Quantcast
Channel: Министерство за Здравство
Viewing all articles
Browse latest Browse all 597

Поликлиниката Драчево со нов невролошки кабинет

$
0
0

poliklinika Dracevo foto1Во поликлиниката Драчево првпат е отворен невролошки кабинет, кој ќе биде во функција за околу 80.000 жители од населбата и околните села. Кабинетот почна со работа на почеток на оваа недела и веднаш се закажани термини за прегледи на пациенти во системот Мој термин.

- Ова е шести по ред специјалистички кабинет што го отвораме во поликлиниката во Драчево. Дел од кабинетите се отворени како резултат на проектот на Министерството за преземање на доктори од приватното во јавното здравство, истакна минстерот за здравство Никола Тодоров при денешната посета на поликлиниката.

Министерот потсети дека досега во поликлиниката се отворени и кабинети по интерна медицина, лабораторија, рендген, ОРЛ и психијатрија.

Директорката на Здравствен дом Скопје Татјана Баевска-Вучковиќ информираше дека дејностите што се отворени во последните две години во поликлиника Драчево се резултат на анализите од честите упатни дијагнози на граѓаните од матичните доктори како и од постепената ургентност.

- Со интерниот кабинет кога почнавме во 2012 година во една смена, а во 2013 во две семени, според националниот систем Мој термин дневно имаме по минимум 50 прегледи во двете смени. Во биохемиската лабораторија, која е тесно поврзана со работата на интернистичкиот кабинет и другите специјалистички дејности, во 2012 година имавме 10.000 пациенти кои се обратиле за услуга, а 2014 година ја завршивме со 18.500 пациенти кои се обратиле за лабораториска услуга која што е значајна за поставувањето на дијагнозата и третманот, рече Баевска-Вучковиќ.

Со комплетирањето на специјалистичките служби додаде дека е реализирана комплетна обработка на пациентите според местото на живеење и соодветно за следење на состојбата за натамошен третман


Viewing all articles
Browse latest Browse all 597