Министерот Таравари, вториот ден од посетата го започна со средба со конгресменот Ден Донован, член на Комитетот за надворешни работи, со кого разговараше за моменталната политичка состојба во Македонија и клучната улога на Министерството за здравство во новата реформска влада.
Министерот оствари средба и со со г-дин Магди Елтерази од Универзитетската болница „Џорџ Вашингон“, како и со претставници од Универзитетската школа за медицина и човечки ресурси „Џорџ Вашингтон“, со кои разговараше за стратешка соработка меѓу овие институции и Министерството за здравство на РМ, како и за Стратегијата на Министерството до 2020 година.
Министерот Таравари во Вашингтон оствари средба и со претставници на Советот за глобално здравје.
Кон крајот на денот министерот Таравари, оствари средба и со конгресменот Дана Рорабахер од Американскиот претставнички дом (комитет за надворешни работи), со кого разговараа за претстојните реформи во здравството и вклучување на американски здравствени инситуции во стратешкиот план на Министерството за здравство на РМ.
↧
ВТОР ДЕН ОД РАБОТНАТА ПОСЕТА НА МИНИСТЕРОТ ТАРАВАРИ ВО САД
↧