Quantcast
Channel: Министерство за Здравство
Viewing all articles
Browse latest Browse all 597

Кабинет за ОРЛ отворен во Поликлинката во Ѓорче Петров

$
0
0

По пауза од речиси пет години во Поликлиниката во Ѓорче Петров денеска е отворен кабинет за ОРЛ-оториноларингологија.
Отворањето на кабинетот, како што истакна министерот за здравство Никола Тодоров, е овозможено со преминување на докторката од приватното во јавното здравство преку проектот за кој во тек е и вториот оглас за таа намена.
Во Здравствен дом Скопје, нагласи Тодоров, вкупно 13 специјалисти од приватното здравство преминале во оваа установа. Тоа, како што кажа, ќе овозможи граѓаните да ги добиваат услугите од секундарното здравство во близина на местото на живеење, а во некои поликлиники како што се во поликлиниката во Битпазар и во Драчево ќе овозможи специјалистичките кабинети да работат двосменски.
Тодоров информира дека на вториот оглас за преминување на специјалисти од приватно во јавно здравство кој трае до 28 август досега аплицирале 75 специјалисти.

Viewing all articles
Browse latest Browse all 597

Trending Articles


Re:Mutton Pies (lleechef)