоеви го искористува ефектот на движењето создавајќи на тој начин природна вентилација и обезбедувајќи огромни придобивки во отстранување на топлината и влагата и гарантира висок животен комфор пред се во специфичниот случај на една болничка структура.
Новиот клинички комплекс ќе има 30-тина болнички лифтови, два ескалатора во приемниот дел и над 10 сервисни лифтови, кои ќе служат за пренос на храна, облека и слично.
- Во однос на зелените површини – во изборот на крововите кај првиот и вториот спрат се ориентиравме кон тераса со рамен кров, корисен, со широки зони на градини и определени пешачки патеки. Намалувањето на термичките мостови овозможува намалување на цената за затоплување. Овој тип на покрив обезбедува одлична акустичка изолација. Патеките се обележани со ЛЕД-светилки, кои ќе бидат повеќе одржливи и ефикасни од енергетска гледна точка, со што ќе се гарантира заштеда еднаква на 65 отсто во однос на флуоресцентните канделабри и огромно намалување на цената за нивно одржување. Светлоста што ја рефлектираат е без инфрацрвени и ултравиолетови зраци држејќи ги на тој начин инсектите подалеку, посочи Тодоров.
Новиот клинички блок ќе биде оформен од два објекта-Главен објект и лаборатории, поврзани со топли врски.
- Во главниот објект – во подрумот ќе се развие подземна сообраќајница која ќе биде поврзана со постојната во подрумот на хирургија и ќе служи за сообраќај на возила за снабдување на клиниките и за одвоз на отпад, Клиничката аптека и Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина.
На приземјето ќе се развие главниот влез со прием на амбулантни и хоспитални болни, амбулантен дел на клиниката за неврологија, комплетен дијагностички дел (клиника за радиологија) и ургентен центар, како и централниот дел за земање на примероци, кој по систем на пневматски туби ќе биде селектиран и транспортиран до соодветната лабораторија за анализа, рече Тодоров.
На првиот кат, како што посочи, се развиваат амбулантите на останатите клиники,  дневната болница, дневна хирургија, ендоскопскиот оддел и четири нови операциони сали за трансплантација и кардиохирургија, кои се во широка врска со оперативниот блок кој се наоѓа истотака на првиот спрат во објектот на хируршките клиники, и понатаму по катови се развива интензивната нега  (на втори и трети) во комбинација со хоспиталните оддели на посебните клиники, а најгоре на осмиот кат е предвиден хелиодром кој со лифт е директно поврзан со ургентниот центар и оперативниот блок.
Објектот на лабораториите ќе биде опремен со пневматска пошта за пренос на документи, радиографии, лекови, патолошки примероци, со цел да се намали движењето на пациентите и медицинскиот персонал низ објектите и додаде дека за таа цел во приземјето на новиот објект е предвиден оддел за земање примероци, кои понатаму по пневматскиот систем ќе се дистрибуираат до соодветното место.
- Во подрумот се сместени магацините на трансфузиологија, фрижидери за крв и депото за матични клетки. Приземјето е предвидено за прием и дистрибуција на крв и комплетно за Институтот за трансфузиона медицина. На првиот кат или приземје од задната страна заради падот на теренот ќе биде лоцирана мртовечницата со посебен влез, одделот за хемодинамски истражувања и амбулантниот дел на клиниките чии дневни пациенти имаат потреба да бидат транспортирани: хематологија, нефрологија со дијализа. На вториот кат се развиваат лабораториите на клиничка биохемија и Институтот за микробиологија и паразитологија со амбулантата за ТБЦ, а на третиот кат е сместен Институтот за
Клинички кампус Мајка Терезапатологија и хистопатологија.
Објектот е поврзан со главниот објект со топли ходници – мостови на првиот кат, каде се и амбулантите со што се добива целина на амбулантниот простор.

Покрај изградбата на Новиот клинички блок, планирано е и реновирање на објектот на хируршките клиники со адаптирање на хоспиталниот дел со болнички соби со сопствени санитарни јазли, адаптирање на испразнетите простори со преселувањето на ургентниот центар во новиот блок, хоспиталниот оддел на клиниките на трауматологија, ортопедија и неврохирургија во новиот објект и целата клиника за детска хирургија во објектот на детската клиника и адаптирање на ослободениот простор за потребите на кабинетски простор за лекарите и комплетно реновирање на целиот објект. Исто така, во рамки на заокружување на комплексот Клиники „Мајка Тереза“ е планирано и оформување Детски центар односно интегрирање на сите клиники во служба на децата на едно место.

