Quantcast
Channel: Министерство за Здравство
Viewing all articles
Browse latest Browse all 597

Најава за утре (сабота) –Одбележување Европска недела на имунизација

$
0
0

Attach. POKANA EVROPSKA NEDELA NA IMUNIZACIJA 2017- ZOOLOSKA, SABOTA 12h.Министерството за здравство, ве поканува на традиционално одбележување на Европската недела на имунизација, што ќе се одржи утре (сабота, 22 април) со почеток од 12:00 часот во Зоолошката градина во Скопје.

Европската недела на имунизација, која годинава по 12. пат се одбележува под мотото „ЗАШТИТИ, СПРЕЧИ, ВАКЦИНИРАЈ!“, се организира во соработка со Канцеларијата на Светската здравствена организација во Македонија и Здравствен дом-Скопје.

На настанот со свои ритмички точки и рецитали ќе настапат ученици од повеќе основни училишта од Скопје и деца од хорот Златно славејче. Настанот е со забавен, како и информативен карактер, со цел потсетување на бенефитите од вакцините и фактот дека со помош на вакцините се елиминирани и во голема мера се редуцирани многу тешки заболувања, како што се вариола вера, дифтерија,парализа и други заразни заболувања.

Еден од врвните приоритети на Министерството за здравство е грижата за здравјето на децата, и во таа насока континуирано работиме на осовременување на календарот за имунизација. Посебно значајно е воведувањето на поливалентните вакцини, со кои значително се намали бројот на боцкања во текот на првата година од животот на децата. Со само едно боцкање најмладите се штитат од многу болести, а со редовната вакцинација постигнуваме колективен имунитет и стабилна епидемиолошка состојба. Од почетокот на воведувањето на поливалентните вакцини се искористени над 80.000 дози од петвалентните и шествалентните вакцини.
Исто така, родителите имаат можност бесплатно да ги вакцинираат децата и со вакцина против стрептококни заболувања, која е незадолжителна и е наменета за деца на возраст од шест недели до пет години. Оваа вакцина штити од повеќе заболувања, како што се тешки пневмонии, воспаление на увото, менингит, особено кај малите деца и децата со намален имунитет.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 597

Trending Articles


Sapos para colorear


Break up Quotes Tagalog Love Quote – Broken Hearted Quotes Tagalog


Patama Quotes : Tagalog Inspirational Quotes


5 Tagalog Relationship Rules


FORECLOSURE OF REAL ESTATE MORTGAGE


Tagalog Quotes About Crush – Tagalog Love Quotes


OFW quotes : Pinoy Tagalog Quotes


Long Distance Relationship Tagalog Love Quotes


INUMAN QUOTES


Re:Mutton Pies (lleechef)