Quantcast
Channel: Министерство за Здравство
Viewing all articles
Browse latest Browse all 597

Реакција за прилогот на Нова ТВ –Кој не сака да чека: Операција на катаракта ќе чини 750 еврa

$
0
0

Во врска со посочениот прилог, Министерството за здравство во интерес на вистината информира дека станува збор за тотална лага и целосна невистина дека операцијата на катаракта ќе чини 750евра и сумата треба  да ја плати секој граѓанин кој сака да се оперира од катаракта (перде).

Единствената вистина е дека МЗ денеска објави план, согласно кој наместо досегапредвидените 500 операции, се овозможува да бидат изведени 1200 до крај на годината.
Или поконкретно:
- КБ Штип која има годишно 300 операции на катаракта, додека со зголемувањето за 200 операции на катаракта за 65% ќе се зголеми бројот на операции и за истиот овој процент ќе се намали времето на чекање од причина што ќе се прават повеќе операции на ден/ месец.
-Што се однесува до КБ Битола во моментов има 500 операции на катаракта годишно, додека со  дополнителните 200 операции, во оваа ЈЗУ ќе има зголемување од 40% на бројот на операции кои ќе бидат изведени, односно намалување на листите на чекање за 40%.
-Во ОБ Прилеп каде има 400 операции на катаракта годишно , со ова зголемувањето за 200 вакви операции ќе има 50% зголемување на операциите за катаракта, односно за истиов процент намалување на листите на чекање.
- Во КБ Тетово годишниот број на изведени операции е 600а со зголемувањето за  200 операции, за 33 % ќе се зголеми бројот на операции,односно очекуваме за истиот процент да се намали времето на чекање.
Потенцираме дека, во ниту еден момент на денешната прес конференција од страна на министерот не беше воопшто споменато дека граѓаните треба да платат доколку сакаат да им биде извршена оваа операција, туку беше прецизно кажано дека Проектот овозможува зголемување на бројот на операции, кои притоа ќе ги финансира државата.
Исто така, потенцираме дека на прес конференцијата беше концизно појаснето дека една од мерките во цела Европа за намалување на листите за катаракта е овозможување на таканаречената дополнителна дејност и притоа беше потенцирано дека истото веќе неколку години наназад е достапно и во нашата држава и во таа смисла на прес конференцијата , беше одговорено на прашањето  за висината на цената за оваа интервенција во Македонија, која е утврдена и објавена пред повеќе од една година.
Од изнесените факти и аргументи, многу јасно се гледа дека денеска МЗ промовираше проект со кој сериозно се зголемува бројот на операции за катаракта, на товар на државата и во ниту еден момент не беше посочено дека граѓаните задолжително треба да платат 750евра за ваков тип операции.
Наместо да биде поздравен фактот што за поголем број граѓани за пократок временски период ќе им биде извршена оваа операција, ние денеска имавме можност да прочитаме бескрупулозен спин кој се базира на обична лага и невистина која има единствена цел да девалвира една позитивна мерка на МЗ.
За среќа, како резултат на оваа мерка, пациентите кои имаат потреба од оваа интервенција до крај на годината ќе имаат можност полесно да дојдат до истата.
Воедно ве известуваме дека не бараме да ја повлечете објавената невистина , напротив добро е што граѓаните имаат можност  да ја прочитаат спинуваната вест на  Нова ТВ која се темели исклучиво на невистина.

Viewing all articles
Browse latest Browse all 597