Значајно е што во новиот комплекс ќе се оневозможи движењето на возила, што ќе се постигне со изградба на две катни гаражи: едната на булеварот „Мајка Тереза“ и другата наспроти Клиниката за инфективни болести од каде посетителите и персоналот ќе можат да продолжат кон планираната дестинација исклучиво пешки, но сепак преку покриени пешачки патеки. Двете катни гаражи ќе имаат по 1.250 паркинг места. Во комплексот ќе можат да влегуваат исклучиво возила за Итна медицинска помош, противпожарни возила и оние приватни или такси возила кои превезуваат животно загрозени пациенти кон ургентниот центар и транспортирани пациенти кон клиниките. Останатите возила, како оние за снабдување, одвоз на отпад и слично, ќе можат да влегуваат во комплексот по исклучиво утврден протокол.

Птичја перспектива Клинички кампус Мајка Тереза Поглед 1 Поглед 2 План

Почеток на проектот „Дисперзирана клиника”

$
0
0

На 1 септември стартува проектот „Дисперзирана клиника”, со кој еминентни и веќе докажани доктори од здравствените установи од Скопје и Охрид ќе можат да даваат здравствени услуги на пациентите низ клиничките и општите болници во останатите градови во државата. Во рамки на повеќегодишниот проект ќе бидат ангажирани професори, односно доктори специјалисти и субспецијалисти со 10 и над 10-годишен работен стаж, кои искажуваат интерес за работа во останатите градови. Има голем интерес од страна на докторите.

Целта е размена на искуства и истовремена едукација за воведување нови методи и интервенции, како и работа со новата медицинска опрема.

- Посетата на еминентните и докажани медицински професионалци од универзитетските клиники и болници е со цел  да се овозможи оптимална искористеност на медицинските апарати и подобар квалитет на здравствените услуги, посочи Тодоров на денешната прес конференција. Станува збор за уште една значајна новина, која ја иницираат со цел унапредување на здравјето на граѓаните на Македонија.

Ангажираните доктори ќе добиваат соодветен дневен надомест, нивната работа ќе се вреднува и согласно системот за плаќање по учинок, а исто така, ќе биде креиран и посебен термин за закажување преглед кај овие клинички доктори, согласно електронскиот систем за закажување Мој термин.

Ќе бидат ангажирани доктори од сите универзитетски клиники од комплексот клиники „Мајка Тереза” – Скопје, од Градската болница за хируршки болести „Св.Наум Охридски”– Скопје, од Градската општа болница „8 Септември“ – Скопје, од Специјалната болница за гинекологија и акушерство – Чаир, од Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле,  од Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“-Охрид, како и од Заводот за физикална медицина и рехабилитација-Скопје.

- Рокот за аплицирање на сите заинтересирани специјалисти и субспецијалисти од посочените здравствени установи е до среда, а докторите кои ќе го пропуштат овој рок (заради летните одмори или од други причини) имаат можност во следниот период да се јават во Министерството и да го искажат својот интерес за вклучување во овој проект. Имаме голем интерес од страна на докторите и веќе се имаат пријавено поголем број клиничари од областа на детска хирургија, пулмологија, тораковаскуларна хирургија, абдомен и други специјалности.

Докторите-клиничари кои  ќе аплицираат за учество во проектот ќе бидат дисперзирани во клиничките болници во  Битола, Тетово, Штип, во општите болници во Велес, Гевгелија, Гостивар, Дебар, Кавадарци, Кичево, Кочани, Куманово, Прилеп, Струга, Струмица, Охрид, во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо” – Охрид, ЈЗУ Завод за превенција, лекување и рехабилитација за КВЗ-Охрид, како и во специјалните болници за белодробни заболувања и ТБЦ во Лешок и во Јасеново.

