Заменик министерот за здравство, Јовица Андовски се сретна со Сергеј Дорофеев, претседател на Комисијата за здравство на Државната Дума на Руската Федерација, чија делегација престојува во официјална посета на Република Македонија.
На средбата стана збор за можностите за унапредување на соработката меѓу двете земји на полето на здравството, со посебен акцент на можноста за остручување медицинските кадри од повеќе струки и специјалности, главно од областа на офталмологијата, кардиохирургијата, радиологијата и од други области во медицината кои се дел од Програмата на Министерството за дообучување соодветен специјалистички кадар од македонските јавни здравствени установи во реномирани медицински центри во странство.Гостите од Русија, посебен интерес покажаа за реформата за намалување на цените на лековите, донесениот Закон за лекови и новата методологија, како и за донесените законски решенија од областа на здравствената заштита, регулирањето на коморското здружување, како и Законот за медицински студии.
На средбата посебно беше истакнат позитивниот развоен тренд на македонско-руските односи на полето на здравството и од страна на руската делегација беше искажана отворена поддршка за спроведувањето на овие обуки и интензивирање на досегашната соработка и развој на нови пристапи во дијагностиката и лекувањето на двете земји.