Quantcast
Channel: Министерство за Здравство
Viewing all articles
Browse latest Browse all 597

Клиника за онкологија со најсовремена лабораторија во поширокиот регион

$
0
0

Onkologija foto2 2017Нa Клинката за радиотерапија и онкологија веќе е пуштена во работа  и функционира најсовремена лабораторија за подготовка на хемотерапија во поширокиот регион, во која може да се изведуваат и подготовки на вештачка храна за специфични пациенти. Станува збор за инвестиција од околу 21,5 милиони денари, односно над 350 илјади евра, истакна при посетата на оваа клиника, вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров.

Лабораторијата овозможува комплетно исклучување на каква било грешка при подготовката на хемотерапијата што значи сериозно подобрување на третманот на пациенти со онколошки заболувања, нешто што досега го немало во Македонија и на просторите на поранешна Југославија.

Со оваа инвестиција, посочи, се овозможи подготовка на терапија која ќе оневозможи каква било грешка, ќе го подигне нивото на квалитет на здравствените услуги, но и комплетно ја подобрува  работната средина за вработените во овој оддел, имајќи предвид дека се работи со токсични материјали и какво било испарување во просторијата исклучително тешко влијае на здравјето на оние кои работат.

– Оваа лабораторија овозможува нула емисија на штетни гасови. Од тој аспект оваа лабораторија не само што е многу корисна за пациентите, и за Клиниката, затоа што ќе доведе до сериозна заштеда на средства имајќи предвид дека нема повеќе да се фрла дел од лековите кои погрешно ќе се измерат или нема да се искористат, туку многу позитивно влијае и на работната средина на вработените, рече Тодоров и нагласи дека денеска со инструктор од странство разговарале за дополнителна обука на вработените во Париз и за тоа се договориле.

– Станува збор за една капитална инвестиција во делот на онкологијата која ќе овозможи многу подобар третман на онколошките пациенти и ќе донесе подобра организација и заштеда на средства на Клиниката.

Директорот на Клиниката Милан Ристески рече дека досега единствениот систем на подготвување на лековите бил волуметриски кој, како што рече, ни од далеку не е така прецизен, бидејќи е многу субјективен.

– Одиме на комплетно гравиметриски метод. Самиот процес е така поставен да не дозволува да дојде наредниот чекор без да се валидира претходниот. Системот работи со апсолутно осигурување на квалитет. Ги имаме и двете опции, значи и гравиметриската што треба да ни биде некаде 90 отсто од користењето, истакна Ристески, додавајќи дека станува збор за опрема која има четири работни места со максимум капацитет, односно во еден час може да произведат 120 подготовки.

Посочи дека во просек имаат 200 и 250 подготовки на ден, а апаратурата ќе може да ги задоволува не само нивните потреби, туку и потребите на клиниките за хематологија, офтамологија, детска онкологија и кардиохирургија и за сите останати клиники кои имаат пациенти кои се за т.н. тотална вештачка исхрана.

– Се може тука да се подготвува во стерилни услови. Ова е нешто што го работиме етапно зависно од тоа како заштеди правевме за да може да ги пренасочиме за да си го дозволиме ова. Сите средства се од нашиот буџет. Денес првпат во Македонија беше аплициран лекот пембролизумаб кај девет пациенти. Да не постоеше овој систем тој лек не ни можеше да биде даден. Во други услови не може да се подготвува тој. Благодарение на гравиметрискиот метод денес спасивме две ампули. Една ампула чини 1.600 евра, рече Ристески нагласувајќи дека е голема заштедата на дневна основа особено кај скапите лекови. Станува збор за најреномиран светски софтвер за овој тип подготовки.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 597

Trending Articles


Girasoles para colorear


mayabang Quotes, Torpe Quotes, tanga Quotes


Tagalog Quotes About Crush – Tagalog Love Quotes


OFW quotes : Pinoy Tagalog Quotes


Long Distance Relationship Tagalog Love Quotes


Tagalog Quotes To Move on and More Love Love Love Quotes


5 Tagalog Relationship Rules


Best Crush Tagalog Quotes And Sayings 2017


Re:Mutton Pies (lleechef)


FORECLOSURE OF REAL ESTATE MORTGAGE


Sapos para colorear


tagalog love Quotes – Tiwala Quotes


Break up Quotes Tagalog Love Quote – Broken Hearted Quotes Tagalog


Patama Quotes : Tagalog Inspirational Quotes


Pamatay na Banat and Mga Patama Love Quotes


Tagalog Long Distance Relationship Love Quotes


BARKADA TAGALOG QUOTES


“BAHAY KUBO HUGOT”


Vimeo 10.7.0 by Vimeo.com, Inc.


Vimeo 10.7.1 by Vimeo.com, Inc.