
На средбата стана збор за здравствените реформи што се спроведуваат во Македонија: инфраструктура (градење/реновирање болници), набавување најсовремена опрема, обука на лекарите како и системот на здравствена заштита, начин на финансирање, стапка на задолжително здравствено осигурување, изведување на медицинското високо образование.
На средбата беше истакнат позитивниот развоен тренд на македонско-чешките односи во областа на здравството. Од страна на чешката делегација беше искажана отворена поддршка за интензивирање на досегашната соработка и развој на нови пристапи во дијагностиката и лекувањето на двете земји.
Чешката делегација заедно со заменик-министерот Андовски ја посети и Клиниката за гинекологија и акушерство со цел запознавање со системот за работа