Се обновува фасадата на Велешката болница. Очното и ушното одделение се веќе реновирани, на ред е одделението за интернистичката интензивна нега, рече министерот Тодоров, кој денеска ја посети болницата.
Очното и ушното одделение се веќе при крај и наскоро ќе бидат пуштени во употреба, а останатите градежни активности предвидено е да завршат до крајот на годината. Ова е особено важно, заради тоа што Општата болница во Велес освен што нуди услуги за велешани, таа го покрива и целиот регион, додаде Тодоров. За оваа намена се вложени 21 милион денари.