- Бенефитот од оваа мерка на Министерството е неколкукратен. Од една страна пациентите ќе добиваат здравствена услуга во своето место на живеење од секундарно и терциерно ниво, односно нема да бидат изложени на дополнителни патни и останати трошоци. Бенефитот за докторите, а пред се за самата здравствена установа е размена на знаење и искуство од еминетни и докажани во својата професија клиничари, како и унапредување на здравствените услуги и воведување нови методи и интервенции.

Паралелно со периодот на аплицирање, во тек е и креирањето на календарите за распоредот на докторите заинтересирани за работа во болниците во другите градови.

- Овие доктори ќе можат максимум два дена месечно да даваат здравствени услуги во болниците низ другите градови, со цел да се испочитуваат и обврските кон матичните клиники и болници. Еден од основните постулати на проектот „Дисперзирана клиника“ е секој ден во болниците низ Македонија да биде присутен минимум по еден доктор од универзитетските клиники или од специјалните болници, во зависност од определената специјалност.

 

Детали и скици за новиот универзитетски клинички комплекс Мајка Тереза

$
0
0
Идејното решение за изградбата на новиот Клинички центар во Скопје го изработи проектантската куќа АРЕН СРЛ од Италија. По ова следи фазата за изработка на основниот проект, кој треба да биде завршен за 160 дена, односно до крајот на годинава, а вкупната сума за изготвување на целиот проект е 1.300.000 евра. Изградбата на новиот Клинички центар кој ќе почне да се гради на почетокот на наредната година се очекува да заврши за три години.
ПОКОНКРЕТНИ ДЕТАЛИ
·         Вториот и третиот кат го претставуваат новиот оддел за Интензивна нега,медицинска и хируршка. Сегашната организација на клиниките е на начин што секоја клиника има интензивна нега. Новината е во организацијата на интензивна нега, односно тоа што на еден простор се организира мултидисциплинарна интернистичка интензивна нега. Дневниот циклус на мултидисциплинарниот тим е во тесна врска со пониска смртност кај пациенти на медицинска интензивна нега. Бенефитот од преживувањето на пациентите во интензивната нега во голем дел се објаснува и со постоењето мултидисциплинарни тимови, составени главно од високо обучени лекари. Мултидисциплинарните тимови овозможуваат размена на информации на време и лице во лице, креирајќи цел и план за нега на секој пациент посебно. Одделни интензивни неги се формирани само за специфичните клиники како што се кардиолошка интензивна нега, и интензивна нега на неврохирургија и сл. Ова овозможува идеална флексибилност и концентрација на специјализиран кадар на едно ниво, нудејќи можност да се испорача мултидисциплинарна нега на најкритичните пациенти.
·         СИГНАЛИЗАЦИЈА ЗА ЛИЦА СО ОШТЕТЕН И НАМАЛЕН ВИД

За ориентација при движење во внатрешноста на објектите се предвидува соодветна сигнализација за лицата со оштетен и намален вид.
Лифтовите ќе имаат панел за копчиња со цифри испишани и во Брајева азбука, а на секој кат се предвидени тактилни мапи за секој посебен простор. Дополнителна сигнализација во Брајева азбука ќе биде испишана и на оградите во ходниците.
Сите горенаведени елементи на сигнализација ќе бидат изработени од лесно хигиенски одржливи материјали, издржливи на долготрајна употреба и соодветно заштитени од вандалски дела (алумуниумска структура, abs за поврзување, спојување и обложување, транспарентни антирефлексивни PVC фолии за заштита на панелите). За испишувањето на симболите ќе бидат употребени фоторезистентни материјали, сериграфски аплицирани декорации и висококвалитетни лепливи фолии. Ќе бидат изоставени од употреба рефлексивните материјали.
Објектот на новиот клинички центар ќе биде пристапен – тоа значи дека до него ќе може да дојде, ќе може да влезе и ќе може да го користи секој кој има потреба од здравствена услуга. Тоа ќе биде објект без бариери.

