Универзитетот Св.Климент Охридски – Битола упати посебна благодарница до Државниот санитарен и здравствен инспекторат за ангажирање и заложба на д-р Љубица Гиачо, специјалист по хигиена и здравствена екологија, раководител на одделение при ДСЗИ во Министерството за здравство по повод успешно одржано предавање на тема “Улогата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и инспекциската контрола за здравствено безбедни производи при увоз и трговија на големо и мало”.
Од факултетот истакнуваат дека целта на предавањето е преку клиничката настава, студентите да се стекнат со практични сознанија во поголем обем на квалитет и квантитет, кои би послужиле како солидна основа во натамошниот предмет на проучување во соодветната област. Предавањата побудија голем интерес кај студентите што придонесува за продлабочување на нивните знаења за соодветната тема и примена во практиката.
Од страна на Универзитетот Св.Климент Охридски-Битола Факултет за угостителство и туризам е искажан интерес за натамошно продлабочување на соработката во наставниот процес со Министерството за здравство, со цел подобро и поефикасно запознавање на студентите, со теми кои се предмет на наставниот план и програма и во интерес на продлабочување на знаењето на студентите во оваа реномирана образовна установа.