Улогата на избраниот (матичен) лекар во системот Мој Термин е да ги упатува своите пациенти со користење на Е – упат до специјалист. Со тоа всушност, прегледите кај специјалистите ги закажуваат електронски, во точно определен термин, кај точно определен лекар. Сето ова, избраниот лекар го работи од софтверската апликација која ја користи за работа во својата ординација, а која за таа цел е прилагодена според насоките дадени од Министерството за здравство.
Матичниот лекар е должен да го закаже прегледот електронски и да го информира пациентот за следното:
- за деталите од закажувањето: кај кој лекар, во која установа, во кој термин (ден и час) е закажан прегледот
- за потребата од придржувањето кон закажаните термини
- доколку имаат потреба од откажување на веќе закажан термин, треба да се обратат кај матичниот лекар за тој да го откаже прегледот. Ова треба да се практикува само во исклучителни случаи, односно само кога има неопходна потреба за откажување.
За сите прашања и технички проблеми, матичните лекари може да се обратат на електронската адреса mojtermin@zdravstvo.gov.mk .
Видео – Мој Термин, Матичен лекар