Заменик министерот за здравство, м-р Јовица Андовски денеска одржа средба со директорката на Фондот за население на Обединети Нации (УНФПА), Доина Болога, при што беше потпишан договор за соработка за периодот 2014-2015 година, со цел подобрување на репродуктивното здравје на населението.
Image may be NSFW.
Clik here to view.
Средбата е одржана на маргините на состанокот на Здравствената Мрежа на Југоисточна Европа, што денеска и утре се одржува во Букурешт, Рoмaнија, а чиј Секретеријат е сместен во Министерството за здравство на Р.Македонија.
Во рамки на овој Договор, Министерството за здравство ќе стави пособен акцент на ранливите категории на граѓани, помош на социјално загрозените семејства и жителите на руралните подрачја, во однос на планирање на семејството и соодветна обука на здравствените работници на сите нивоа на здравствена заштита, со цел подобрување на здравјето на мајките и новородените кај споменатите ранливи категории граѓани.