03.04.2015
Известување,
Почитувани избрани лекари. Министерството за здравство ќе започне со исплата на патните трошоци на сите оние лекари кои патуваат од еден во друг град со цел да присуствуваат на обука. Потребно е да испратите барање на maticni@zdravstvo.gov.mk во кое е потребно да наведете:
1. Име и Презиме
2. ЕМБГ
3. Трансакциска сметка
4. Банка
5. Скенирани и прикачени сите потврди за обавени обуки.
Со почит,
Министерство за здравство
12.03.2015
Известување за матичните лекари кои не беа вклучени во досегашните списоци за едукација: Подолу се ажурираните списоци по групи (од 12 Март 2015 година), кои сега ги вклучуваат лекарите кои претходно не беа опфатени.
30.01.2015
Важно ИЗВЕСТУВАЊЕ до матичните лекари од СКОПЈЕ: Обуките по УРОЛОГИЈА за пунктовите 2,3,4 и 5 ќе се одржуваат СЕКОГАШ во УК за хируршки болести Св. Наум Охридски (стара градска)