Quantcast
Channel: Министерство за Здравство
Viewing all articles
Browse latest Browse all 597

Д-Р ВЛАДИМИР МИЛОШЕВ НА СОСТАНОК ВО ЕСТОНИЈА ЗА „РЕШАВАЊЕ НА ПРЕДИЗВИЦИТЕ ЗА ХИВ и ТУБЕРУЛОЗА“

$
0
0

Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Владимир Милошев, на 12 и 13 декември учествува на состанок за политички дијалог„ Решавање на предизвиците на ХИВ и туберкулоза-од донаторска поддршка до одржливи здравствени системи“, организиран од Владата на Естонија во Талин, а како дел од иницијативите преземени под естонско претседателство на Советот на Европска Унија.

Државниот секретар се обрати на панелот посветен на „Одржливо финансирање на сервисите за ХИВ и туберкулоза во националните здравствени системи“ и ги презентираше конкретните чекори на Владата на Република Македонија и Министерството за здравство во обезбедување одржлив одговор за ХИВ по завршување на поддршката од Глобалниот фонд за ХИВ/СИДА. Имено, Министерството за здравство за 2018 година, предвиде буџет од 95 милиони денари наменет за третман и за превенција за 2018 година, а во последното тромесечие од 2017 година го пилотираше финансирањето на програмите за ХИВ превенција, кои ги спроведуваат граѓанските организации.

Состанокот се однесува на ниво на државни секретари од земјите на Европската унија и земјите аспиранти за Европска Унија и соседните земји во европскиот регион, на кој покрај претставници од институции, учествуваа делегати од Европската комисија, агенциите на Обединетите Нации, меѓународни и национални граѓански организации за ХИВ и туберкулоза, експерти за ХИВ, СЗО и претставници од самите заедници засегнати од ХИВ.

Од состанокот ќе произлезат и препораки за натамошно делување на владите и клучните засегнати чинители, во создавањето одржливи системи за ХИВ и туберкулоза и нивно целосно ставање под контрола.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 597