Финализираи се сите активности на Институтот за позитронско емисиона томографија (ПЕТ Центар) пред почнување со работа со пациенти. По тој повод денеска во посета на ПЕТ Центарот беа генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, Јукија Амано и вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров.
Директорката на јавната здравствена установа Институт за позитронско-емисиона томографија Емилија Јаневиќ информираше дека услугите за пациентите ќе бидат достапни веќе од понеделник и тие ќе може да се најдат во системот мој термин.

-Завршена е целокупната инсталација, квалификација на опремата и реализирана е пробна работа, завршена е и пробната работа на пет-ц камерата, добиена е дозвола за работа на цикротонот и производството со радиоактивност од дирекцијата за радиоциона сигурност како и добиена е лиценца за работа од Министерството за здравство. Добиена е и дозвола за производство од Агенцијата за лекови како и вклучен е договор со фондот за здравствено осигурување, вели Јаневиќ.Министерот за здравство Никола Тодоров потенцираше дека овој центар е најсовремен, најсложен и единствен објект од ваков тип во Република Македонија и не само во Македонија, туку и во поширокиот регион.
-Изминатите години развивме успешна и интензивна соработка со Меѓународната агенција за атомска енергија со седиште во Виена, која како дел од организацијата на Обединетите нации промовира употреба на нуклеарна енергија за медицински цели. Објектот на овој ПЕТ центар го изградивме од темел и денеска имаме комплетно нов објект според сите европски и светски стандарди, како во делот на молекуларната дијагностика, така и за производство на радиофармацевти. Овозможено е целосна едукација на кадарот во ПЕТ центарот од страна на врвни експерти од реномирани странски универзитети, а целта со овој центар е рано откривање на малигни и тешки заболувања имајќи предвид дека со оваа најсовремена опрема може да се детектира и една идинствена малигна клетка во човечкиот организам, вели Тодоров.
Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија Јукија Амано вели дека е голема честа да просуствува тука и да го промовира отворањето на овој ПЕТ центар во Скопје.
-Ова е само завршна фаза на еден проект кој што всушност претставува дел од долгогодишната соработка меѓу Меѓународната атомска агенција и Република Македонија. Оваа институција ќе го зголеми квалитетот на здравствената заштита кај пациентите, посебно кај оние пациенти кои имаат малигни заболувања, не само во земјата, туку и во целиот регион истакна Амано.