Quantcast
Channel: Министерство за Здравство
Viewing all articles
Browse latest Browse all 597

Вонредна контрола на велешката болница-затекнати отпушоци и чад од цигари

$
0
0
Скопје, 31 јули 2013 - Законот за заштита од пушење не се почитува од страна на дел од вработениот персонал во Општата болница-Велес, констатира Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ), кој во текот на вчерашниот ден изврши вонреден инспекциски надзор во таа здравствена установа.
Во извршениот инспекциски надзор, ДСЗИ констатираше дека во Одделението за невропсихијатрија во просторијата која функционира како заедничка просторија и која е означена како работна соба, од страна на инспекторите било забележано присуство на чад од цигари, а во корпата за комунален отпад биле затекнати картонски кутии од цигари, како и неколку отпушоци.
Во Дневниот центар за третман и рехабилитација на дроги и психотропни супстанци во состав на истото одделение, како што се наведува, на приземјето од деловната зграда каде влезот се дели со пациенти за преглед во специјалистичко-консултативната амбуланта се затекнати многу отпушоци од пациентите на метадонска терапија.
Од надзорот над хируршкото одделение во болницата се констатира дека поголем дел од докторските соби се заклучени и неозначени, додека во една од докторските соби се констатирани исто така повеќе отпушоци во корпата за отпадоци кои се фотографирани. Докторската соба е затекната во лоша хигиенска состојба, присуство на чад и непријатна миризба на тутун.
Заради констатираните недостатоци во однос на непочитување на  Законот за заштита од пушење од дел од здравствениот кадар во оваа здравствена установа, Државниот здравствен и санитарен инспекторат ќе поднесе прекршочна пријава до Општата болница Велес.
Согласно Законот, за овој вид прекршок е предвидена глоба од 2.000 до 4.500 евра, во денарска противвредност за установата. За директорот на установата како одговорно лице е предвидена глоба од 500 до илјада евра, додека за физичко лице од 150 до 300 евра, во денарска противвредност.
ДСЗИ продолжува со засилен интензитет да го контролира спроведувањето на законските прописи во областа на здравството, со цел градење на пациент-центричен систем, односно здравствен систем во кој пациентот е во центарот на вниманието на здравствената заштита.

Viewing all articles
Browse latest Browse all 597

Trending Articles


FORECLOSURE OF REAL ESTATE MORTGAGE


OFW quotes : Pinoy Tagalog Quotes


Long Distance Relationship Tagalog Love Quotes


INUMAN QUOTES


Sapos para colorear


Patama Quotes : Tagalog Inspirational Quotes


5 Tagalog Relationship Rules


Re:Mutton Pies (lleechef)