
Биро за лекови
Почитувани,
Ве известуавме дека новата веб страна на Бирото за лекови е lekovi.zdravstvo.gov.mk
На веб страната може да ги пронајдете :
- Сите регистрирани лекови и генерички имиња во Репулика Македонија,
- Сите регистрирани аптеки во Република Македонија,
- Сите регистрирани веледрогерии и носители на одобренија во Република Македонија
Базите на податоци се директно поврзани со системот за национално закажување и евидентирање на интервенции MojTermin.mk , со базите на фондот за здравствено осигурување и базата на централниот регистар на Република Македонија. Со тоа поврзување ги добиваме последните информации за регистрираните лекови и регистрираните аптеки во Република Македонија.
Исто така министерството нуди БЕСПЛАТЕН сервис до сите програмерски куќи, аптеки и различни клиенти за повлекување на деталните податоци во врска со лековите.
Апликацијата се надградува секојдневно, и за сите забелешки околу истата Ве молиме пратете ги на lekovi@zdravstvo.gov.mk
Со почит,
Министерство за здравство.