Quantcast
Channel: Министерство за Здравство
Viewing all articles
Browse latest Browse all 597

Не фрлајте отрови за кучиња, може да страдаат и деца!

$
0
0

MZ fotoМинистерството за здравство ја информира јавноста дека зачестеното фрлање отрови за кучиња-скитници на територијата на град Скопје може да биде исклучително опасна по здравјето на луѓето.

Апелираме за поголема свесност и совесност бидејќи злоупотребата на овие материи директно го загрозува и здравјето на децата, кои лесно може да дојдат во допир со фрлените отрови на јавни површини.

Според стручните лица во областа, за оваа намена најчесто се користат пестициди, или други опасни и токсични хемикалии, кои во директен допир со човекот може да предизвикаат и фатални последици, а дури и вдишувањето вакви хемикалии може да создаде трајни последици по респираторниот систем, стои во соопштението.

Имајќи предвид дека од здравствен аспект, овие материи се исклучително опасни како за животните, така и за луѓето, уште еднаш апелираме дека лицата одговорни за предизвикување смртен исход со вакви дејства, може кривично да одговараат согласно позитивните прописи во Република Македонија.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 597