Република Македонија
Министерство за здравство
О Г Л А С
за искажување интерес
за работа во Проектна единица за имплементација на Проектот за реконструкција и доградба на јавните здравствени установи во РМ за следните позиции:
- Контролор на документи
- Инженер архитект
- Електро инженер – автоматичар/ електроничар
- Електро инженер
- Машински инженер
- Градежен инженер
- Специјалист за јавни набавки
Заинтересираните кандидати може да се пријавуваат до 10 септември 2016 година и за овие позиции потребно е да достават биографија (CV), мотивациско писмо, сертификат за познавање англиски јазик и останата документација, во архивата на Министерство за здравство (или по пошта на адреса: Ул.50 Дивизија бр.14), или на е-пошта marija.nikolovska@zdravstvo.gov.mk со НАЗНАКА – оглас за Проектна единица за реконструкција на ЈЗУ.