Нема појава на заразни заболувања во поплавените региони во државата. Во моментов, водата за пиење не е безбедна во Штип, Пробиштип, Неготино, Чешиново-Облешево, како и во селските подрачја каде поради заматување и физичко-хемиска неисправност, по препорака на центрите за јавно здравје е забранета од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Во местата каде е забранета водата за пиење граѓаните се снабдуваат со спакувана вода или од цистерни за вода за пиење. Исто така, се дистрибуирани флаери со препораки за населението во поплавените подрачја преку центрите за јавно здравје, изработени од Институтот за јавно здравје, во соработка со Министерството за здравство.
Во флаерите се дадени препораки како да се зачува здравјето, како да се подготвува храна, како да се одржува личната и колективната хигиена, и како да се употребува водата за пиење
Треба да се пие само безбедна вода за пиење, онаму каде не е прогласено дека таа вода е забранета заради заматеност или физичко-хемиска или бактериолошка неисправност и да се почитуваат препораките за одржување лична хигиена и консумирање безбедна храна. Во овие подрачја каде има пластеници каде се произведува овошје и зеленчук и се препорачува добро да се измие со безбедна вода и потоа да се консумира, а кога ќе помине првиот бран ќе се направи дезинфекција на детските градинки, основните и средните училишта како и на здравствените установи.
Експерти од Институтот за јавно здравје и претставници од Министерството биле на терен и ги посетија поплавените области, Чешиново Облешево и битолскиот регион.
Во прилог е флаерот за последиците од поплави и како да се заштити здравјето на населението.Flaer-za-poloplavi