    - СИСТЕМ ЗА КОМПЈУТЕРИЗИРАНА КОНТРОЛА, МОНИТОРИНГ И УПРАВУВАЊЕ НА ОБЈЕКТОТ- Building Menagment System 
 
Предвидена е инсталација на BMS центар за интелигентно управување со клиничкиот блок, односно контрола и мониторирање на целосната електрична и механичка опрема во објектите и нејзино оптимизирање, како што се вентилацијата и климатизацијата во објектот, осветлувањето, противпожарните уреди, струјата и електроенергетските системи и сигурносните системи. BMS-от го преставува центарот за аквизиција односно прибирање и менаџирање на сите технички параметри на опремата во објектот. Со трансферот на податоците BMS-от треба да ги контролира и управува инструментите на секој технички систем, кој ќе ги извршува наредбите на операторот, притоа запазувајќи ги безбедносните стандарди. Операторите во компјутерскиот центар, покрај комплетната прегледност, треба да имаат и можност за комплетно управување на целиот комплекс клиники. Во поглед на безбедноста, овој центар треба да ги собира сите информации од сензорите, поставени низ објектот и соодветно да алармира, а во крајни случаи автоматски да донесува одлуки.
BMS-от (компјутерскиот центар) треба да ја опфати контролата и управувањето на следниве системи:
·         Систем за вентилација и климатизација на објектот, со целосна контрола на сите ладилници и вентилатори и нивно пренасочување
·         Контрола и оптимизација на осветлувањето во објектот , исто така репортирање за неисправни уреди
·         Контрола на системот против пожари
·         Контрола и исправност на лифтови
·         Контрола на сигурносните системи и уредите за пристап до одредени простории (РФ-ид или магнетни картички)
·         Контрола на системот за видео-надзор
·         Контрола и мониторинг на систем салата каде ќе биде сместен компјутерскиот центар на клиничкиот блок.
·         Контрола и менаџирање на електроенергетските системи во објектот.
·         Контролна  на централниот систем за озвучување и разглас
·         Контрола на генераторите и на батериите за дополнително снабдување со струја во случај на прекин (UPS-уреди)
·         Контрола, мониторинг и менаџмент на целата компјутерска мрежа во клиничкиот блок.
·         Контрола, мониторинг и менаџмент на сите компјутерски работни станици во клиничкиот блок.
Со мрежната архитектура и компјутерскиот центар ќе бидат интегрирани сите клиники во новиот клинички блок со што ќе се овозможи централна електронска архива на сите медицински податоци за пациентите и централен болнички информатички систем кој ќе ги содржи сите медицински податоци за пациентите, како што се персоналните здравствени картони, рендген снимки други медицински досиеја. Карактеристичен болнички кат по спратови скица прв кат скица приземје Макета клинички центар Макета на клинички центар

Реакција за прилогот на Нова ТВ –Кој не сака да чека: Операција на катаракта ќе чини 750 еврa

$
0
0

Во врска со посочениот прилог, Министерството за здравство во интерес на вистината информира дека станува збор за тотална лага и целосна невистина дека операцијата на катаракта ќе чини 750евра и сумата треба  да ја плати секој граѓанин кој сака да се оперира од катаракта (перде).

