Quantcast
Channel: Министерство за Здравство
Viewing all articles
Browse latest Browse all 597

Единаесет доктори на специјализација во Белград и во Загреб

$
0
0

Belgrad 11 specijalizacii foto 2Единаесет доктори ќе заминат на специјализација во Белград и во Загреб, каде што ќе ги усовршуваат знаењата и искуствата во седум различни медицински области – дигестивна хирургија, офталмологија, гинекологија и акушерство, анестизиологија, трауматологија, интерна медицина и општа хирургија.

– Десет доктори ги испраќаме на специјализација во Србија и една докторка ја испраќаме на специјализација во Хрватска. Ова е во рамки на политиката на Министерството за здравство за зајакнување на специјалистичкиот кадар во здравствените установи во Република Македонија, со тоа што одлуката е определен број специјализанти да ги испраќаме на специјализација во странство и тие да се вратат со знаења и искуство и веднаш да се вклучат во работата на здравствените установи, изјави министерот за здравство Никола Тодоров по работен состанок со специјализантите.

Општата болница во Прилеп ќе биде зајакната со тројца специјалисти и тоа една специјализација е обезбедена во областа на дигестивна хирургија и тоа ќе биде за првпат, имајќи предвид дека досега специјалистите се од областа на општата хирургија, еден специјалист е од областа на офталмологија со што сакаме дополнително да ја зајакнеме ова одделение и да се зголеми бројот на интервенции особено на хирургијата и фако методата.

– Ќе се овозможи целиот регион на Прилеп, Македонски Брод и околината да биде покриен со специјалисти од оваа област. Исто така и една докторка ќе оди на специјализација од областа на гинекологија и акушерство и дека покрај оваа специјализација од областа на гинекологија и акушерство имаат обезбедено дополнителни три специјализации и со нивно завршување и со враќање на овие специјалисти ќе биде зајакнато гинеколошкото одделение во Прилеп. Појасни дека овозможуваат од Клиниката за хирушки болести да се испрати специјализант, кој ќе специјализира од областа на ортопедија и трауматологија, од Општата болница во Охрид имаат две специјализации по општа хирургија со што сакаат да постигнат зголемување на бројот на хирушки интервенции кои се вршат во таа болница која има една од најсовремените здравствени инфраструктури и нова опрема и работиме на зајакнување на кадарот.  Belgrad 11 specijalizacii foto 1

– Во Општата болница во Струмица имаме две специјализации – едната од областа на интерна медицина, а другата од областа на гинекологија и акушерство. Во Клиничката болница во Битола двајца специјализанти ќе бидат упатени на специјализација по анестизија што е од исклучително значење имајќи предвид дека оваа специјализација е потребна и во делот на хирушките интервенции и хирушките одделенија и во делот на интензивното лекување.

Анестезиологијата е една од дефицитарните гранки на специјализации во Македонија, има недостиг на анестезиолози и ова е решение во таа насока.

Од 2012 година, досега, во Македонија имаме одобрено над 1.000 специјализации. Според него, тоа е огромна бројка, нешто што го немало во минатото. Укажа дека тенденцијата или интересот на Министерството за здравство е да овозможат секој лекар кој сака да специјализира, да може да специјализира односно да не се кочат лекарите во нивниот професионален развој, а со тоа и да се овозможат граѓаните да добиваат услуга поблиску до местото на живеење.

Докторите многу брзо ќе заминат на специјализација. Договорите се потпишани, решенијата се донесени. Од Министерството за здравство ќе им бидат обезбедени средства за стан, 500 евра во текот на месецот за одвоен живот и платата која ќе ја земаат тука.

Доктор Моника Самарџиоска од Општата болница во Прилеп изјави дека ќе оди на специјализација по офталмологија во Белград и изрази надеж дека ќе стекне добро искуство и ќе се врати со нови знаења од таа специјалност.

– Се надевам дека ќе можам да ја развијам офталмохирургијата во Прилепската болница и дека максимално ќе ја искористам оваа можност за една сработка меѓу Општата болница-Прилеп, Клиниката за офталмогија во Скопје и Клиниката за офталмологија во Белград.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 597

Latest Images

Trending Articles


Vimeo 10.7.1 by Vimeo.com, Inc.


KASAMBAHAY BILL IN THE HOUSE


Girasoles para colorear


Presence Quotes – Positive Quotes


Long Distance Relationship Tagalog Love Quotes


Love with Heart Breaking Quotes


Re:Mutton Pies (lleechef)


Ka longiing longsem kaba skhem bad kaba khlain ka pynlong kein ia ka...


Vimeo 10.7.0 by Vimeo.com, Inc.


FORECLOSURE OF REAL ESTATE MORTGAGE


FORTUITOUS EVENT


Pokemon para colorear


Sapos para colorear


Smile Quotes


EASY COME, EASY GO


Love Song lyrics that marks your Heart


RE: Mutton Pies (frankie241)


Hato lada ym dei namar ka jingpyrshah jong U JJM Nichols Roy (Bah Joy) ngin...


Letting Go Quotes


UPDATE SC IDOL: TWO BECOME ONE



Latest Images