Од 500 на 1.200 ќе се зголеми бројот на интервенциите за катаракта до крајот на годината во неколку градови и тоа во Битола, Тетово, Штип, Прилеп и Струмица, како и во Скопје, а истовремено се намалува и времето за чекање за интервенција, информираше денеска на прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров.

Тодоров рече дека за операција на катаракта се чека од три до шест месеци, а интенцијата е овој период да се намали на околу два месеца.
На листата на чекање за оваа интервенција во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје има 1.000 пациенти од сите делови на земјата, додека на Универзитетската клиника во просек годишно има 1.200 операции на катаракта.
Министерот Тодоров истакна дека по 200 интервенции повеќе ќе се изведуваат во Штип, Прилеп и Тетово. Онаму каде што ќе има потреба ќе оперираат лекари од Скопје. Во Струмица, каде досега не се изведувале вакви интервенции, планирано е да се изведат 100.
Министерот Тодоров истакна дека по 200 интервенции повеќе ќе се изведуваат во Штип, Прилеп и Тетово. Онаму каде што ќе има потреба ќе оперираат лекари од Скопје. Во Струмица, каде досега не се изведувале вакви интервенции, планирано е да се изведат 100.
Или поконкретно:
- КБ Штип која има годишно 300 операции на катаракта, додека со зголемувањето за 200 операции на катаракта за 65% ќе се зголеми бројот на операции и за истиот овој процент ќе се намали времето на чекање од причина што ќе се прават повеќе операции на ден/ месец.
-Што се однесува до КБ Битола во моментов има 500 операции на катаракта годишно, додека со дополнителните 200 операции, во оваа ЈЗУ ќе има зголемување од 40% на бројот на операции кои ќе бидат изведени, односно намалување на листите на чекање за 40%.
-Во ОБ Прилеп каде има 400 операции на катаракта годишно , со ова зголемувањето за 200 вакви операции ќе има 50% зголемување на операциите за катаракта, односно за истиов процент намалување на листите на чекање.
- Во КБ Тетово годишниот број на изведени операции е 600, а со зголемувањето за 200 операции, за 33 % ќе се зголеми бројот на операции,односно очекуваме за истиот процент да се намали времето на чекање.
На пациентите кои веќе имаат закажано операција на катаракта во скопските болници, а се од посочените градови телефонски ќе бидат конктактирани и ќе бидат информирани за времето и градот каде ќе им биде извршена интервенцијата. Сепак, вели министерот за здравство, пациентот има право сам да избере каде ќе се оперира.