(Календар за прегледи во месец мај)
Кардиоваскуларните и респираторните болести се најчести заболувања кај населението како во светски рамки така и во Република Македонија.
Зголемениот крвен притисок ,зголемени маснотии во крвта, дебелината, дијабетот, неправилната исхрана, недоволната физичка активност, злоупотребата на алкохол и тутун се најчести ризик фактори за настанување на кардиовскуларните заболувања. Најзначајните ризик фактори за појава на незаразни болести, можат да се спречат и да се контролираат.
Превентивните прегледи за навремена контрола на крвниот притисок, телесната тежина, одредување шеќер и маснотии во крвта се битен елемент за навремено спречување на појава на кардиваскуларни заболувања.
Едукација на населението за потребата од навремени превентивни прегледи за контрола на соспственото здравје е битен фактор за рано откривање
Досегашни активности од Програмата “Здравје за сите”
Во Република Македонија прв пат во јуни 2007 година започна акција за бесплатни прегледи Здравје за сите која траеше 4 месеци. Акцијата се спроведуваше во 34 градови и во 30 рурални средини.Поради големиот интерес на граѓаните акцијата продолжи и следните два месеци. Прегледани беа околу 40.000 граѓани. Поради големиот интерес од следната 2008 година се донесе нова Програма Здравје за сите финансирана од буџетот на Република Македонија.. Програмата Здравје за сите на сите граѓани им дава можност да извршат бесплатен здравствен преглед, независно од нивниот статус на здравствено осигурување.
Програмата продолжи да се спроведува во 2008,2009, 2010, 2011 и 2012 година
Активностите се спроведуваат на прометни места, плоштади , пазари, трговски центар.
Од 2011 година се спроведуваат претежно во рурални средини , со цел приближување на здравствена заштита на лицата кои ретко посетуваат лекар, со посебен акцент на постари лица кои ретко посетуваат лекар, но и останатите ризични групи на население. На подрачјето на 15 здравствени домови идентификувани се 30 села кој што во зимскиот период најчесто се отсечени од магистралните и регионалните патишта поради снежни навеви, лавини, а во пролетниот период поради одрони и свлечишта.
Планирани се 240 посети во овие села со здравствен тим лекар, сестра и возач, како и снабнување на пациентите со терапија за кој е овластен стручно да ги ординираат тимовите од здравствените установи на подрачјето.
Активностите ќе се спроведуват во затворени простории привремени прилагодени за давање на здравствени услуги ,евентуално и во теренски амбулантски возила.
Во 30 села опфатени се околу 12.000 жители .
Во 20012 година активностите се спроведуваа и во рурални средини и во населени места. Посебен акцент беше посветен на 7-ми април Денот на здравството чие мото беше Здраво стареење. На 7-ми април акции за бесплатни прегледи беа спроведени во 34 Здравтвени домови на 38 пунктови. Само истиот ден во државата беа извршени околу 6.000 бесплатни прегледи. До крајот на 2012 година извршени се вкупно 11.000 бесплатни прегледи .
Од 2007 година до крајот на 2012 година над 120.000 лица направиле бесплатен здравствен преглед со совет за здрави стилови на живот здрава исхрана и физичка активност, дистрибуирани над 300.000 промотивни едукативни материјали.
Од извршените анализи на резултатите од здравствените прегледи кај поголем број граѓани беа констатирани отстапувања по однос на маснотии и гликемија во крв, отстапувања по однос на покачен крвен притисок или отстапувања во телесна тежжина (обезитас). Кај дел од нив забележан е еден ризик фактор, кај друг дел по два или три ризик фактори. Сите биле советувани за дополнителни прегледи кај својот матичен лекар и ординирање на соодветна терапија.
Согласно Програмата “Здравје за сите”за 2013 година планирани се акции за бесплатни здравствени прегледи во рурални средини и тоа за секој здравствен дом во Република Македонија по 1 акција на 2 месеци, ии во текот на годината секој здравствен дом да организира по 6 акции.
ПЛАН НА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТИТЕ
Од страна на Министерството за здравство, Здравствените домови се задолжени да подготват
- Календар со локалитети
Истиот да се објави преку локалните електронски медиуми за навремено информирање на граѓаните за денот и часот на превентивните прегледи во нивното место на живеење.
- Опрема за пунктовите за вршење на превентивните прегледи и тоа(тенди,банери,маси,столици, канти за отпадоци, вода, безалкохолни пијалоци)
- Апарати за анализа, ленти за одредување на шеќерот и холестеролот во крвта и ланцети
- Промотивен материјал во вид на флаери и давање на совети на следните теми:
„Како да го намалиме ризикот?”
„Дознај повеќе за холестеролот во крвта и ризикот по здравјето”
„Шеќерна болест (дијабет)факти и опасности”
„Појадувај и јади овошје и зеленчук секој ден”
„Препораки за високи температури”
“Физичка активност и здравје”
- Евидентен лист за индивидуалниот превентивен преглед, со содржината за антропометриските мерења за определување на индексот на телесна маса, мерење на нивото на шеќерот и холестеролот во крвта, и крвниот притисок.
Активностите на пунктовите содржат:
- бесплатни лекарски прегледи,
- мерење крвен притисок,
- телесна тежина и висина,
- одредување на шеќер и маснотии во крвта,
- При прегледите се даваат совети за грижа за здравјето, начин на исхрана, превенција од температурни влијанија.
- Резултатите од извршените мерења на граѓаните им се соопштуваат веднаш по мерењето.
- Активностите се спроведуваат на отворен простор, а за местото, денот и времето на спроведување на прегледите, наслението се известува преку електронски медиуми и месните заедници.
- Здравствените тимови за преглед се составени од лекар и две медицински лица ( сестра и техничар)
- Прегледите се вршат во периодот од 08-14 часот.
Предности кои ги овозможува пролетната акција
- Подигање на свеста кај граѓаните за потребата превенција и од контрола на сопственото здравје.
- Здравствените услуги се нудат поблиску до граѓанинот.
- Не е потребно посета кај матичен лекар за подигање на упат за лабораторија.
- Не се губи време за повторна посета на здравствена установа за добивање на резултат од лабораториски анализи.
- Услугите се бесплатни без плаќање на партиципација.
- Резултатот се добива веднаш.
- Можност за навремено откривање на ризици или пореметување на здравјето.
- Се добива совет за превенција на здравјето и брошури за здрав начин на живот.
- Чувството кај граѓаните дека заедницата се грижи за нивното здравје и превзема активности за подобрување на истото.