Современ апарат за хирургија на рамо, колено и рачен зглоб доби Клиниката за хируршки болести св. Наум Охридски. На одделот за трауматологија веќе успешно се оперирани двајца пациенти и истиот ден се пуштени дома. Со новиот ендоскопски систем се намалува времето на интервенцијата, а на мониторите лекарите имаат попрецизна слика. Чини 8 милиони денари. Вакви системи ќе бидат набавени и за одделенијата за дигестивна хириргија и урологија.
– Следи доаѓањето на уште три лапараскопски апарати, сличен на овој од најнов вид. Само четири вакви апарати фабриката има произведено и продадено. Овие апарати ги ставивме да бидат набавени порано и да бидат на услуга на лекарите и пациентите.
За центарот за изгореници во страта градска болница набавени се и 3 софистицирани кревети.
– Во Центарот за изгореници се донесени три стола, специјални кревети за третман на изгореници. Се очекува да се достават душеци и да се монтираат креветите, истакна д-р Јасминка Чабуковска, директор на Клиниката за хируршки болести св. Наум Охридски
Наскоро ќе почне и целосната внатрешна реконструкција на болницата.
– Договорот е склучен за реновирање, чекаме одобрението да излезе, ИЗИС даде мислење, сакаме се да биде според врвен стандард. Скопје е трусно подрачје и не смееме да дозволиме импровизација во тој дел и затоа треба да се направат дополнителни зајакнувања на статиката. Ако во јуни се добие градежната дозвола утредента ќе почне реновирањето, рече Никола Тодоров, министер за здравство.
Истакна дека операционите сали комплетно ќе се реновираат и болницата ќе добие комплетно нов лик внатре.
Груевски информира дека покрај реновирањето ќе се зајакне и статиката на зградата.
Додека трае реконструкцијата 4 месеци болницата нема да работи, а лекарите ќе бидат ангажирани во ГОБ 8 септември и во Клиничкиот центар.