РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО
Со цел воспоставување соработка, како и зајакнување и унапредување на постојната соработка со реномирани здравствени установи и медицински центри во светот, Министерството за здравство објавува
ОГЛАС ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС
За ангажирање надворешен соработник на Министерството за здравство, за воспоставување контакти и развој на соработка со странски здравствени установи и еминентни доктори од областа на медицината.
Ангажираниот соработник треба да ги исполнува следните услови:
- Стекнато најмалку петгодишно работно искуство како доктор по општа медицина
- Одлично познавање англиски јазик, за кое треба да поседува соодветно признание (TOEFL или друга меѓународно призната диплома)
Ангажманот на соработникот ќе се состои од воспоствување контакти со реномирани странски болници, како и непосредни контакти со врвни доктори, со цел разгледување на можностите за нивно ангажирање за обука на македонските доктори.
Од соработникот се очекува да покаже исклучителни вештини на комуникација и менаџирање на професионалните контакти, што ќе резултира со склучување меморандуми за соработка со најмалку три здравствени установи месечно, како и воспоставување соработка со најмалку тројца еминентни доктори од земјите-членки на OECD, на месечно ниво.
Ангажманот вклучува посета и престој во странски држави, согласно потребите.
Заинтересираните кандидати можат да испратат кратка биографија (CV) и потврда за познавање на англиски јазик на адресата за контакт: dragana.ruseska@zdravstvo.gov.mk, најдоцна во рок од 10 дена од денот на објавувањето на огласот.