По покана од Министерството за здравство на Казахстан, заменик министерот за здравство во период од 6 – 7 ноември присуствува во Казахстан, Алма Ата каде се одржува јубилејна меѓународна конференција по повод 35 годишнина од потпишување на декларацијата – Алма Ата на СЗО за примарната здравствена заштита.
На конференцијата присуствува и генералниот директор на СЗО, како и министри на земји членки на СЗО.
Главни теми на конференцијата се медицинска технологија и развој и унапредување на човечки ресурси.
Истакнувајќи го признанието за примарната здравствена заштита и неговата клучна улога во модерните здравствени системи, домаќинот на оваа конференција ќе се обиде да даде нов импакт за промоција на примарната здравствена заштита и ќе ги обнови обврските и посветеноста за промоција на примарната здравствена заштита и ќе ги обнови обврските и посветеноста на исполнување на земјите на СЗО, Алма Ата – декларацијата.
За време на конференцијата ќе се разговара за горенаведените приоритетни цели, особено примарната здравствена заштита и размената на искуствата со интернационални експерти и водечки експерти од областа.