Поради ниските температури во целата држава, Комисијата за превенција на штетни ефекти од студени бранови и студено време, препорачува во понеделник и вторник (9 и 10 Јануари 2017 година) да се ослободат од работни обврски бремените жени и хронично болните лица над 60 годишна возраст. Препораките се однесуваат за целата држава со посебен акцент во регионите Осогово-Малешево(Берово, Пехчево, Виница, Делчево), како и Полошкиот регион (Тетово, Гостивар Кичево) со портокалова фаза.
Препорака за работниците на отворено, работните обврски да се спроведуваат во периодот од 10-16 часот со паузи на секој 2 часа со обезбедена топла просторија и топли напитоци.