Единствената вистина е дека МЗ денеска објави план, согласно кој наместо досегапредвидените 500 операции, се овозможува да бидат изведени 1200 до крај на годината.
Или поконкретно:
- КБ Штип која има годишно 300 операции на катаракта, додека со зголемувањето за 200 операции на катаракта за 65% ќе се зголеми бројот на операции и за истиот овој процент ќе се намали времето на чекање од причина што ќе се прават повеќе операции на ден/ месец.
-Што се однесува до КБ Битола во моментов има 500 операции на катаракта годишно, додека со  дополнителните 200 операции, во оваа ЈЗУ ќе има зголемување од 40% на бројот на операции кои ќе бидат изведени, односно намалување на листите на чекање за 40%.
-Во ОБ Прилеп каде има 400 операции на катаракта годишно , со ова зголемувањето за 200 вакви операции ќе има 50% зголемување на операциите за катаракта, односно за истиов процент намалување на листите на чекање.
- Во КБ Тетово годишниот број на изведени операции е 600а со зголемувањето за  200 операции, за 33 % ќе се зголеми бројот на операции,односно очекуваме за истиот процент да се намали времето на чекање.
Потенцираме дека, во ниту еден момент на денешната прес конференција од страна на министерот не беше воопшто споменато дека граѓаните треба да платат доколку сакаат да им биде извршена оваа операција, туку беше прецизно кажано дека Проектот овозможува зголемување на бројот на операции, кои притоа ќе ги финансира државата.
Исто така, потенцираме дека на прес конференцијата беше концизно појаснето дека една од мерките во цела Европа за намалување на листите за катаракта е овозможување на таканаречената дополнителна дејност и притоа беше потенцирано дека истото веќе неколку години наназад е достапно и во нашата држава и во таа смисла на прес конференцијата , беше одговорено на прашањето  за висината на цената за оваа интервенција во Македонија, која е утврдена и објавена пред повеќе од една година.
Од изнесените факти и аргументи, многу јасно се гледа дека денеска МЗ промовираше проект со кој сериозно се зголемува бројот на операции за катаракта, на товар на државата и во ниту еден момент не беше посочено дека граѓаните задолжително треба да платат 750евра за ваков тип операции.
Наместо да биде поздравен фактот што за поголем број граѓани за пократок временски период ќе им биде извршена оваа операција, ние денеска имавме можност да прочитаме бескрупулозен спин кој се базира на обична лага и невистина која има единствена цел да девалвира една позитивна мерка на МЗ.
За среќа, како резултат на оваа мерка, пациентите кои имаат потреба од оваа интервенција до крај на годината ќе имаат можност полесно да дојдат до истата.
Воедно ве известуваме дека не бараме да ја повлечете објавената невистина , напротив добро е што граѓаните имаат можност  да ја прочитаат спинуваната вест на  Нова ТВ која се темели исклучиво на невистина.

СЕ ЗГОЛЕМУВА БРОЈОТ НА ОПЕРАЦИИ ЗА КАТАРАКТА

$
0
0
Од 500 на 1.200 ќе се зголеми бројот на интервенциите за катаракта до крајот на годината во неколку градови и тоа во Битола, Тетово, Штип, Прилеп и Струмица, како и во Скопје, а истовремено се намалува и времето за чекање за интервенција, информираше денеска на прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров.
Оваа нова мерка за унапредување на офталмологијата е со цел регионално зајакнување на постојните капацитети на очните одделенија, а истовремено ќе се постигне намалување на листите за чекање во сите очни одделенија, посебно во Скопје, како и добивање здравствена услуга во близината на местото на живеење.
Тодоров рече дека за операција на катаракта се чека од три до шест месеци, а интенцијата е овој период да се намали на околу два месеца.
На листата на чекање за оваа интервенција во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје има 1.000 пациенти од сите делови на земјата, додека на Универзитетската клиника во просек годишно има 1.200 операции на катаракта.
Министерот Тодоров истакна дека по 200 интервенции повеќе ќе се изведуваат во Штип, Прилеп и Тетово. Онаму каде што ќе има потреба ќе оперираат лекари од Скопје. Во Струмица, каде досега не се изведувале вакви интервенции, планирано е да се изведат 100.
Или поконкретно:
- КБ Штип која има годишно 300 операции на катаракта, додека со зголемувањето за 200 операции на катаракта за 65% ќе се зголеми бројот на операции и за истиот овој процент ќе се намали времето на чекање од причина што ќе се прават повеќе операции на ден/ месец.
-Што се однесува до КБ Битола во моментов има 500 операции на катаракта годишно, додека со  дополнителните 200 операции, во оваа ЈЗУ ќе има зголемување од 40% на бројот на операции кои ќе бидат изведени, односно намалување на листите на чекање за 40%.
-Во ОБ Прилеп каде има 400 операции на катаракта годишно , со ова зголемувањето за 200 вакви операции ќе има 50% зголемување на операциите за катаракта, односно за истиов процент намалување на листите на чекање.
- Во КБ Тетово годишниот број на изведени операции е 600а со зголемувањето за  200 операции, за 33 % ќе се зголеми бројот на операции,односно очекуваме за истиот процент да се намали времето на чекање.
На пациентите кои веќе имаат закажано операција на катаракта во скопските болници, а се од посочените градови телефонски ќе бидат конктактирани и ќе бидат информирани за времето и градот каде ќе им биде извршена интервенцијата. Сепак, вели министерот за здравство, пациентот има право сам да избере каде ќе се оперира.
Viewing all 597 articles
Browse latest View live