Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Владимир Милошев, денеска ги посети Општата болница и Здравствениот дом во Дебар, каде оствари средби со директорите и стручните колегиуми на овие установи.
Целта на посетата е согледување на актуелните состојби и потреби на установите во насока на унапредување на условите за персоналот и пациентите. Исто така, на средбата стана збор за повеќе мерки на Министерството за здравство кои се фокусирани на унапредување на здравствената заштита на ниво на целата држава.
Спомената беше и предвидената реформа за фузионирање на болницата и здравствениот дом во Дебар, која ќе придонесе за подобра здравствена заштита, како и финансиски заштеди во установите.
↧
ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР ВО ПОСЕТА НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСТАНОВИ ВО ДЕБАР
↧