МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО
објавува
ОГЛАС
за запишување студенти од Република Македонија на 6 годишни додипломски студии во академската 2013/2014 година на Факултетот за медицина и хирургија “Агостино Џемели”
Согласно средбата меѓу Министерот на здравство, Никола Тодоров и деканот на Факултетот за медицина и хирургија при Католичкиот Универзитет “Свето Срце” во Рим, проф.д-р Роко Белантоне во рамките на која беше потпишан Меморандум за разбирање и соработка меѓу Министерството за здравство на РМја и католичкиот универзитет “Свето Срце” во Рим и врачен конкурс за запишување студенти на додипломски студии на Факултетот за медицина и хирургија во академската 2013/2014 година, Министерството за здравство ги поканува сите заинтересирани студенти да се пријават на јавниот оглас за запишување на додипломски студии на Факултетот за медицина и хирургија во академската 2013/2014 година.
Конкурсот е отворен до 5-ти август 2013 година, а приемниот испит ќе се одржи на 16-ти септември (понеделник) 2013 година во 14:00 часот и ќе биде на англиски јазик, како и наставата. За државјаните на земјите кои не се членки на ЕУ е предвидена квота од 20 студенти. Годишната партиципација изнесува околу 15.000 евра.
Годишната партиципација за студиите и дополнителните трошоци за приемниот испит ќе бидат покриени од Владата на Република Македонија.
За тестирањето на кандидатите од Република Македонија ќе биде испратена двочлена комисија од Италија која ќе го спроведе приемниот испит.
Основен предуслов е познавање на англискиот јазик, за кој кандидатите ќе треба да достават доказ за познавање англиски јазик кој ги задоволува еден од следниве тестови со неопходниот број на поени/оценка:
- IELTS = 6.5
- TOEFL IBT ≥ 85
- TOEFL Computer Based ≥ 225
- TOEFL Paper Based ≥ 565
- CAMBRIDGE ESOL FCE grade A
- CAMBRIDGE ESOL CAE
- CAMBRIDGE ESOL CPE.
Кандидатите кои учеле во средни училишта каде наставата се одвивала на англиски јазик нема потреба да достават сертификат за познавање англиски јазик.
Приемниот тест се состои од 100 прашања со понудени повеќе одговори од кои точниот треба да се заокружи. Тие се поделени во 2 групи:
- 95 прашања од полето на логика, внимание и прецизност, решавање на проблем, расудување за визуелен простор, разбирање на текст, нумеричко расудување;
- 5 прашања за религиозна култура.
Кандидатите имаат 100 минути за одговарање на прашањата.
Евалуацијата е според следниве критериуми:
- 1 поен за секој точен одговор;
- минус 0.25 поени за секој погрешен одговор;
- 0 поени за неодговорено прашање.
Сите заинтересирани кандидати потребно е да достават писмо за интерес до Министерството за здравство, во рок од 7 дена (до 23.07.2013 година, вторник) на следната mail адреса: rimdodiplomskistudii@zdravstvo.gov.mk. Дополнителни информации за процедурата на запишување на додипломски студии може да се добијат од Министерство за здравство на РМ а истите се достапни и на web страната на универзитетот: http://roma.unicatt.it.